Димитров ги претстави реформските приоритети во Центарот за европски политики во Брисел

Министерот за надворешна политика Никола Димитров, кој престојува во работна посета на Брисел, денеска во Центарот за европски политики ги претстави реформските приоритети на новата македонска Влада.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи, Димитров истакна дека интеграцијата во ЕУ претставува наша клучна стратешка цел и дека реформските приоритети зацртани во Планот 3-6-9 се доказ за нашата детерминираност во нејзиното остварување.

- Овој план е всушност патоказ кој предвидува конкретна динамика на активности кои треба да овозможат дофатлива европска перспектива. Истовремено, овој план претставува лакмус-тест за политичката волја и капацитет да се исправиме пред предизвиците и да фатиме приклучок кон возот на ЕУ кој не одминува. Нашите потфрлувања треба да бидат нотирани, но нашите успеси треба да бидат вреднувани. ЕУ може да направи квалитативен исчекор и разлика во регионот. За да успее во таа цел, мора да понуди „стап" кога ќе потфрлиме, но и „морков" кога ќе заслужиме. Во меѓувреме, мора да останеме искрени и при наградувањето и при критикувањето. ЕУ треба да демонстрира лидерство во политиката кон Балканот. Тоа е и можно и нужно затоа што местото на Балканот е во ЕУ, истакнал министерот Димитров.

Тој додаде дека новата реформска влада е ориентирана кон иднината.

- Ние мора да градиме нов имиџ на модерна демократска држава, во која институциите постојат за граѓаните, а не за елитите, а словото на законот важи подеднакво за сите. Реформите дома, се нашиот најсилен аргумент за издржаноста на нашето ЕУ досие во Брисел и кај државите-членки, рекол Димитров

Во соопштението се посочува дека во рамки на посетата Димитров одржал брифинг со COREPER амбасадорите и постојани преставници на земјите-членки во Брисел. На средбата министерот го елаборирал Планот 3-6-9 и изразил надеж дека со неговата реализација ќе се отстранат забелешките за застој на реформите во изминатите неколку години.

Имплементацијата на мерките, како што стои, ќе биде солидна основа за натамошните дискусии во Советот на ЕУ за унапредување на пристапниот процес на Република Македонија. Амбасадорите ја поздравиле реформската агенда на новата Влада и изразиле надеж дека ветеното ќе биде испорачано.

Министерот Димитров утре ќе ко-претседава со Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и РМ заедно со високиот претставник на ЕУ и потпретседател на Европската комисија Федерика Могерини, а на кој учествува и заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Бујар Османи и еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан. /МИА


Заев: Ве повикувам да ме следите. нашиот идентитет ќе биде обезбеден

Внимателно ги водиме процесите, градиме пријателства со соседите, изјави премиерот Зоран заев на трибина пред граѓаните на Кисела Вода.

-Внимателно ги водиме процесите, градиме пријателства со соседите, за да ги решиме отворените прашања што со години не влечеа надолу, преку дијалог, почитувајќи се меѓусебно., ова го кажа на синоќешната трибина премиерот Зоран Заев.

Пред граѓаните на Кисела Вода. Заев реферираше дека владата посветено работи на спроведувањето на зацртаните мерки што ги намалуваат трошоците за живот, обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните и повисоки плати. За само неколку месеци успеавме да испорачаме резултат и покрај тоа што наследивме катастрофална економска состојба ,рече Заев.

Ѓорчев на средби во Стејт Департментот и со претседателката на Херитиџ фондацијата

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев во Вашингтон оствари средба со Сузан Фалатко, заменик на бирото за Јужна и Источна Европа во американскиот Стејт Департмент. 

Во текот на разговорот стана збор за стратешкото партнерство помеѓу Македонија и САД, како и за актуелните прашања поврзани со НАТО интеграцијата на Македонија.

На средбата пратеникот Ѓорчев ги истакна загрижувачките процеси во Македонија поврзани со политичкиот прогон, состојбата со медиумските слободи и влошувањето на економската состојба.

Воедно, Ѓорчев се сретна со претседателката на Херитиџ фондацијата Кај Колс Џејмс, заблагодарувајќи се за долгогодишната улога на Херитиџ во промоцијата на македонско - американските односи, користејќи го уставното има на Македонија. Фондацијата Херитиџ е меѓу водечките тинк тенкови во Вашингтон, блиска до Републиканската партија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

ЈСП со изменет возен ред за празниците

 Возниот ред на автобусите од јавниот превоз утре и задутре ќе биде изменет поради празниците 24 Мај-Денот на „Св. Кирил и Методиј“ и 25 Мај-Духовден, соопшти денеска ЈСП Скопје.

Утре (четврток) автобусите ќе сообраќат по неделен возен ред, а задутре (петок) ќе важи саботниот возен ред.

- Во петок, сабота и недела, ЈСП Скопје ќе го зголеми бројот на поаѓања кон гробишта Бутел од Карпош, Ново Лисиче, Кисела Вода и во зависност од потребите на граѓаните ќе бидат ангажирани дополнителен број автобуси во периодот од 5 до 14 часот, информира ЈСП - Скопје.

притисни ентер