Медиуми - политички непријатели за Заев!?ОБНОВЕН

Медиумите најголеми политички непријатели на опозицискиот Социјалдемократски сојуз.
Лидерот Зоран Заев прашан дали неговата партија ќе прифати Закон за медиумите како што се практикува во некоја европската земји и зошто и покрај декларациите дека тие се за независни и слободни медиуми продолжуваат да ги навредуваат медиумите и на нив гледаат како политички непријатели одговори:

„Во моментов став на СДСМ и мој личен став дека поголем политички непријател за нас како опозиција се медиумите како што се Сител, Канал 5, Алфа телевизија, Дневник и Македонската радио телевизија. Вие не се политички непријатели, вие сте медиуми коишто меѓу другото се финансирате и од пари на граѓаните, тоа се мои пари и ваши пари и на опозиционери и на поддржувачи на власта“, вели Заев.

Медиумите кои Заев ги нарече најголеми непријатели побараа итна средба со амбасадорите кои се вклучени во преговорите за реформи во медиумите.

„Згрозени од денешната изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој ги нарече нашите медиуми најголеми политички противници бараме итна средба на која што ќе ги изнесеме нашите ставови во врска со грубиот напад и навреда која што доаѓа од политичка партија која во претходните изјави на нејзини високи претставници се залага за деполитизација и европеизација на медиумскиот простор. Воедно бараме императивно да прекинат преговорите за Законот за медиуми се додека актуелната владејачка гарнитура во редовите на СДСМ ја врши оваа функција“, се вели во барањето од петте медиуми.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селамани вели ова е несериозна изјава на Заев и нему не му е работа да дава квалификации како медиумите работат. Меѓутоа, вели Селамни,  прашање е на луѓето во опозицијата, на членовите и симпатизерите на СДСМ „Дали Зоран Заев ќе им биде лидер или некој друг“?

Македонската асоцијација на новинари најостро го осуди легитимирањето на медиумите како политички непријатели, побараа СДСМ да се огради од изјавата на Заев и негова смена, во спротивно најави бојкот на активностите на СДСМ. И Европската комисија со став за изјавата.

„Нема да коментираме индивидуални изјави, но знаете добро дека ние ја поддржуваме слободата на медиумите и ние работиме со многу земји во светот, вклучително и со БЈР Македонија за ова прашање. Исто така, ја знаете последната состојба, бидејќи ја презентиравме во прогрес-извештајот“, посочи Коцијанчич.

Новинарот Васко Ефтов ја коментира изјава на Заев како несреќна, но со цел да обезбеди алиби за пораз што најверојатно СДСМ ќе го доживее на следните избори.

За ВМРО ДПМНЕ изјавата на Заев ги откри намерите зад тоталитарниот предлог на СДСМ на Законот за медиуми.

„Мултимилионерот Заев и СДСМ денес ги открија намерите зад тоталитарниот предлог на Законот за медиуми. За Заев и СДСМ медиумите биле нивни непријатели и затоа партијата одлучила дека треба да се пресмета со нив. Ова однесување на СДСМ и Зоран Заев е срамно, крајно недолично, недемократско, спротивно на сите европски стандарди и конвенции за слобода на изразување и слобода на информирање“, вели Александар Николоски, ВМРО ДПМНЕ

Изјавата на Заев доаѓа во момент кога се водат преговори за тоа како во иднина и пред се’ во пресрет на априлските избори ќе биде регулирана медиумската сфера. Информациите кои беа објавени деновиве говорат дека СДСМ на преговорите сака да издејствува законски решенија со кои ќе може да има контрола над медиумите. СДСМ бара десеткратно зголемување на казните за медиумите како и директорот на Агенцијата, кој ќе биде назначен по нивен предлог, да може самостојно да одлучува околу  одземање на лиценцата  на некој од медиумите. 

СДСМ:Нови 100.000 работни места и пад на невработеноста под осум отсто до крајот на новиот мандат

​За помалку од три години, преку одговорни и успешни економски политики СДСМ успеа да ја извади државата од финансискиот колапс во кој беше заглавена.

Денес, официјалните податоци го  потврдуваат сериозниот  исчекор на економски план.

Платите растат во сите сектори, имаме рекордно високи странски инвестиции, невработеноста е на историски минимум од 17.1 отсто, а животниот стандард расте.

Токму, досегашните економски политики отвораат простор за уште поголем раст.

Затоа, во следните четири години мандат СДСМ го подготвува досега најголемиот скок во  македонската економија.

Следува рекордна невработеност и рекорден раст на платите. Преку  мерки и политики со кои Северна Македонија станува земја со ниска невработеност, држава во која платите растат брзо во сите сектори.

Затоа во новата програма СДСМ  предвидени  суштински и реални мерки и политики.

До крајот на мандатот, до 2024 година, планирани се нови 100.000  работни места. Затоа што ако можеше за 2,5 години да се отворат нови  60.000 работни места, за полн мандат од 4 години реални се шансите да се отворат 100.000 нови работни места.

Овие политики ќе донесат пад на невработеноста под 8%, односно под 20% кај младите.

Денес стапката на невработеност изнесува 17,1 кај општата популација и 35 отсто кај младите и е сериозно намалена во споредба со 2017 година.

СДСМ беше и останува на страната на интересите на граѓаните. Тоа го потврди со бројните мерки за само 2.5 години. За следните 4 години со уште позасилено темпо, со нови и подобри можности за сите граѓани.

Затоа на 12 април ќе победат политиките на Социјалдемократскиот сојуз кои нудат напредок и просперитет и за државата и за сите граѓани.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Да се почитуваат препораките за заштита од коронавирусот, се чека лабораторискиот резултат за возачот на комбето

Граѓаните треба да ги почитуваат препораките за заштита од коронавирусот, а тие кои имаат симптоми да се јават на телефонските броеви на здравствени служби. 

Дел од препораките опфаќаат задолжително и често миење на рацете со сапун и вода и тогаш кога не се видливо нечисти или да се користи чистач за раце што содржи алкохол, а при кашлање или кивање да се заштитат устата и носот со марамче или со дланката. По употребата марамчињата да се фрлаат во затворени канти, а при кашлање или кивање, како и при грижа за болни, задолжително да се мијат рацете…

Засега единствена заразена со коронавирус е веќе хоспитализираната пациентка на Клиниката за инфективни болести во Скопје, која со комбе допатува од Милано во државава. Таа се чувствува добро, и според лекарите, како што информираше министерот за здравство Венко Филипче, веќе влегува во фаза на оздравување.

Во соба за изолација во Општата болница во Струмица од вчера е возачот на комбето со кое допатува од Италија заразената, а кој сам пријавил дека има симптоми на кашлица и болки во градите.

– Земени се материјали за анализа и тие во следните часови ќе бидат изработени во лабораторија во Скопје, по што ќе ја информираме јавноста. Тој бил сам дома, немал контакти ниту со семејството и сам ја контактираше нашата служба. Кога ќе стигнат резултатите ќе одлучиме каде ќе се лекува. Доколку резултатот е негативен ќе продолжи да се лекува во Инфективното одделение таму, не во изолација, а доколку е позитивен ќе се префрли во Инфективната клиника во Скопје, истакна Филипче.

Единаесет лица од кои две деца кои биле во контакт со пациентката која е на Инфективната клиника, се во домашна изолација. Извршени беа тестирања за коронавирус на неколку луѓе, вратени од Италија, чии резултати беа негативни.

Министерот Филипче смирува дека нема простор за паника, будно се следи ситуацијата од страна на експертите епидемиолози од Комисијата за заразни болести. – Во секој момент сме спремни одлуката да се надгради, да се воведе нешто друго доколку треба и на истиот начин и за викедот ќе продолжиме да ја информираме јавноста за се што се случува, рече Филипче.

Останува во сила препораката компаниите и институциите да не им дозволуваат на оние вработени кои периодов биле во Италија, да доаѓаат на работа бидејќи тие прво мора да минат 14 дена во домашна изолација – период колку што трае инкубацијата на вирусот, како и препораката да не се патува во земјите каде има епидемија, без некоја поголема потреба.

Владата вчера препорача откажување на поголемите јавни собири, спортски настани и забавни и културно-уметнички манифестации до 6 март со цел превенција на ширење на коронавирусот.

Препораката на Владата се однесува на поголемите јавни собири кои се планирани во овој период, како што се Струмичкиот карневал, Карневалот „Прочка" во Прилеп" и сите слични. Владата им препорачува на организаторите на спортските настани, натпреварите во утврдениот период до 6 март да се играат без публика. Истата препорака на Влада се однесува и на сите други поголеми забавни и културно-уметнички манифестации, соопшти владината прес-служба.

Владата препорача сите организатори на други јавни настани своите одлуки да ги донесуваат врз основа на консултација и мислење на Комисијата за заразни болести, а ги задолжи Пазарната инспекција и Агенцијата за лекови и медицински средства да направат увид и контрола на залихите на заштитните средства за заштита од пренесувањето на вирусот во аптеките и доколку утврди неосновано зголемување на цените да преземе мерки соодветно за законските прописи и овластувања.

Владата го задолжи МВР до наредната седница да достави информација како се спроведуваат мерките што ги одреди Кризниот штаб. Еден од заклучоците на владината седница е и одлуката да се воспостави соработка со Црвениот крст и да се повикаат нивните волонтери да асистираат на граничните премини во анкетите на лицата што влегуваат во земјата во соработка со припадниците на граничната полиција.

Коронавирусот првпат се појави во Вухан, Кина, на 12 декември 2019 година. По брзото ширење на болеста, големиот број жртви и заразени, Светската здравствена организација на 30 јануари прогласи „меѓународна вонредна состојба".

Болеста се пренесува преку респираторните патишта (кивање и кашлање), но и преку допир со нечисти раце. Лекувањето е симптоматски, во зависност од манифестациите на болеста. Клиничката слика варира од лесна настинка до потешка форма, во зависност од зафаќањето на белите дробови. Ризик за најлош исход има кај постари, хроинично болни луѓе или лица со претходни заболувања на белите дробови. Околу 80 проценти од 80.000 заболени во светот се целосно излекувани, кај 15 отсто има некои компликации, а кај пет проценти има сериозни компликации. Смртноста е близу два процента./МИА

Одложен најавениот прекин за реемитување на домашни и странски ТВ канали

Констатирано е дека постојат можности да се дојде до заедничко решение во скоро време.

Премиерот Оливер Спасовски, придружуван од министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, се сретна со претставници на сите оператори обединети во Здружението на информатичко-комуникациски технологии, при што е постигната согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали.

Како што наведуваат во соопштението од владината прес служба, ова е постигнато со оглед на можностите што се гледаат за скорешно изнаоѓање решение.

-На средбата е разговарано за сите аспекти на и што произлегуваат од измените на Законот за аудио и аудивизулени и медиумски услуги, стои во соопштението.

Констатирано е дека постојат можности да се дојде до заедничко решение во скоро време, како и свестност од сите страни за решавање на прашањето, согласно интересот на државата и на граѓаните.

Прекинот на реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали беше најавен за 2 март на полноќ, со исклучок наканалите на јавниот сервис МТВ1, МТВ2 и собранискиот канал./МИА

притисни ентер