Унгарија ќе ги затвора невладините на Сорос!

Унгарија планира да ги затвори сите невладини организации кои финансиски се поврзани со американскиот милијардер и основач на Фондацијата „Отворено општество“, Џорџ Сорос, објави на прес конфренција вицепремиерот на Унгарија, Силард Немет.

„Овие организации неопходно е да бидат потиснати со сите расположливи средства и јас мислам дека треба да бидат избирашани. Мислам дека меѓународните услови сега се вистински за тоа бидејќи е избран нов претседател на САД“, вели Силард Немет.

Ваквиот чекор на унгарските власти претходно го најави и унгарскиот премиер Виктор Орбан, според кого невладините организации добиват пари од странство со цел „да организираат прилив на бегалци и да поттикнуваат миграција“.

Сличен процес во Македонија неодамна најави и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски во Прогласот на партија на 17-ти декември.

„Ќе се бориме за десороизација на Република Македонија, и јакнење на независен граѓански сектор кој нема да биде под ничија контрола. Ќе се пристапи кон регулирање на областа на финансирање на фондациите и НВО, по теркот на најнапредните демократии во светот“, рече Груевски.

Груевски неодамна во интервју за „Република“ рече дека американскиот милијардер во Македонија создал „армија од невладини организации кои се обидуваат политиките на една земја да ја насочат кон остварување на целите на Сорос “

Инаку, по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, Сорос јавно најави битка со новата администрација нарекувајќи го Трамп „иден диктатор“. Американските медиуми изминативе денови потсетуваат на мрачното минато на Сорос.

Весникот „Њу американ“ потсетува на интервју на милијардерот од 1998 година во кое тој отворено говори за соработката со нацистите за време на Втората светска војна и конфискацијата на имотите на еврејските семејства.  Весникот пишува дека Сорос, кој е роден во Унгарија во богато и образовано семејство, во 1944 година кога нацистите ја окупирале Будимпешта, таткото на Сорос, знаејќи дека периодот што следи ќе значи големи проблеми за Евреите, одлучил да го раздели семејството. На сите им купил лажни документи, подмитил човек од власта за да го земе 14-годишниот Џорџ сорос и да го претстават како христијанин и негов кум.

Додека 100 илјадници унгарски Евреи биле пренесени во логорите, Џорџ Сорос и неговиот „кум“ од владата се спасиле, но не само тоа, туку заедно го конфискувале имотот на Евреите, пријатели и соседи, па дури и роднини на малиот Сорос.

За сето ова самиот Сорос говори во интервјуто.

Видео снимката од интервјуто за Си-би-ес неколупати е избришана од интернет поради контраверзните ставови на Сорос во него.



Ѓорчев на средби во Стејт Департментот и со претседателката на Херитиџ фондацијата

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев во Вашингтон оствари средба со Сузан Фалатко, заменик на бирото за Јужна и Источна Европа во американскиот Стејт Департмент. 

Во текот на разговорот стана збор за стратешкото партнерство помеѓу Македонија и САД, како и за актуелните прашања поврзани со НАТО интеграцијата на Македонија.

На средбата пратеникот Ѓорчев ги истакна загрижувачките процеси во Македонија поврзани со политичкиот прогон, состојбата со медиумските слободи и влошувањето на економската состојба.

Воедно, Ѓорчев се сретна со претседателката на Херитиџ фондацијата Кај Колс Џејмс, заблагодарувајќи се за долгогодишната улога на Херитиџ во промоцијата на македонско - американските односи, користејќи го уставното има на Македонија. Фондацијата Херитиџ е меѓу водечките тинк тенкови во Вашингтон, блиска до Републиканската партија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

ЈСП со изменет возен ред за празниците

 Возниот ред на автобусите од јавниот превоз утре и задутре ќе биде изменет поради празниците 24 Мај-Денот на „Св. Кирил и Методиј“ и 25 Мај-Духовден, соопшти денеска ЈСП Скопје.

Утре (четврток) автобусите ќе сообраќат по неделен возен ред, а задутре (петок) ќе важи саботниот возен ред.

- Во петок, сабота и недела, ЈСП Скопје ќе го зголеми бројот на поаѓања кон гробишта Бутел од Карпош, Ново Лисиче, Кисела Вода и во зависност од потребите на граѓаните ќе бидат ангажирани дополнителен број автобуси во периодот од 5 до 14 часот, информира ЈСП - Скопје.

Нови рочишта за „Монструм“ и „Траекторија“

 Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите на СЈО „Монструм“ и „Траекторија“.

На рочиште за „Монструм“ исказ пред Судот треба да даваат двајца обвинети за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година.

На претходното рочиште повеќе од пет часа исказ даваа обвинетите Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири, кој во судница беше донесен од затворот во Штип, каде отслужува казна затвор за друго кривично дело.

Исмаиловиќ и Азири пред Судот се изјаснија дека не се чувствува ат виновни за овој случај.

По завршување на рочиштето обвинителката Фатиме Фетаи изјави дека е важно што овој предмет стартува од почеток и дека во понатамошниот тек на судскиот процес ќе се изведуваат старите докази, но исто така ќе бидат изведени и нови докази од Специјалното јавно обвинителство и од страна на одбраната.

- Како основа во оваа постапка мора да се земе поранешниот обвинителен акт и од таа причина од наша страна беа прочитани двата обвинителни акти и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, рече Фетаи.

Таа додаде дека од анализата и од доказниот материјал ќе зависат и промените кои ќе ги прави обвинителството и во понатамошниот тек на судскиот процес.

- Секој доказ ќе биде предмет на темелна анализа, а потоа ќе се изведуваат и нови докази и  во зависност од она што ќе произлезе од наша страна и од Судот ќе биде донесена соодветна правилна одлука, рече Фетаи.

Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

За петкратното убиство беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

Во Судот денеска ќе се одржи рочиште и за случајот „Траекторија“ во кој се обвинети четири службени лица - поранешни високи владини функционери. Тие се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Тие според СЈО, нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист. 

притисни ентер