Седница на Уставен суд

Уставниот суд на Република Македонија денеска расправаше и одлучуваше за уставностa на одредби од три закони, за два подзаконски прописи и еден колективен договор.

Судот поведе постапка за член 213 в, став 3 од Законот за работните односи, со кој се предвидува враќање на пристапниците со кои се пристапува во членство на синдикатите по завршувањето на постапката за утврдување на репрезентативноста на синдикатот. Поведувањето е затоа што оваа одредба од став 3 беше во функција на став 2 од членот 213 в во кој се предвидува да се доставуваат и пристапници на членовите на сидикатот покрај список на членовите кои платиле чланарина. Во 2012 година членот 213 в, став 2 во делот пристапници на членовите е укинат, со што ставот 3 од тој член е без правен основ. Како таква одредба после укинувањето на ставот 3, Судот оцени дека не е во согласност со владеење на правото. Не е поведена постапка за член 213 в, став 2, алинеа 2 и за член 213 в, став 4 за кои одредби се однесуваат на постапката за утврдување на репрезентативност на синдикат и доказите кои се приложуваат во таа постапка. За овие одредби Судот не поведе постапка затоа што оцени дека таквите одредби се во функција на синдикалното организирање и дејствување определено во член 37 од Уставот на РМ.

Судот денеска расправаше за девет члена од Законот за високо образование, од кои за седум не поведе постапка, додека за два члена ја отфри иницијативата. Седумте одредби каде не е поведена постапка беа оспорени од аспект на повреда на уставната гаранција за автономија на високото образование, односно автономија на Универзитет. Судот не поведе постапка затоа што законските одредби се во фунција на остварување на автономијата на универзитетот. Двата члена 87 А и 99 се отфрлени затоа што за тие одредби Судот веќе се прознел во февруари 2013 година.

Судот ја отфли инцијативата поднесена за оценување на уставноста на одредбите од Законот за социјална заштита член 2, став 1 и член 22, став 2 затоа што утврди дека во инцијативата не се изнесени причини поради кои се оспорува едната одредба од Законот и со оглед дека утврди покренување на прашање за неусогласеност на една одредба од Законот со друга одредба од Законот, а што не е во надлежност на Уставниот суд.

Судот денеска расправаше за две одлуки на Регулаторната комисија за енергетика во врска со цената на вршење на дејноста снабдување со топллинска енергија од „Балкан енерџи“ донесена во февруари 2013 година и друга одлука донесена во јули 2013 година. Судот ја отфрли иницијатаивата во однос на одлуката донесена во февруари 2013 година затоа што утврди дека тој акт престанал да важи со донесување на одлуката од јули 2013 година. За втората одлука не поведе постапка затоа што со неа се разработуваат одредбите од тарифниот систем за испорака на топлинска енергија.

За Колективниот договор на воздухопловната навигација МНАВ донесен во декември 2012 година Судот расправаше за уставност и законитост на 12 члена од тој договор. За три члена Судот поведе постапка, за седум не поведе постапка и за два ја отфрли иницијативата. Поведена е постака за член 7, со кој се предвидува пополнување на слободни работни места да се врши врз основа на интерен оглас иако според член 22 од Законот за работни односи пополнувањето на слободните работни места може да се врши само преку на јавен оглас. Судот поведе постапка и за член 46, став 5 каде утврди дека се предвидува со таа одредба, коефициентите за платите за различните звања да се дефинираат во анекс на колективниот договор кој е службена тајна иако според член 232 од Законот за работни односи колективните договопри се јавни и нивните делови неможат да бидат утврдени за тајни. Поведена е постапка за член 116, став 1 и 4 кој се однесува на тоа кои лица на репрезентативните и нерепрезентативните синдикати на МНАВ имаат право на заштита за нивните синдикални активноси каде се определува само двајца претставници од репрезентативните синдикати да имаат таква заштита и по еден претставник од нерепрезентативните синдикати. Судот поведе постапка затоа што утврди дека во членовите 199 и 200 од Законот за работни односи нема ограничување на бројот на претставниците на синдикатот кои имаат право на заштита за нивната синдикална активност ниту пак постои групирање на синдикатите на репрезентативен и репрезентативен.

Бебе од речиси една година плива и нурка како професионален ватерполист (видео)

Снимка што го одзема здивот.

„Таа веќе излегува од вода со сиот сјај на познатите спортисти“!

Во првите месеци од животот, бебињата инстинктивно рефлексно ја затвораат устата и го задржуваат здивот кога ќе се најдат под вода. Овој рефлекс се нарекува „рефлекс на пливање“ и им помага да преживеат во вода. Сепак, бебињата не нуркаат свесно како возрасните. Ако бебето случајно заврши под вода, неговиот природен рефлекс ќе го заштити од голтање вода.

Според експертите, бебињата би можеле да почнат да тренираат пливање некаде помеѓу четвртиот и шестиот месец, но тоа може да варира во зависност од индивидуалниот развој на детето и препораките на педијатарот. Важно е родителите да се консултираат со педијатар за да се уверат дека нивното дете е подготвено за оваа активност. Часовите по пливање за бебиња можат да бидат корисни за развивање на моторичките вештини, самодовербата кога се во водата и за јакнеење на врската помеѓу родителот и детето, бидејќи неретко еден од родителите е во вода со бебето.

Едно видео на кое едногодишно девојче плива, нурка, и стои на рацете од својот татко додека позира стана многу популарно. Но, начинот на кој тоа го прави е идентичен со оној на возрасните пливачи кои професионално се занимаваат со пливање.

Бебето без капа и очила за пливање стои на рацете од својот татко и скока главечки во базенот. Таткото кој е тренер, ни за момент не ѝ ги пушта нозете. Малото девојче се нурнува и потоа излегува плескајќи со рачињата. Потоа, грациозно застанува на рацете од својот татко, одржувајќи совршена рамнотежа и позира, па продолжува одново.

Снимката освоила 1.148.000 „лајкови“ на Инстаграм и мноштво коментари.

- Ми се допаѓа како си аплаудира секој пат кога ќе излезе од вода.

- Ова бебе страшно ме инспирира! Малите деца се толку слободни и амбициозни што би требало да учиме од нив како да ја прифатиме таа бестрашност и да се соочиме со препреките во зрелоста.

- Таа веќе излегува од водата со сиот сјај што го имаат познатите спортисти!

- Има целосна доверба во својот татко!

- Најубавото видео за пливање што сум го видел – коментираат корисниците на Инстаграм.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

притисни ентер