Граѓани од Косово масовно купуваат имоти во Скопје, Тетово и Гостивар

Масовното иселување на Албанци од Косово, повод повеќе македонски портали да тврдат дека косовски граѓани на големо купуваат имоти во Тетово, Гостивар и во Скопје.
Притоа размислуваат за преселување во Македонија поради лошата економска и политичка состојба во Косово.

Неколку агенции за недвижности потврдуваат  дека последниве неколку месеци постои зголемена побарувачка за станови.

Оние со подлабок џеб не прашуваат за цена и купуваат имот на атрактивни локации, додека оние посиромашните се одлучуваат за приградските населби во градовите.

Речиси 80 проценти од новоизградените станови во Тетово и во Гостивар се купени од лица од Косово.

За квадрат плаќаат и по седумстотини евра. Покрај станови се купуваат и куќи, но нивната цена е многу повисока – велат од фирма од Гостивар која гради станови во полошкиот регион.

Куба на референдум – капитализам или социјализам

Над 8 милиони Кубанци утре излегуваат на референдум за новиот Устав , кој и покрај измените , го задржува социјалистичкото уредување на државата.

Новиот Устав на Куба би требало да го замени оној од 1976 , во кој ќе се признае приватната сопственост и странски вложувања. Граѓаните ќе треба да одговорат на прашањето ,,Дали ќе го ратификувате новиот Устав на Републиката”.

Власта , предводена од претседателот Мигел Дијаз Канел лобира како никогаш до сега за одговорот ,,да” , со реклами на сите ѕидови , автобуси , во медиумите и на социјалните мрежи.

Опозицијата , пак ги повикува луѓето да гласаат ,,не”. Според анкетите , 70 до 80 проценти од граѓантите се за измени на Уставот , а првите резултати ќе бидат познати в понеделник попладне.

Над 100 возила изгореа на аеромитинг (ВИДЕО)

Над 100 возила изгореа за време на одржувањето на авиомитингот во близина на индискиот град Бангалуру.

Возилата биле на паркингот , кога избувнал силен пожар , предизвикан најверојатно од цигара. Поради сувата трева и силниот ветар , пожарот набргу ги зафатил возилата , во кои за сега се наведува дека немало никој.

Сопствениците на возилата го следеле аромитингот ,,Аеро Индија 2019” , кој неколку дена се одржува на аеродромот во близина на Бангалуру.

Сплит на удар на ветришта на столетието (ВИДЕО)

Во хрватскиот град Сплит утрово во 4 часот е измерена најголема брзина на ветрот , што предизвика паѓање на дрвја и покриви.

Утрово во 4 часот во Сплит е измерен најсилен удар на бура во историјата на метеоролошките мерења од 176 км/час. Просечна брзина на ветрот беше 118 км/час , што предизвика откорнување на големи дрвја и покриви. Солни удари на веторот се забележани и во Макарска и Дубровник со брзина од 152км/час.

Полицијата соопштува дека имало голем број пријави од граѓаните , биле блокирани улици и патишта поради искорнати дрвја ,кои паѓале врз паркирани возила,  а пожарникарите работеле цела ноќ .

На подрачјето се случиле и осум големи пожари , што се разгорувале од ветрот. Поради силните ветришта дел од главните патишта се затворени за сообраќај , а на дел е дозволен сообраќај само на автомобили.

притисни ентер