На патиштата можна голомразица, забрана за камиони на Пресека и Маврово - Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег. АМСМ предупредува дека поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.
Забрана за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премин Пресека и на патниот правец Маврово - Дебар каде за останатите возила е задолжително користење зимска опрема.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково. 

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на Евзони каде поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, се уште не е дозволен влез на товарни возила и автобуси во Грција. /МИА

Честитка од Иванов по повод Националниот ден на Власите

Претседателот Ѓорге Иванов упати честитка до припадниците на Влашката заедница во Република Македонија, по повод 23 Мај - Националниот ден на Власите.

- Овој значаен празник е потсетување на вековниот стремеж на Власите за зачувување и промовирање на својот сопствен јазик, култура и традиција. На овој ден, 23 Мај 1905 година, Османлиската iмперија донесе Ираде со кое само беше призната реалноста дека Власите се посебен народ со свој јазик, култура и идентитет. Со тоа се отвори ново поглавје во долгата и исклучително богата историја на влашкиот народ. Таа историја сведочи за едно нешто. А тоа е дека Власите и како народ, но и како поединци имале голема улога во борбата за слобода, државност и независност на Република Македонија, вели Иванов во честитката.

Припадниците на влашката заедница, како што посочува претседателот, се дел од сите сфери на општественото живеење, со што даваат препознатлив придонес во целокупниот развој на Република Македонија.

- Исклучително одговорниот однос на Власите кон својата држава Република Македонија и кон своите сограѓани од другите етнички заедници може да послужи како пример за градење и за негување на меѓусебна доверба. Таквата доверба е потреба на секој поединец и претставува врзивно ткиво на целото македонско мултиетничко општество. Обврска на Република Македонија е да продолжи да го чува, развива и промовира етничкиот, јазичниот и културниот идентитет на Власите во духот на европските вредности, наведува Иванов во честитката. 

Заев: Ве повикувам да ме следите. нашиот идентитет ќе биде обезбеден

Внимателно ги водиме процесите, градиме пријателства со соседите, изјави премиерот Зоран заев на трибина пред граѓаните на Кисела Вода.

-Внимателно ги водиме процесите, градиме пријателства со соседите, за да ги решиме отворените прашања што со години не влечеа надолу, преку дијалог, почитувајќи се меѓусебно., ова го кажа на синоќешната трибина премиерот Зоран Заев.

Пред граѓаните на Кисела Вода. Заев реферираше дека владата посветено работи на спроведувањето на зацртаните мерки што ги намалуваат трошоците за живот, обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните и повисоки плати. За само неколку месеци успеавме да испорачаме резултат и покрај тоа што наследивме катастрофална економска состојба ,рече Заев.

Ѓорчев на средби во Стејт Департментот и со претседателката на Херитиџ фондацијата

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев во Вашингтон оствари средба со Сузан Фалатко, заменик на бирото за Јужна и Источна Европа во американскиот Стејт Департмент. 

Во текот на разговорот стана збор за стратешкото партнерство помеѓу Македонија и САД, како и за актуелните прашања поврзани со НАТО интеграцијата на Македонија.

На средбата пратеникот Ѓорчев ги истакна загрижувачките процеси во Македонија поврзани со политичкиот прогон, состојбата со медиумските слободи и влошувањето на економската состојба.

Воедно, Ѓорчев се сретна со претседателката на Херитиџ фондацијата Кај Колс Џејмс, заблагодарувајќи се за долгогодишната улога на Херитиџ во промоцијата на македонско - американските односи, користејќи го уставното има на Македонија. Фондацијата Херитиџ е меѓу водечките тинк тенкови во Вашингтон, блиска до Републиканската партија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер