Девојките се растрчаа по милионот на тетовчанецот Коле

Младиот македонски милионер за Канал 5 раскажа: Голем домаќин сум, милионот ќе го штедам во банка.
Никола Милошевски познат како Коле од тетовска Брвеница во вторникот на 19-ти јули среќен излегол од дома на честење со другарот Бобан кој купил нов автомобил. Коле стигнал во кладилница каде се чекале, но другарот доцнел, минутите минувале и станувало досадно, па Коле решил да игра чек пот на една од машините.

„Во моментот се појави некое зелено светло и пишуваше Џек Пот, мислев дека се паднал веќе некаде, а тука само покажува. Ми излегува ливче и гледам 1 милион денари, се изгубив не можев да поверувам“,  раскажува Никола Милошевски – Коле.

И вработените не очекувале Џек Пот од милион денари да се падне кај нив. Коле како и што се претставува и таа му е буквата за среќа во животот се јавил кај братот и родителите да ги израдува.

„Сите одма дознаа, славен наеднаш станав и еве уште сум ненаспан од адреналин“, вели Коле.

Коле и денеска под силни импресии, раскажува дека парите ќе ги заштеди во банка. Коцкање не сака, се губеле и парите и луѓето, игри н а среќа почитува и досега имал неколку добивки.  На прашањето кој е Коле? Тој има 21 година роден е на 23 мај, ден по летниот свети Никола, по кога го добил името. Верува во среќата од светецот, а хороскопот на близнак за него во среќата нема значење. Студира германски јазик и работи во „Тобако“. Засега нема девојка.

„Не, не сега не сакам да фатам девојка, некако од еднаш сите ме засакаа. Убаво ми е вака сам“, вели смеејќи се Коле.

И секако другарот Бобан стигнал по еден час, времето кога Коле во Македонија стана најмладиот милионер на државната видео лотарија. 


„Ла Верита“ објави нови документи за наводни изборни нерегуларности

Италијанскиот весник Ла Верита објави нови материјали за наводни изборни нерегуларности, во кои бил инволвиран претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Овој пат, медиумот, тврди дека Заев и неговиот брат во соработка со уште неколку лица од Струмица, поткупувале граѓани, пред се од ромска националност за да гласаат на изборите за СДСМ..

Весникот, кој објавува документи со наводни транскрипти од посебните истражни мерки,  пишува дека на граѓани им биле нудени и градежни материјали и поврзување на комунална инфраструктура..

Вчера Заев ги отфрли ваквите наводи и рече дека ако имало докази за нерегуларности во 2014-та, тој ќе бил веќе осуден..

Обвинителката Рускоска, пак, рече дека постоеле предмети за овој случај, но со оглед дека немало докази, постапката била затворена..

Ким ја прослави Новата година со жената која ,,ја погубил” пред шест години

Тетката на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун  се појави во јавноста прва пат по шест години. Така беа елиминирани сите сомневања дека Ким Џонг-ун ја погубил.

Севернокорејските државни медиуми објавија дека Ким гледал претстава во театарот во Пјонгјанг за да ја одбележи лунарната Нова година. Фотографиите беа објавени и од театарот на кој се гледаше како Ким Џонг-ун седи со тетка му  и сопругата.

73-годишната Ким Кионг-хуи е единствената сестра на поранешниот водач на Северна Кореја Ким Џонг-ил, татко на сегашниот лидер во земјата. Исто така, се соопштува дека по смртта на нејзиниот брат, таа го насочила за Ким Џонг-ун кон да биде  следен водач.

По егзекуцијата на нејзиниот сопруг, Јанг Сонг-Таек, кој беше осуден за предавство, почнаа да се поставуваат прашања за нејзината судбина. Таа со години не се споменуваше во државните медиуми, па се сметаше дека е мртва или дека Ким Џонг Ун и неа ја погубил.

Овој настап на Ким Џонг Ун во јавноста може да значи дека севернокорејското раководство сега сака да го зајакне семејството, со тоа што државните медиуми го објавија „новиот пат“ на земјата во 2020 година. Во својот новогодишен говор Ким објави дека повеќе не е обврзан со своите ветувања до американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Блумберг.

Се зголемува бројот на екстремни десничари во германската армија

Бројот на припадници на германските вооружени сили кои се членови на радикалната десница е во пораст, а во тек е истрага против 550 војници во Бундесверот, пренесува Велт ам Сонтаг.

„Воената разузнавачка служба моментно испитува 550 војници под сомнение дека припаѓаат на екстремната десница“, рече директорот за воено разузнавање (МАД) Кристоф Грем во интервју за „Велт ам Сонтаг“.

Тој предупреди за нагло зголемување на откриените случаи на војници кои покажуваат екстремно десничарски поглед на светот.

„360 нови случаи беа пријавени само минатата година“, рече Грим.

Тој понатаму објасни дека во 2019 година биле пријавени осум членови на радикалната десница, а други 40 биле пронајдени „поради недостиг на верност кон германскиот уставен поредок“.

Грем објасни дека особено голем процент на војници со екстремно десничарски ставови  биле откриени меѓу припадниците на Специјалните сили (КСК).

„Процентот на војници со овој поглед на светот кај Специјалните сили е пет пати поголем отколку во остатокот од Бундесверот“, рече Грем.

Зголемувањето на откриените случаи на припадници на екстремната десница е поврзано со реформите во рамките на МАД. Оваа воена разузнавачка служба беше критикувана од парламентарните партии пред две години за недостаток на ефикасност во откривањето на екстремистичките сфаќања во Бундесверот.

притисни ентер