Нетпрес: СДСМ повторно со сценарио за протести

Опозициската СДСМ, применувајќи силен притисок врз своето партиско членство, се подготвува да предизвика немири во Македонија, почнувајќи од протест кој наголемо се организира за в сабота - пишува Нетпрес.
Според Нетпрес , учесниците на протестите ќе бидат довезени во Скопје, главно од општините во кои е СДСМ на власт, поточно од Струмица и од Куманово. За трошоците биле задолжени приватни фирми, кои најчесто ги добиваат тендерите и јавните набавки во овие две општини.

Терминот на протестот, кој треба да се одржи наводно како собир на социјално незадоволни граѓани, е планиран намерно за во сабота , на  денот кога ќе се одржи конвенцијата за претседателски кандидат на владејачката ВМРО ДПМНЕ Главен организатор на планот, според извори на Нетпрес во опозицијата, е Миле Зечевиќ, кој во времето на влаедеењето на СДСМ, беше на чело на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Исто така со него во организацијата е вклучен и Кире Наумов, кој беше забележан од објективите на фоторепортерите на протестот на наводните стечајци, кој се одржа пред владата пред околу една недела. Неофицијалните информации велат дека во финансирањето се вклучени  и испоставите на Сорос во земјава, поточно во делот на трошоците за превоз на партиските членови кои треба да бидат донесени во Скопје, односно оние кои треба да настапат под превезот на стечајци и социјално загрозени граѓани.

Не се исклучува опцијата за време на протестот намерно да бидат предизвикувани инциденти, односно да бидат искршени возила, излози и друг имот. Според Нетпрес , партиска наредба од централата во Скопје добила буквално секоја општинска организација на СДСМ во Македонија. Секоја од нив требала да достави список со точен број на имиња и презимиња на лицата кои ќе патуваат во Скопје.

Меѓу општинските организации, кои добиле наредба да донесат најголем број на луѓе се Прилеп, Велес, Штип, Охрид и Битола. Досега, за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ организираше дузина вакви сценарија за немири и политичка дестабилизација во Македонија и постојано на протестите го користи своето членство кое го претставува според потребите на својата дневна политика. Па така членството на СДСМ глумеше стечајци, незадоволни земјоделци, незадоволни граѓани од изградбата на новите објекти и споменици во Скопје, и други разноразни социјално незадоволни граѓани. И во последниов пример СДСМ за сопствени политички цели сака да создаде турбуленции и напнатост во земјава, со цел дефокусирање на јавноста во Македонија од конвенцијата на владејачката ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот избор за кандидат за претседател, кој според досегашните анкети и рејтинзи е убедлив фаворит за нов претседател.





Станарите се вратија дома,смрдеата била од пелени

Градоначалникот на Скопје , Пегтре Шилегов вечерва изјави дека непријатната миризба во зградата во Аеродром била од пелени во станот 11 , каде живееле две постари жени. 

Станот број 11 ќе се дезифицира ,а миризбата и штипењето на очите кај дел од станарите било од амонијак од пелените , кои биле чувани во станот. Службите за социјална заштита вечерва биле кај жените , така што ќе го преземат случајот , рече градоначалникот на Скопје , Шилегов доцна вечерва.

Освен противопжарните екипи , Итнатат помош, инспекциите  и полицијата , вечерва во зградата пристигнаа и припадници на Армијатта од АБХ единицата , за да утврдат од каде доаѓа загадувањето и колку е опасно.

За среќа , изворот на непријатната миризба е најден и зградата е безбедна , така што околу полноќ сите станари се вратија во своите домови. 

Ахмети: На 30 септември гласаме за НАТО и ЕУ

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска порача дека на 30 септември се гласа иднината на оваа земја, ќе се гласа дали ќе имаме стабилна држава со развој и напредок.

- Бараме членство во ЕУ и НАТО. На 30 септември се гласа за Македонија, за иднината на оваа земја, изјави Али Ахмети, додавајќи дека ни останува да се мобилизираме 

На средбите со жителите од населбите Шуто Оризари, Бутел и Чучер Сандево, Ахмети беше придружуван од градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу, од поранешниот градоначалник на општина Чаир Изет Меџити и од пратениците Артан Груби и Ејуп Алими. 

Станари во Аеродром се евакуираа поради присуство на непознат гас

Поради остар мирис кој го отежнува дишењето вечерва беа евакуирани жителите од станбениот комплекс во ТЦ „Скопјанка“, во скопската Општина Аеродром.

На самото место се скопскиот градоначалник , Петре Шилегов , како и инспекциски служби , кои им се придружија на припадниците на Противпожарната бригада, на полицијата и на Итната помош.  

Таму е нашиот репортер Јован Ѓорговски.

притисни ентер