Бијонсе каква што никогаш не сме ја виделе

Таа стори се да се сокрие од папараците но не успеа.
Бијонсе е во поодмината бременост и наскоро ќе роди близначиња, па разбирливо е што вишокот на килограми е забележлив.

Таа вчера се појави на роденден на пријател, и стори се што може да се сокрие од папараците, но не успеа.

На забавата на која дрес кодот беше - предизвикувачка облека, Бијонсе отиде со длабоко деколте.

А вишокот килограми, веднаш по раѓањето на децата - ќе го реши!

Фото: Најубава на Мундијалот ?

Светскиот фудбалски самит во Русија е се поблиску, но, што е уште важно покрај најзначајната споредна работа на светот, секако мундијалските убавици.

Британските медиуми прв пат  им посветија внимание на манекенките , реалити ѕвездите и ја преставија убавицата која достојно ги претставува сите жени и девојки на фудбалерите , кога станува збор за Англија.

Убавата Руби Меј е модел за долна облека и девојка на репрезентативецот Дели Али .

Манекенката и асот на Тотенхем веќе две години се во врска.

Прекрасната Руби на претстојниот Мундијал во Русија сигурно ќе биде меѓу најубавите девојки или сопруги на некој од фудбалерите.

Хуманитарна аукција за матурантите од СОС Детско село

Хуманитарна аукција во рамки на кампањата „Креатори на насмевки“ за собирање средства за децата без родители од СОС Детско село ќе се одржи вечерва во Скопје.

- Целта на аукцијата е да ги мотивира младите дизајнери и да им ја обезбедиме најубавата матурска вечер на матурантите од СОС Детско село. На аукцијата ќе бидат понудени чанти подарени од Карписа што студентите од Факултетот за дизајн и мултимедија, предводени од Никола Ефтимов и Александар Рашковиќ, ги редизајнираа надградувајќи ги со својата уникатна креативност, најавуваат организаторите.

Аукцијата е од отворен карактер и ќе се одржи во ТЦ Капитол мол кој е иницијатор на проектот. /МИА

Родители преку суд го бркаат од дома нивниот 30 годишен син

Мајка и татко од Њујорк решиле по секоја цена да го избркаат од дома нивниот 30 годишен син и да го натераат да живее самостојно.

Кристина и Марк  го тужет синот Мајкл Ротондо поради тоа што не им плаќа кирија и не придонесува кон семејниот буџет иако има 30 години . Тие дури и му дале 1100 долари за да си замине од дома и да се смести на друго место .

Но, синот продолжил да живее со родителите. Мајката и таткото на неколку пати му испратиле и судски опомени за иселување , кои Мајкл ги игнорирал .

Кон крајот на месецот родителите ќе го дадат случајот на нивниот син на Врговниот суд и тоа на само неколку недели пред 31 роденден на нивниот син .

притисни ентер