„За заедничка Македонија“ порачува - „Избори се за Македонија“

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска, на 54. ден од протестите го објави Македонскиот народен документ „Избори се за Македонија“ за излез од кризата.

Во документот порачуваат дека од денеска натаму избори се основното барање на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, како и на сите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи и Бошњаци кои ги подржуваат.

- Ова барање е логично и рационално продолжение на сите наши досегашни цели. И затоа велиме „не за тиранската платформа, да за избори и финална победа“, се наведува во Македонскиот народен документ.

Според Граѓанската иницијатива изборите се најдоброто можно решение за дефинитивен крај на политичката и институционална криза во Македонија.
Тие посочуваат дека нивната цел ќе биде остварена и оти за нејзино остварување имаат предвидено прецизни чекори кои ќе почнат да ги соопштуваат од следната недела.

- Ние имаме предвидено и прецизни методи и активности со кои ќе стигнеме до реализација на оваа цел. Демократски методи, базирани на разум и мудрост, и базирани на сила, на силата на мудроста и силата на народот во македонските градови и села, се наведува во документот.
Од иницијативата  „За заедничка Македонија“ бараат и свикување на итна собраниска седница со единствена точка на дневен ред –прогласување и распишување предвремени парламентрани избори во Македонија.

Игор Дурловски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ пред учесниците на протестот порача дека ќе протестираат се додека нивните барања не се исполнат.

- Ние ќе бидеме уште 54 дена, уште 100 дена на протести се додека тоа што го побаравме уште првиот ден не биде исполнето, тргање на страна на документ потпишан во странска држава, заверен со потпис на странски премиер. Се додека тиранската платформа не биде отфрлена и не се распишат нови избори ние ќе бидеме на улиците. Се соочуваат со народ кој си ја сака државата, јазикот, знамето и се додека се чувствуваме загрозени ние ќе бидеме тука, вели Дурловски.

Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ пред Народната канцеларија на претседателот на Република Македонија рече дека Ѓорге Иванов ќе ја има нивната целосна поддршка се додека го брани суверенитетот на државата.
- Се додека го брани Уставот на Република Македонија и не доделува мандат за формирање влада на Еди Рама и на тиранската коалиција. Се додека е цврст, додека е железниот претседател ќе ја има нашата полна поддршка, истакна Илиевски.

Протесот започна од пред Владата, а заврши пред Собранието на Република Македонија.

Протести на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва се одржаа и во повеќе други градови низ државата.

Ваква невеста досега никогаш не сте и нема да видите!(видео)

Том Гарднер ја чекал својата идна сопруга Бетх да дојде до олтарот, но кога се свртел останал шокиран. Ова дефинитивно не е венчавка каква што очекувал.

Поради старите обичаи не можел да ја види невестата до тој момент. Тоа се нарекува “first look” (прв поглед).

Обично сопрузите се оние кои прават шеги на сметка на сопругите но тоа се сменило во ова видео. Тоа што е интересно е дека оваа венчавка почнува како и секоја друга, но тогаш се случува луд пресврт какво што никој не очекувал.

Видеото станало вирално и луѓето го делат со своите пријатели и семејствата. Дали вие ова би го направиле на вашата венчавка?

Неверојатно операции кои се изведени на човековото тело (видео)

Медицината прави чуда.

Едно до најголемите човечки чуда дефинитивно е медицината. Операциите кои денес се изведуваат порано биле научна фантастика пред неколку децении. Токму некои од неверојатните операции за кои може повеќе да дознаете вклучуваат и спојување на преполовен рбетен столб, операција изведена во матка и други.

Повеќе ништо не е научна фантастика, а овие операции се успешно изведени и луѓето преживеале.

Во продолжение погледнете некои од најбизарните операции кои се изведени на човечкото тело.

Една состојка која сите ја имаме во кујна прави чуда за вашата коса и не станува збор за маслиново масло

Понекогаш најдобрите производи за убавина се кријат, онаму каде никогаш не би очекувале, во вашите кујнски плакари.

Сигурно сте слушнале до сега за сите “магични” својства на маслиновото масло за нега на косата и хидратација на косата, но се чини дека уште една клучна состојка за салатите е одлична подготовка за нега на коса.

Станува збор за јаболковиот оцет, кој има корисен ефект врз косата, меѓу другото, и темелно чистење на темето. Јаболковиот оцет, исто така, помага во зајакнување на косата, го поттикнува растот на косата, ги отстранува остатоците од другите производи и помага во отстранувањето на првутот. Исто така, нема да ја наруши pH рамнотежата на косата и ќе и даде здрав сјај се до врвовите.

Морате да признаете дека листата на придобивките кои и ги овозможува јаболковиот оцет на вашата коса е навистина долга и тешко дека во продавниците ќе најдете производ кој може да се мери со ова “чудо” од кујната.

притисни ентер