Забрана за работа од 30 дена за агенцијата „Венера“ која измами студенти за работа во странство

Државниот инспекторат за труд донесе решение за забрана за работа на агенцијата за посредување при вработување во земјата и странство „Венера“ од Битола.
Забраната е во траење од 30 дена, а најавено е дека ќе биде побарано и поведување на прекршочна постапка.

Вонредните инспекциски надзори беа извршени на 5 и на 14 јули по објавените информации дека група студенти биле измамени од страна на оваа агенција.

Заев: Ве повикувам да ме следите. нашиот идентитет ќе биде обезбеден

Внимателно ги водиме процесите, градиме пријателства со соседите, изјави премиерот Зоран заев на трибина пред граѓаните на Кисела Вода.

-Внимателно ги водиме процесите, градиме пријателства со соседите, за да ги решиме отворените прашања што со години не влечеа надолу, преку дијалог, почитувајќи се меѓусебно., ова го кажа на синоќешната трибина премиерот Зоран Заев.

Пред граѓаните на Кисела Вода. Заев реферираше дека владата посветено работи на спроведувањето на зацртаните мерки што ги намалуваат трошоците за живот, обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните и повисоки плати. За само неколку месеци успеавме да испорачаме резултат и покрај тоа што наследивме катастрофална економска состојба ,рече Заев.

Ѓорчев на средби во Стејт Департментот и со претседателката на Херитиџ фондацијата

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев во Вашингтон оствари средба со Сузан Фалатко, заменик на бирото за Јужна и Источна Европа во американскиот Стејт Департмент. 

Во текот на разговорот стана збор за стратешкото партнерство помеѓу Македонија и САД, како и за актуелните прашања поврзани со НАТО интеграцијата на Македонија.

На средбата пратеникот Ѓорчев ги истакна загрижувачките процеси во Македонија поврзани со политичкиот прогон, состојбата со медиумските слободи и влошувањето на економската состојба.

Воедно, Ѓорчев се сретна со претседателката на Херитиџ фондацијата Кај Колс Џејмс, заблагодарувајќи се за долгогодишната улога на Херитиџ во промоцијата на македонско - американските односи, користејќи го уставното има на Македонија. Фондацијата Херитиџ е меѓу водечките тинк тенкови во Вашингтон, блиска до Републиканската партија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

ЈСП со изменет возен ред за празниците

 Возниот ред на автобусите од јавниот превоз утре и задутре ќе биде изменет поради празниците 24 Мај-Денот на „Св. Кирил и Методиј“ и 25 Мај-Духовден, соопшти денеска ЈСП Скопје.

Утре (четврток) автобусите ќе сообраќат по неделен возен ред, а задутре (петок) ќе важи саботниот возен ред.

- Во петок, сабота и недела, ЈСП Скопје ќе го зголеми бројот на поаѓања кон гробишта Бутел од Карпош, Ново Лисиче, Кисела Вода и во зависност од потребите на граѓаните ќе бидат ангажирани дополнителен број автобуси во периодот од 5 до 14 часот, информира ЈСП - Скопје.

притисни ентер