Тевдовски: Основнa цел на ребалансот e да се намалат непродуктивните трошоци

Со еденочасовна пауза веднаш по образлагањето на предложениот ребаланс на буџетот за 2017 од страна на ресорниот министер, стартуваше деседневната расправа за прекројувањето на државата каса во собраниската комисија за финансии и буџет.
Основната цел на ребалансот, нагласи Тевдовски, е намалување на непродуктивните трошоци.

За СДСМ ваквите кратењата се неопходни за да може да се реализираат ветените реформски проекти на Владата, за ВМРО-ДПМНЕ ребаланс нема реформска компонента.

Од ДУИ велат ќе го подржат предложениот ребаланс и покрај големите кратења. Од БЕСА пак побараа релоцирање на дел од буџетските средства.

Вкупните кратења со ребалансот изнесуваат околу 47 милиони евра, и наместо 3 % се предвидува економски раст од 2,2 % и дефицит од 2,9 отсто.

За ребалансот поднесени се вкупно 840 амандмани, 706 од ВМРО-ДПМНЕ, останатите од албанските партии. 


Мицкоски: Имаме урнисана економија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со граѓани и членови на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

На средбата Мицкоски говореше за актуелната политичка состојба, како и за делувањето на партијата во периодот што престои.

Тој го опиша едногодишното владеење на владата како катастрофално, со последици кои се чуствуваат и имаат огромно влијание врз граѓаните.

- Имаме урнисана економија, безпарица кај народот, урнисано здравство, земјоделие, образование. Еден голем хаос кој е предизвикан од непособната влада, и нивната неработа и непосветеност. Немаат остварено ниту едно големо ветување кое ќе го направи животот на граѓаните подобар. Оваа влада е најлошата досега, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека држвата забележува зголемување на долгот, а никаде ги нема парите за кои се задолжува.

-Нема проекти, нема ништо со што можете да кажете подобро се живее. Парите народот не ги гледа. А знаете зошто не ги гледа? Затоа што водат клептоманска политика, затоа што камионите од картелот треба да вртат, луѓето блиски до власта ги добиваат сите тендери, и затоа го укинаа советот за јавни набавки за да може во 4 очи да склучуваат договори. Кога ќе ви кажат дека живот ќе носеле, знајте дека од тоа ништо нема, ќе донесат само бизниси и црни пари за картелот на власт, посочи Мицкоски.

Тој се осврна и на раселувањето на младите и дека државата мора да најде начин да ги сочува во државата, со тоа што ќе понуди решенија за нивните проблеми.

-Македонија не може да си дозволи уште една генерација која ќе биде загубена. Секогаш кога ќе ги погледнам моите студенти гледам луѓе кои што едвај чекаат да го завршат и оформат своето високо образование и да се одвојат од својата земја, затоа што велат овие од власта ветуваа многу, и од овој безизлез, излезот е што подалеку. Им одговарам, немојте, почекајте, работите ќе се сменат. Нивното задржување и создавање подобра иднина ќе биде гавниот наш предизвик. Ќе понудиме решенија, за да вистински се чуствуваат дома со извесна иднина. Сонот на мојата генерација не успеа да се досонува, но сега ние третата генерација политичари имаме шанса да ги поразиме остатоците од транзицијата и да создадеме подобро општество за младите. Плановите за тоа што ќе правиме ќе бидаат содржани во новата програма што е биде нашиот завет за Македонија, истакна Мицкоски.

Тој додаде сите обесправени, жедни за правдини, револтирани, репресирани, да дојдат да излезат на големиот протест пред владата на 2 јуни заеднички да се испрати порака до владата дека е доста, доста е на сите погубни политики. Македонија има сила и Македонија ќе победи! /МИА

Курц: Загрижен сум за состојбата во ЕУ, мигрантите треба да се сопрат во Африка

Австрискиот канцелар Себастијан Курц смета дека агенцијата на ЕУ за заштита на границите (Фронтекс) треба да добие нов мандат.

Курц во интервју за германскиот дневник „Велт ам Зонтаг“ оценил дека Фронтекс ви требало во иднина да делува во северна Африка, за да се спречат мигрантите да преминат преку Медитеранот.

Фронтекс, според неговите зборови треба да добие нов мандат, за во согласност со трети држави, односно со тамошните влади, да може да делува на северот на Африка.

Целниот датум за 2027 година, кога е планирано Фронтекс да има 10.000 службеници, според Курц е предоцна.

„Мора многу побрзо да се направи доколку сакаме илегалната миграција делотворно да се спречи. Со тоа Фронтекс треба да има јасен политички мандат кои на службениците би им овозможил ефективно да ги преземат потребните мерки“ – нагласи тој.

Курц истакна дека целта е да се „сопре валканиот бизнис модел на криумчарите и да се спречат бродовите на криумчарите воопшто да тргнат на тие опасни патувања преку морето“.

Инаку, Австрија од 1 јули го презема претседателството на ЕУ и според зборовите на Курц, планира да ги намали тензиите внатре во ЕУ.

„Нашата цел е заштита на надворешните граници на ЕУ, внатрешна безбедност, како и борба против тероризмот и радикализацијата“ – објаснил тој.

Критички се осврнал и во врска со надворешната политика на САД, која според него станала “непредвидлива“ за Европјаните.

Приведена албанска државјанка при претрес во угостителски објект во Теарце

Албанската државјанка Л.М. (28) по полноќ била приведена во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка по претрес извршен од полициски службеници од Полициската станица Тетово во угостителски објект.

Албанската државјанка Л.М. (28) по полноќ била приведена во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка по претрес извршен од полициски службеници од Полициската станица Тетово во угостителски објект во тетовското село Теарце, каде била вработена како пејачка.

МВР информира дека при претресот во објектот, сопственост на Џ.М. од тетовското село Слатино, покрај албанската државјанка биле затекнати и четири државјанки на Република Македонија, кои, исто така, биле вработени како пејачки.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. /МИА

притисни ентер