ММДЧП бара од Трамп да ја запре започнатата интервенција во Македонија

Американскиот весник Хил објави текст од Бил Николов од Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) во кое администрацијата на претседателот Доналд Трамп се повикува што поскоро да ја смени политиката кон Македонија спроведувана од страна на претходната администрација на Барак Обама. Во текстот се поздравува истрагата за активностите на американската амбасада во Скопје покрената од група републикански конгресмени, но се бара интервенција и од дипломатската служба во Стејт Департментот.


"Републиканците направија добар потег што во рамките на Конгресот започнаа истрага за грешки кои што во континуитет се случуваат од вработени во владиниот сектор, врз основа на политички насоките кон кои што дејствуваше претходната администрација, но тие сепак не ја спроведуваат својата политика. Но, американскиот Стејт Департмент и американската амбасада во Македонија продолжуваат да го следат лево-ориентираното крило на Обама/Хилари, Џорџ Сорос, кој ја финансира политиката на мешање во внатрешните работи во Македонија и со тоа предизвикува хаос и ги засилува нападите врз етничкото потекло на Македонците и врз македонскиот суверенитет. Лево-ориентираните држави од Европската Унија им се придружија на Соединетите Американски Држави и на невладините организации финансирани од Сорос, и побараа мандатот за формирање Влада да се даде на коалицијата која што ги прифати барањата за Голема Албанија, која што ги изгуби неодамнешните избори и ја прифати платформата со која што се бара промена на името на Македонија, идентитетот, знамето, химната и грбот и која што претставува закана за територијалниот интегритет на Македонија. Овие држави избраа да ја игнорираат колатералната штета само за да се реализира нивната идеја на власт во Македонија да бидат марионетите од левицата", пишува во текстот на Николов објавен во Хил.

Писмото е идентично со повикот на сенаторот Мајк Ли, кој побара од Стејт Департментот што поскоро да ја преиспита својата политика како кон Македонија така и кон серија држави во Европа, Африка и Јужна Америка, каде администрацијата на претседателот Обама промовирала лево ориентирани политичари и партии, и покрај нивните изборни порази.

Во писмото на Николов објавено во Хил дополнително се предупредува на заканата од Тиранската платформа и на растечкиот национализам во Албанија, по сугестиите на албанскиот премиер Еди Рама за можно спојување на Албанија и Косово. Николов посочува дека претседаетлот Трамп најави крај на интервенциите во странски држави и го повикува да го исполни ова предизборно ветување и да стави крај на финансирањето левичарски организации во Македонија со американски државни средства, како и на обидите за наметнување на нова Влада во Македонија

„Војаџер 1“ повторно испраќа корисни и употребливи податоци

Леталото полета пред 46 години и седум месеци и сега се наоѓа на над 24,3 милијарди километри далечина од планетата Земја.

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација - НАСА првпат по пет месеци доби конкретни и употребливи податоци од „Војаџер 1“, откако инженерите изнајдоа решение за комуникацискиот проблем со леталото што досега отишло најддалеку во Вселената.

Се работи за систем за собирање информации што потоа се комбинираат со инженерските податоци и така ја покажуваат моментната состојба на уредот - оддалеченоста, средината што го опкружува и сл. Компјутерите на леталото испраќаа бескорисни податоци од ноември лани, но научниците од НАСА успеаја повторно да го оспособат уредот, инаку лансиран 1977 година.

Контролата на мисијата на Земјата ги прима тие податоци во бинарен код - низа од единици и нули. Од минатиот ноември, системот на „Војаџер 1“ испраќал радиосигнал, но податоците немале никаква корисна цел, ниту пак, смисла, јави „Еј-би-си њус Австралија“.

- Денеска беше голем ден за „Војаџер 1“. Ја вративме комуникацијата со вселенското летало. Со нетрпение очекуваме повторно да добиваме научни податоци, изјави Линда Спилкер - една од научниците кои работат на мисијата.

Од 20 април, засега, се чини дека „Војаџер 1“ е во добра состојба. Леталото полета пред 46 години и седум месеци и сега се наоѓа на над 24,3 милијарди километри далечина од планетата Земја.

Видео: „Мона Лиза“ рапува со помош на вештачка интелигенција

„Мајкрософт“ ја претстави новата технологија со вештачка интелигенција наречена „ВАСА-1“, што може да сними фотографија и аудиоисечок и да ги комбинира во реалистична видеоснимка.

За почеток, технолошкиот гигант претстави видео на кое „Мона Лиза“ на ренесансниот уметник Леонардо да Винчи „ја рапува“ песната „Paparazzi“... Но, овде не се работи за хитот на Лејди Гага, туку рап-верзијата што Ен Хатавеј ја изведе во „Емисијата на Конан О'Брајан“ во 2011 година.

„Ова е толку смешно, плачам од смеење“, „Само Да Винчи да можеше да го види ова“, „Уште едно страшно видео со вештачка интелигенција“, „Ова е морничаво“ - се дел од коментарите.

Видеото набрзо собра над 7,1 милиони прегледи на само еден профил на „X“.

Мадуро размислува повторно да се отвори Канцеларијата на ОН за човекови права во Венецуела

Мадуро најави дека е подготвен да се сретне со претставникот на Канцеларијата на ОН за човекови права.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро најави дека е подготвен да се сретне со претставникот на Канцеларијата на ОН за човекови права, откако претходно, во февруари, венецуелската Влада побара од вработените во Канцеларијата да ја напуштат земјата во февруари.

-Добив предлог за повторно отворање на Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права во Венецуела и се согласувам дека треба да ги надминеме нашите разлики, изјави Мадуро за венецуелската национална телевизија, за време на заедничкиот говор со главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан.

Мадуро додаде дека е подготвен наскоро да се сретне со Фолкер Тирк и дека претставникот на Канцеларијата е добредојден да дојде на разговори за разликите што ги имаат и начините за надминување на конфликтот што произлезе.

Откако кон средината на февруари од персоналот на Канцеларијата за човекови права на ОН беше побарано да ја напушти Венецуела, владата најави дека во рок од еден месец ќе ги ревидира техничките услови за соработката.

Венецуелската влада потоа го критикуваше „колонијалистичкиот, навредлив и насилен однос“ на ОН, откако специјалниот известувач рече дека венецуелската програма за храна не се занимава со основните причини за гладта во земјата, потсетуваат британските медиуми. /МИА

притисни ентер