Видео: Синди Крафорд како Мерлин Монро

Еден од најпознатите супермодели од 90- тите години на минатиот век, славната бринета Синди Крафорд комплетно го смени имиџот.
Убавата Синди веќе 30 години е присутна во светскиот шоу бизнис и предизвикува внимание каде и да се појави.

Славната манекенка за потребите на еден нов проект комплетно го смени имиџот и од бринета стана русокоса за што подобро да ја толкува улогата на холивудската дива Мерлин Монро.

Синди на својот Инстаграм профил веќе се пофали со својот нов изглед и покажа дека без проблеми  може да ја игра улогата на легендарната холивудска дива Мерлин Монро.




 

Cindy who? 💋•

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford) on

Порно ѕвезда ги бодри руските фудбалери од трибините

Руската ѕвезда Наташа Немчинова ги “запали“ трибините во првите денови на Светското првенство откако се појави на натпревар за поддршка на домаќините.

Русокосата, позната по прекарите Наталија Андреева, Анабел, Дилајла Џи и Даница, влезе во фан зоната, а многу мажи се прашуваа од каде ја познаваат.

Социјалните мрежи, исто така, го рефлектираа нејзиното присуство на стадионот, откако посакаа таа да се појавува почесто на трибините.

 

Меланија и Летиција: Кралиците на стилот ги одмерија силите, која победи? (фото)

Шпанската кралица Летиција и првата дама на САД, Меланија Трамп привлекоа посебно внимание кај модниот свет.

Нивната средба во Белата куќа остана без победник, бидејќи и двете дама покажаа исклучителен стил.

Убавата шпанска кралица повторно покажа дека има извонредно чувство за стил одлучувајќи се за розовиот фустан кој ја следи линијата на телото, украсен со копчиња. Нејзиниот фустан е креација на Мајкл Корс.

Foto: Getty

Меланија делуваше сензационално во интересниот фустан со А-крој без ракави во комбинација со сивозелена и бела боја.

И двете дами делуваа пристојни, софистицирано и одмерено.

Без премногу детали и накити, тие покажаа како и жените во зрели години можат да бидат облечени со стил.

Јапонските навивачи го исчистија стадионот по натпреварот со Колумбија (видео)

Јапонските фанови се најдоа на насловните страници на сите светски медиуми.

Имено, по победата од 2:1 над Колумбија во натпреварот од 1-то коло на групата „Х“ на Мундијалот 2018, тие го исчистија ѓубрето, кое го оставија за време на мечот.

Тие носеа вреќи, во кои го собраа целиот отпад од „Мордовија Арена“ во Саранск.

За кратко време, клиповите станаа хит на социјалните мрежи, а многу луѓе ги посочија како вистински пример.

Традиција во Јапонија е да се исчисти зад себе, без разлика дали станува збор за концерти, ученици на часови и така натаму.

 

притисни ентер