Конференција „Техноинвент – start and grow “ во рамки на Технома 2016

Познати експерти од бизнис акцелератори и експерти во областа на социјални иновации и стартап компании од цела Европа ќе учествуваат на конференцијата „Техноинвент – start and grow“, што во организација на Фондот за иновации и технолошки развој ќе се одржи денеска на Скопски сасем како составен дел од саемот Технома 2016.
Говорници на конференцијата се: Глен Мен, директор на Одделот за иновации и развој во НЕСТА, Мајкл Мизрахи, директор на AtoBe Startup Accelerator од Израел, Волфганг Книејски од EIT Digital Accelerator, Кристобал Алонско од Startup Wise Guys, Кенет Салониу, коосновач и шеф на операции во Vertical акцелератор од Финска и Матија Жуљ, основач на хрватската компанија Agrivi. Конференцијата ќе се одвива во два различни панели, на кои говорниците ќе ги споделат своите искуства во полето на програмите за акцелерација, интернационализација и скалабилност на стартап компаниите и социјалните иновации.

Се очекува на конференцијата да присуствуваат потенцијални претприемачи и етаблирани македонски компании, инвеститори, претставници на релевантни институции и организации и други поединци кои работат на полето на стартап компаниите и иновациите./МИА

Без вода утре дел од жителите на Аеродром

Без вода утре од 8 часот ќе останат корисниците од ниската зона од непарните броеви од бр. 61 до бр. 109 на булеварот „Јане Сандански" во населбата Аеродром.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради промена на затворач на водоводна мрежа со пречник од 100 милиметри на булеварот „Јане Сандански" бр. 107 во Аеродром.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата. /МИА

Димитров во Њујорк учествуваше на две панел дискусии – за климатски промени и за мултиконцептуален свет

На настанот на високо ниво беа разменети мислења за потребата од координирано делување за ефективно справување со новите еко-предизвици.

„Засилување на европската лидерска улога на глобално ниво во сферата климатските промени и растот на еколошки чистата економија" е темата на панел дискусијата, која се одржа во организација на Светскиот економски форум во Њујорк, а на која учествуваше и шефот на дипломатијата Никола Димитров.

На настанот на високо ниво беа разменети мислења за потребата од координирано делување за ефективно справување со новите еко-предизвици.

Учесниците во дискусијата се осврнаа на новите глобални закани и ризици по (човековата) безбедност и потребата од заедничка европска акција во насока на обезбедување транспортна инфраструктура без штетни емисии, обновлива енергија и иновативни технологии, паралелно со процесите на креирање на нови работни места и европското преминување кон иднина со нула штетни емисии.

 Сесијата ја отвори холандскиот премиер Марк Руте, а во дебатата учествуваа претседатели на држави и влади, министри од земји-членки на ЕУ, како и високи претставници на разни засегнати страни.

 На покана на Светскиот економски форум и истражувачкиот институт Брукингс, министерот Димитров учествуваше на тематскиот настан "Обликување на партнерства за мулти-концептуален свет."

 Состојбата во Иран беше во фокусот на дискусијата, а на настанот присуствуваа група глобални лидери од јавниот и граѓанскиот сектор, истражувачките институти и бизнис заедницата.

Министерот Димитров, кој учествува на Генералната дебата на 74-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, на панел-дискусијата. /МИА

Законот за стечајци на владина седница

Владата на Република Македонија денеска ќе одржи редовна седница.

На седницата меѓу другото ќе расправа Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост предложен од Министерството за труд и социјална политика.

Како што соопшти владината прес-служба на денешната седница ќе биде разгледана информација за текот и прогресот на активностите за реализација на проектот „Поддршка на воздухопловна федерација" на предлог на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје.

На предлог на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија министрите ќе разгледаат информација за потпишување на Договор меѓу Република Македонија и организаторите на EXPO Dubai 2020.

Министрите ќе ја разгледаат и информацијата за вклучување на училиштата во иницијативата за саморефлексија при користење  дигитална технологија во образовниот процес преку употреба на алатката Selfie која веќе се употребува во 35 земји и е изработена од страна на Заедничкиот истражувачки центар при Европската комисија (Join Research Centre – JRC). /МИА

притисни ентер