Мештаните од с.Бразда откопале древна црква, за чие постоење знаеле од предците!

Со одлука на црковниот одбор и без да се консултираат со друга институција, мештаните од село Бразда, на трет ден Божиќ почнале да ископуваат на местото на кое според кажувањето на нивните предци постоела извесна црква Свети Спас. Неколкудневниот ископ ги потврдил нивните информации што со децении се пренесувале од колено на колено, и ги покажал на видело контурите на светиот објект.
Иако непосредно до селото Бразда кое е дел од општина Чучер Сандево, се наоѓа ископината Археолошки парк за кој се претпоставува  дека е седиште на фараонски гробници, и изобилува со други археолошки наоѓалишта, сепак мештаните не очекуваат некој да ги прогласи за диви копачи.

Единствено желбата да се возобнови оваа древна црква е основната причина и мотив што ги натерале да почнат со работите на терен.

При досегашниот ископ нашле неколку предмети како крстови и кандила а во еден агол од црквата имало дупка, до која штом наишле го прекинале копањето и се со претпоставка  дека е гробница.

Но, жителите на Бразда досега не откриле ништо пишано што ќе укаже на тоа од кога датира објектот. Го нашле само овој камен крст и неколку помали плочи на кои имало елементи кои личеле на исламски знаци.Ова го потврдува и фактот што одма до црквата покрај христијански имало и гробишта од турско време. Кирил Пејковски се сеќава дека последните две три децении слушал оти доаѓале да се интересираат некои луѓе за црквата на местото Видране и дека се претставувале како Турци.

Мештаните од институциите досега се обратиле само кај  градоначалникот на Чучер Сандево, кој пак им кажал дека го информирал поглаварот на МПЦ Г.Г. Стефан , за нивната желба да се возобнови овој храм, и се надеваат дека многу скоро тоа и ќе се случи.

Полета најдолгиот авион на светот – Историски лет на Боинг 777X (ВИДЕО)

Boeing Co го започна денеска пробниот лет на 777X, најголемиот светски двомоторен авион, во време кога американскиот производител , кој е сериозно погоден од кризата со 737 MAX, ја засилува борбата против европскиот конкурент „Ербас“.

777X, поголема, поефикасна верзија на успешниот мини-џамбо Боинг 777, полета од  комерцијалната база во близина на Сиетл во 10:09 часот по локално време, бидејќи силните ветришта ја принудија компанијата двапати оваа недела да го одложи пробниот лет.

Директорите на „Боинг“ најавија дека летот ќе трае помеѓу 3 и 5 часа и дека тестирањето и сертификацијата ќе бидат потребни неколку месеци пред да започне со работа во Емиратите во 2021 година.

Боинг претходно објави дека неговиот најголем двомоторен авион, дизајниран за просечно 406 лица, ќе полета за прв пат на почетокот на 2020 година, при што првата испорака се очекува во 2021 година. Првично, првата испорака беше закажана за средината на 2020 година, што не е можно поради проблеми во изведбата.

Овој авион, долг 77 метри е значително поголем од неговите претходници 777-300ER и Ербас А340-600. Дури и малку подолг од претходниот рекордер 747-8, најновата верзија на авионот Queen of the Skies.

Поради својата должина, авионот е дизајниран да прими меѓу 400 и 425 патници, во двете класи. Бројот на места ќе варира во зависност од барањата на одредени авиокомпании.

Најдолгиот патнички авион на светот, „Боинг 777X“, беше официјално откриен минатиот март од Управниот одбор на „Боинг“ во главниот производствен капацитет на компанијата во Еверет, Вашингтон.

777X првично требаше да го изврши првиот тест лет минатото лето, но беше одложен до 2020 година, поради проблеми со моторите GE9X произведени од General Electric. Проблеми се појавија и во септември минатата година за време на последниот тест на оптоварување кога експлодира вратата на авионот.

Конечните тестови ги надгледуваат инспекторите на Федералната управа за авијација (ФАА) како дел од процесот на сертификација на авионите.

Седум кинески државјани се пренесени во болница во Москва , под сомнение од коронавирус

Седум кинески државјани биле пренесени од хотел во северна Москва во болницата за заразни болести под сомнение за акутна вирусна респираторна болест.

Претставник на брзата помош на руската престолнина изјави за Спутник.

„Седум кинески државјани се префрлени од хотелот„ Арт Војковска “во болница за заразни болести“, рече тој, додавајќи:„Тестовите се во тек и медицинскиот персонал чека резултати од прегледот“.

Експлодира цистерна среде населба во Перу , најмалку 13 загинати (ВИДЕО)

Во експлозија на камион кој пренесувал бензин до Лима загинаа 13 лица, соопшти денеска перуанското Министерство за здравство.

„Новиот број на жртви е 13 мртви“, изјави денеска портпаролката на Министерството, Моника Месан, додавајќи дека меѓу загинатите има и  пет деца.

Експлозијата на цисртерната се случи во четвртокот во предградието на главниот град на Перу, каде што  живеат околу 500.000 луѓе.

Несреќата се случила наутро додека луѓето оделе на работа. Причината била истекување на една цевка од камионот. Вкупно 13 пожарникари го гаснеле пожарот што избувна по експлозијата.

притисни ентер