Туристи од Ниш потешко повредени во сообраќајка во Охрид

Три лица се тешко повредени во две сообраќајни несреќи што утрово се случија во охридско.
Годишниот одмор се претвори во семејна трагедија на семејство од Србија.

Туристите од Ниш кои доаѓаа на одмор во Охрид  излетаа од патот Охрид –Кичево., кај селото Сливово.

Родителите се тешко повредени и згрижени во специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо а нивното петгодишно дете за среќа е надвор од животна опасност. И втората сообраќајка во која е тешко повредена една средовечна жена се случи кај село Сливово.

Според полициската статистика оваа сезона нема сообраќајки со жртви.

-Во текот на овој месец во Охрид не се забележани  сообраќајни незгоди со жртви за разлика од истиот период лани кога во Охрид се забележани  три сообраќајни незгоди со четири жртви. Сметаме дека сите овие средби кои имаат превентивен карактер вродуваат со плод, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Републичкиот и општинскиот совет за безбедност во сообраќајот во Охрид ќе водат силна кампања за безбедно лето за охриѓани и туристите.

-Сакам да апелирам до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи  особено да  внимаваат на ограничувањето на брзината и да не управуваат моторно возило под дејство на алкохол ,вели Стојче Стаменкоски претседател на Републичкиот совет за безбедност на патиштата.

-Во општина Охрид од неодамна се формира општинскиот  Совет за безбедност  во насока на организирање на еден непречен  и безбеден сообраќај и почитување на сообраќајниот режим , истакна Никола Бакрачески градоначалник на општина Охрид.

Тесните улици и големиот наплив на возила во лето предизвикуваат сообраќаен метеж.

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата донираше одбројувачи за семафори , а наскоро и  нови семафори кои ќе бидат поставени на најкритичните точки во Охрид.



Трамп: Оставката на Моралес е значаен момент за демократијата

Претседателот на САД Доналд Трамп рекол дека оставката на претседателот на Боливија Ева Моралес е значаен момент за демократијата во западната хемисфера.

„За еден чекор сме поблиску до целосна демократска, напредна и слободна западна хемисфера“, рекол претседателот на САД.

Трамп рекол дека САД им аплаудира на народот во Боливија затоа што се избориле за слобода и на војската која ја почитува заклетвата дека ќе го штити Уставот на својата земја.

Тој рекол дека Боливија пратила силен сигнал на Венецуела и Никарагва дека демократијата и желбата на народот секогаш преовладуваат.

Моралес вчера поднесе оставка откако војската го повика да го направи тоа по повеќенеделните протести предизвикани од спорните изборни резултати.

Макрон го пречека Претседателот Пендаровски

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски беше пречекан во Париз од страна на Францускиот претседател Емануел Макрон.

Претседателот Пендаровски на Фејсбук објави фотографии од ракувањето со Марон.

„Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата во пресрет на Парискиот мировен форум, на покана на францускиот претседател Емануел Макрон, заедно со шефовите на држави и учесници на Форумот, на кој ќе дискутираме за потребата од заеднички решенија за справување со глобалните предизвици“, напиша Пендаровски во објавата.

Инаку официјалната средба на Макрон и Пендаровски е закажана за утре.

Димкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги понижи земјоделците

СДСМ се грижи, само минатата година 424 млади земјоделци користат грант од 10.000 евра

Откако СДСМ ја презеде одговорноста се соочи со громорозна слика во земјоделието. ВМРО-ДПМНЕ на принципот во четири и очи и прв дојден-прв услужен ги делеше неправедно субвенциите и доделуваше неповратни грантови. Наместо кај вистинските земјоделци, ги понижи земјоделците. Со СДСМ има неселективност и секој земјоделец има фер и еднаква шанса - рече членот на ЦО на СДСМ и Министер за земјоделство, водостапнство и шумарство, Димкоски, на граѓанската трибина на СДСМ „На прав пат" во Свети Николе.

Димкоски потенцираше дека само минатата година 424 млади земјоделци користат грантови од 10.000 евра и дека веќе во Собранието е поднесен предлог за зголемување на субвенцијата на млад земјоделец од 10.000 евра на 20.0000 евра.

притисни ентер