Се трага по мал приватен авион „Пајпер“со 6 патници

Во 17,44 часот дежурниот од ДОЦ на РЦ - Север пријави дека од Контрола на летање примиле повик, дека комерцијален авион со три патници им се изгубил од радарот.
Се работи за авион марка “Пајпер“ со германски национални ознаки кој летал од Италија од Тревизо со 6 патници и требал да слета на аеродромот во Скопје да танкира гориво. Сигналот од радарот се изгубил во 17,35 часот на локација: од аеродром “Александар Велики“ 10 км во правец према Велес.

СВР Велес примиле телефонска пријава од граѓанин  дека слушнал експлозија во близина на с.Кожле.
Од страна на Алфа екипа  од СВР-Скопје примена е пријава од граѓани дека забележале пожар кај с.Ветерско.Од СВР Скопје упатени се служби на овие локации

ВМРО-ДПМНЕ: Власта манипулира со наводно зголемување на платите во образованието

Измамникот Заев е синоним за лагата.Листата на лагите и лажните ветувања од актуелната власт нема крај. Лажењето експлодира, бидејќи Заев се соочува со страв од поразот кој знае дека го очекува на 12 Април следната година, соопшти ВМРО- ДПМНЕ. 

Програмата „Живот за Македонија" на СДСМ со која ревносно мафтаа пред три години во предизборието, сега може да се именува како „Најголемите политички лаги во Македонија". Сега измамникот повторно манипулира со наводно зголемување на плата, а реалноста е дека повторно ги лаже професорите и наставниците кои и до сега требаше да изнесуваат 31.660 денари или 5.660 денари повеќе од оние 10% што власта сака да го претстави како зголемување.

Доколку со сегашната минималната плата од 12.500 денари се помножи коефициентот на сложеност од 2,533 ќе искочи дека професорите и наставниците треба да добијат 5.600 денари повеќе од она „зголемување" од 10 % кое власта вели дека го исполнува.

Лагите и манипулациите на СДСМ само се потврдија со бегањето од гласањето на новиот закон за минимална плата, со кое впрочем доколку истата се покачи на 14.500 денари, ќе се потврди дека согласно Колективниот договор во образованието платите на просветните работници треба да бидат 36.700 денари, односно 10.700 денари повеќе од лагата која што власта се обидува да протне на најпопулистички начин.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги рецензира лагите на оваа власт се до нејзиното заминување. Владата на Заев ќе остане да биде забележана како нејнеспособна влада во историјата на Македонија, никој не смее да се служи со манипулации за политички поени. На Заев му е јасно дека одговорноста за неговите лажни политики и манипулаторските мерки ќе кулминира на 12 април следната година, кога граѓаните ќе ги казнат фиктивните мерки и расипничкото трошење на народните пари.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

СДСМ: Над 322.000 пензионери од јануари добиваат повисока пензија за 900 денари, се грижиме за сите граѓани

Владата предводена од СДСМ преку одговорно и домаќинско работење покажува што значи вистинска грижа за граѓаните, се наведува во соопштението на СДСМ.

Го враќаме достоинството на пензионерите, обезбедуваме значителен раст на пензиите.

Веќе со јануарската пензија пензионерите ќе добијат покачување од 700 денари. Дополнително, ќе се реализира и законското усогласување на пензиите кое ќе изнесува од 160 – 200 денари.

Тоа значи дека над 322.000 пензионери ќе добијат покачување од 860 до 900 денари, почнувајќи веќе од јануарската пензија, што е најголемо покачување на пензиите во последните години.

Со последното покачување, просечната пензија ќе изнесува 15.500 денари и ќе порасне за 1.746 денари во однос на 2016 година.

Растот на економијата и платите овозможи приходите во Фондот за пензиско осигурување да пораснат за 10 проценти и затоа следува реално зголемување на пензиите.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години манипулираше со пензионерите, не го следеше законското усогласување и во пензиите интервенираше само ад хок пред избори.

Денес, грижата за пензионерите е на прав пат.

Како одговорна партија пред граѓаните, продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, раст на платите и пензиите и повеќе пари кај граѓаните.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Ердоган : Изјава на Макрон за НАТО е неприфатлива

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ги нарече „неприфатливи“ изјавите за НАТО од францускиот колега Емануел Макрон, кој рече дека алијансата е во состојба на „клиничка смрт “ и дека жали за однесувањето на Турција во Сирија.

Ердоган бил „многу разочаран“ од изјавите на Макрон за НАТО, вели Доналд Трамп за средбата со Ердоган во Овалната соба во Белата куќа.

„Мислам дека на (турскиот) претседателот навистина не му се допаднаа ... и мислам дека многу луѓе исто реагираа“, додаде тој.

„Неприфатливо“, кратко рече турскиот претседател.

„Немате никаква координација на стратешката одлука на САд со партнерите во НАТО и ние сме сведоци на агресија на друг партнер на НАТО, Турција, во област во која имаме интереси“, рече францускиот претседател минатата недела за „Економист“, мислејќи на турската воена интервенција во Сирија.

притисни ентер