Османи утре во Брисел на состанок на ССА

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија Бујар Османи утре во Брисел ќе учествува на тринаесеттиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација (ССА), со кој ќе претседава министерот за надворешни работи Никола Димитров, а ко-претседавач ќе биде високата претставничка и потпретседателка на Европската комисија, Фредерика Могерини.

На состанокот, како претставник на Европската комисија, ќе присуствува и комесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан.

Вицепремиерот Османи на состанокот се очекува да го образложи Планот 3-6-9, неговата содржина, имплементација и очекуваните ефекти, како и да ги повтори заложбите на Република Македонија за затворање на сите отворени политички прашања и отстранување на сите пречки за реактивирање на евроинтегративните процеси. Ќе биде побарана и конкретна поддршка за реформите, како и поддршка за обезбедување конкретни чекори од страна на Европската унија кои појасно би ја рефлектирале визибилноста на европската перспектива на Македонија. /МИА

Волф ги кажа кандидатите од кои ќе ја бира замената за Хамилтон

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека размислува за четири кандидати кои се потенцијална замена за Британецот Луис Хамилтон во 2025 година, пренесува „planetf1.com“.

- Оваа одлука нема да биде донесена во наредните недели или месеци. Сакам да ја следам ситуацијата на пилот-пазарот. Верстапен? Да, размислувам и за него, се гледа на нивото на неговите настапи. Но, не би сакал да ги намалувам шансите на другите, рече Волф.

Според изворот, покрај за Верстапен, станува збор за шпанските возачи Фернандо Алонсо од Астон Мартин и Карлос Сајнц од Ферари, како и за младиот Италијанец Андреа Кими Антонели, кој се натпреварува во Формула 2.

Хамилтон ќе му се приклучи на Ферари следната сезона. Тој ќе го заземе местото на Карлос Сајнц.

Триесет и деветгодишниот Британец вози за Мерцедес од 2013 година.

Вокер неизвесен за дербито со Арсенал

 Манчестер сити би можел да остане без дефанзивецот Кајл Вокер за неделниот натпревар од Премиер лигата против Арсенал.

Според „Sky Sports“, Вокер ќе биде подложен на проценка на тетивата. Првично се мислеше дека проблемот не е премногу сериозен, но се чини дека тоа не е така.

Во Сити исто така не се сигурни дали Џон Стоунс и Мануел Аканџи ќе бидат способни да играат.

Манчестер Сити ќе му гостува на Арсенал на 31 март во натпреварот од 29. коло на Премиер лигата.

Арсенал е лидер на табелата со 64 бодови, исто толку има и второпласираниот Ливерпул, Манчестер сити е трет со 63.

Почнува пријавувањето за 20. издание на Виз Ер Скопски Маратон

Пријавувањето за 20. јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон почнува утрово во 9 часот и ќе трае до 20 септември до 23:59 часот. Право на учество имаат сите македонски и странски државјани. 

- Трката има ограничен број на учесници и пријавувањето може да се затвори, доколку се пополни предвидениот број на бројот на учесници, затоа побрзајте и пријавете се уште денеска, апелира организаторот на манифестацијата Сојузот на спортови на Скопје

Маратонот ќе се одржи 6 октомври со почеток во 8 часот.

Учесниците на маратон и полумаратон на стартот ќе бидат распоредени во четири стартни боксови според времето кое ќе го одберат при процесот на

пријавување, додека учесниците во штафетниот маратон и трката на 5км ќе бидат распоредени во стартни зони кои ќе бидат означени во зоната на старт со името на трката.

Трката има сертификат од Асоцијацијата за улични трки (AIMS) и се одвива според правила на Светска Атлетика (WA), и АФСМ.

Секој учесник што ќе стартува на Виз Ер Скопски Маратон ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Во стартниот пакет за сите трки е вклучена и маица, но ја добиваат само оние кои ќе се регистрираат до 29 август 2024.

притисни ентер