Топло со температура до 39 степени, попладне дожд

Во Македонија во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер, во западните делови од западен и југозападен правец, а во источните од јужен правец.
Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на места процесите ќе бидат поинтензивни, локално и во форма на невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и можна појава на град, особено во североисточните делови.
Утринската температура ќе се движи од 15 до 23 степени, а  дневната од 32 до 39 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер претежно од јужен правец. Кон крајот на денот ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а можна е и појава на краткотрајно невреме со поинтензивен пороен дожд и силен ветер.
Утринската температура ќе достигне до 20, а дневната до 39 степени.

Во недела ќе преовладува променливо облачно и свежо време со засилен северен ветер, а претпладне и со слаб локален дожд. Максималната температура ќе опадне на места и за повеќе од 10 степени и ќе биде во интервал од 22 до 29 степени. Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.

Се бара и бенифициран стаж и за градежните работници

Покрај доуредување на бенефицираниот стаж за рударите,  бенефиции да добијат и градежните работници од потешките струки во градежништвото, побараа од независниот синдикат на градежни работници.

Ја поздравија владината одлука за бенефициран стаж за рударските работници и апелираа, таа што поскоро да стапи на сила.

Уапсен помошникот на Макрон кој тепаше демонстрант

Помошникот на францускиот претседател, Емануел Макрон, задолжен за безбедност, кој тепаше демонстрант, е уапсен и се наоѓа на испитување.

Според неименуван судски претставник, александар бенала го испитуваат по точки на потенцијално обвинение.

Меѓу точките на обвинение се насилство предизвикано во група од страна на лице кое е ангажирано во јавна служба.

Макрон вчера беше критикуван зошто го задржал Бенала на работа, кој добил само казна – суспензија на две недели.

Опозициските лидери и дел од јавноста го критикуваа макрон бидејќи сметаат дека казната за вакво однесување е преблага, откако на социјалните мрежи беше објавена видеоснимка од протестот на кој се гледа како бенала влече една жена, а потоа тепа млад демонстрант на земјата.

Русија и Кина ја одложија забраната за извоз на нафта во Северна Кореја

Русија побара повеќе време за да ги испита обвинувањата на САД дека Северна Кореја нелегално увезува рафинирани нафтени производи надминувајќи ја квотата од 500 000 барели годишно, колку што е дозволено под санкциите на ОН.

Русија и Кина ги одложија напорите на САД во комитетот на Советот за безбедност да се нареди прекин на извозот на преработки од нафта во Северна Кореја.

Агенцијата повикувајќи се на неименувани дипломати, вели дека Русија и кина побарале повеќе детали во врска со обвиненијата на САД дека Пјонгјанг ги прекршил своите рестрикции.

Ова барање на Русија беше поддржано од Кина.

притисни ентер