Беше Мис на светот пред 30 години, очекува прво дете на 50!

Астрид Каролина Херера од Венецуела, Мис на светот во 1984 година, го очекува своето прво дете на 50 годишна возраст. Многумина се загрижени за неа но таа во шестиот месец од бременоста е пресреќна - вели дека никој не треба нејзината бременост да ја третира како болест!

Астрид е се уште убава, а сега има и дополнителна причина да свети - го очекува своето прво дете!

Откако пред 30 години беше прогласена за најубава девојка на светот таа имаше успешна кариера на актерка во латиноамериканските теленовели.

Ова е Астрид кога беше избрана за Мис во 1984.



А ова е Астрид денеска.




Таа забременила во петтиот обид со вештачко оплодување. Смета декa и се случило прекрасно чудо!

Веста ја објави во ноември минатата година кога влезе во вториот месец на бременоста, со голема насмевка од насловната на ОК! со признанието: Јас сум бремена!


astrid3 La maternidad le llegó a Astrid Carolina Herrera a los 50 años: Hoy Dios me bendice de la manera más hermosa

- Уште еднаш Господ ја покажа својата великодушност. Ти благодарам Боже! - напиша тогаш убавата Астрид на Твитер.

Познати нови информации за автомобилот вреден 17 милиони евра (ВИДЕО)

Иако со цена од речиси 17 милиони евра стана најспак автомобил на светот , новиот Бугати La Voiture Noire нема класичен мотор , а и кабината и натаму е празна.

Кога Ролс Ројс го претстави Sweptail и информира дека ќе чини 11,5 милиони евра , никој не веруваше дека набргу ќе се појави поскап автомобил. Бугати во Женева го претстави својот La Voiture Noire, вреден 16,7 милиони евра. Но , цената не е фуиксна , зашто таинствениот купувач допрва се сдоговараз а развој на авотмобилот. Рокот на испорака е две и пол години , а за тоа време од компанијата најавуваат завршување на моделот.

Во Женева бил претставен само костурот , додека најскапиот автомобил се уште нема мотор , ниту внатрешни елементи.

,,Тој автомобил не е готов. Само што почнавме со конструкцијата пред половина година, нашиот клиент го прифати предлогот. Автомобилто ќе биде испорачан по две и пол години.Да , дизајнот не е довршен. “ , портврди и портпаролот на Бугати, Тим Браво.

За сега се знае само дека во автомобилот нема да биде вграден моторот V16 од Хирон со 1500 КС, туку електромотор.

НАСА нуди хонорар од 14 000 фунти за 60 дена лежење во кревет

НАСА нуди хонорар од 14 000 фунти за сите оние кои се подготвени да учествуваат во експеримент со цел да се дознае како бестежинската состојба влијае на човековото тело.

,,Резултатите од студијата ќе им помогне на научниците да развијат ефективни превентивни мерки , за да им се помогне на космонаутите кои се наоѓаат во вселенските станици.” соопштуваат од НАСА. Иако изгледа лесен , тестот Artificial Gravity Bed Rest Study  бара од учесниците доста напор.

За 14 000 фунти хонорар треба да се издржи експериментот што трае вкупно 89 дена. Дури 60 дена учесниците во експериментот ќе минат во кревет. Положбата на главата ќе им биде пониско за 6 степени од положбата на нозете.

Во текот на тиое 60 дена , сите активности , меѓу кои туширање и вршење нужда , ќе се извршуваат во лежечка положба. Учесниците во тестот секој ден ќе минуваат по 30 минути во т.н. човечка центрифуга , апарат што симулира гравотација.

НАСА сега бара здрави волонтери од женски пол стари од 24 до 55 години , а елспериментот почнува во септември годинава во центарот на НАСА во Келн, Германија.

Астон Мартин ја преработи својата најнова спортска лимузина (ВИДЕО)

Астон Мартин на своите потрошувачи им нуди преработена верзија на новиот Вантаж со јачина од речиси 700 коњски сили.

Германскиот производител е подготвен да ја зголеми силата на АMG моторот М177 4.0 V8 од почетните 510 Кс и 685 Нм на 671 Кс и 820 Нм. , што го става овој модел на ниво на DBS Superleggere .

Станува збор за т.н. Stage Three комплет , што вклучува поголеми турбини, нов ауспух и надградба на софтверот. По ваквата преработка Вантаж од 0-100 км/час стигнува за 3,3 секунди , а достигнува максимална брзина од 330км/час.

притисни ентер