Руски професор со компаративна анализа меѓу македонските и руските избори

Преку споредбена анализа на изборниот процес во Македонија и во Русија, професоторот Димитар Селцер дошол до сознанија дека кампањите може да се водат и преку Интернет. Сепак, најдобри резултати во Русија покажале непосредните контакти на политичарите со избирачите.
Интернетот никогаш во потполност не ќе ја замени таканаречената жива, непосредна, комуникација на политичарите со граѓанинот, од кого очекуваат да им дадат легитимитет за место во законодавниот државен дом, или, извршување на една од највисоките државни раководни функции. Иако во овој и претходните два изборни циклуси, модерната телекомуникациска технологија со можноста јавно преставување на политички субјект да се следи и од дома, за познатиот политиколог и редовен професор на руската Академија за мегународни односи и политика, Димитар Селцер, тет а тет сребите се незаменливи.

- Длабоко сум убеден, дека и покрај највисокиот технолошки дострел во комуникациите, интернетот никогаш не ке може да ја замени живата комуникација на релација политичар-граганин. Иако, интернетот недвосмислено дава огромна предност во вид на заштеда во време за остварување на комуникацијата, сепак блиските непосредни средби се тие најважните кои влијаат во одлуката граганинот да ја даде на гласачкото место. Затоа, во Русија, политичките парии ја практикуваат формата од врата до врата, каде во директна средба со граганите ги убедуваат во нивните намери за подобро место во руското политичко миље, смета проф. д-р Димитар Селцер – редовен професор на Академија за мегународни односи и политика – Русија.

Во основа, за рускиот политиколог, митинзите како форма на општење на политичарите и електоратот, секаде низ светот, а со тоа и во Македонија се исти, но организациона структура, во секоја држава им е различена.

- Постојат два основни постулати за митинзите. Митинзи каде лугето одат со цел навистина да ги слушнат што политичарите имаат да кажат и какви пораки да им пренесат, но од партиите се практикува и формата, на вакви форми на комуникација со електоратот, да се носат свои партиски членови, кои ке дадат лажна слика дека наводно тоа се обични грагани. Оваа форма е најизразена во државите со еднопартиски систем, оцени Селцер.

По  утрешниот изборен ден, ќе ја дадам мојата оценка за овој изборен процес во Македонија, оцени денеска професорот, најавувајќи го завршувањето на своето неколку годишно истражување во вид на споредбена Анализа на досегашните изборни циклуси помегу Македонија и Русија. Селцер е еден од 140 научни дејци од пет европски земји, кои презентираат 121 труд од три области, Политикологија, економија и психологија, на петтата научна конференција Исток-Запад што се оддржува викендов на Славјанскиот универзитет во Свети Николе.

Протест во Романија против измените на Законот за правда

Низ цела Романија протестираа судските службеници против измените на Законот за правда.

Измените во Законот биле донесени со итен декрет од Владата , што го довело во прашање почитувањето на владеење на правото. За следната недела штрајк и проптести најавуваат и обвинителите.

Владиниот декрет на предлог на министерот за правда Тудорел Тоадер го менува начинот на избор на државните обвинители и ги отстранува повеќето надзорни органи задолжени за општинските судови.

ЕУ и американскиот Стејт Департмент веќе оценија дека со оваа измена се нарушува независноста на правосудството и владеењето на правото.

Во Хрватска продаваaт магла и тоа во тегли (ФОТО)

Во хрватскиот град Карловац се продаваат тегли со магла , што се нудат како сувенир.

Во пордавниците за сувенири во карловац почна продажбата на теглички со магла за 20 куни (2,69 евра) . Авторката на сувенирот Морана Рожман гарантира дека во секој тегличка од 450 грама има 100% магла од Карловец.

Вели дека не е многу оригинален производ , зашто во Лондон со децении се продава спакувана магла , но е изненадена од интересот.

Рожман вели дека поради четирите реки , во Карловец има доволно магла и за да остане и за да се продаде.

МНР објави прирачник за медиуми за употреба на новото име

Министерството за надворешни работи на својата веб страница објави прирачник за медиумите за употреба на новото име, Република Северна Македонија, согласно Договорот од Преспа.

Официјалното име, како што се наведува во прирачникот, е Република Северна Македонија, скратено Северна  Македонија.

Националноста (државјанството) е македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, официјалниот јазик е македонски јазик, кодовите се МК и МКД, а придавката македонски се употребува во однос на етничкиот и културниот идентитет, јазикот, историјата, културата, наследството, територијата и останатите атрибути.

Овие термини во тој контекст се сосема различни во однос на оние кои се користат за означување на регионот Македонија во Грција.

Во прирачникот се наведуваат примери за точна и неточна примена на придавката.

Правилно: македонски етнички идентитет, македонски јазик, македонска култура, македонска територија, македонски граѓани, македонска историја, македонски планини, македонска литература, македонско кирилско писмо, македонска храна, македонски цркви…

Неточно: придавки како „северно македонски", „с. македонски" и „северномакедонски".

Во прирачникот се дава појаснување и за употребата на придавката во однос на државата, нејзините органи, јавни и приватни институции и се што е поврзано со државата, основано согласно закон и финансирано од државата за активности во странство. Придавката тука треба да гласи „од Република Северна Македонија" или од „Северна Македонија".

Правилно: Влада на Република Северна Македонија, претседател на Северна Македонија, министер за надворешни работи на Република Северна Македонија, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј" на Северна Македонија.

Неточно: „северно македонски", „македонски", „с. македонски" и „северномакедонски".

Во однос на активностите, придавката може исто така да гласи „македонски".

Правилно: македонска економија, здравствениот сектор на Република Северна Македонија, македонска уметност, македонска музика, македонско земјоделство, македонска артихтектура, прехранбена индустрија на Северна Македонија.

Неточно:  „северно македонски", „с. Македонски" и „северномакедонски".

притисни ентер