Француски магазин казнет со 100 илјади евра поради топлес фотографии на војвотката од Кембриџ

Британскиот принц Вилијам и војвотката од Кембриџ Кејт ќе добијат отштета од 100 илјади евра, поради објавување топлес фотографии на Кејт пред пет години.
Францускиот суд пресуди дека францускиот магазин Клосер ја нарушил приватноста на британската кралска двојка додека престојувала на одмор на југот на Франција.

Сумата од 100 илјади евра треба да ги исплатат уредникот, сопственикот и двајца фотографи на магазинот, кои се опфатени во пресудата.  Одредената сума е многу помала од онаа што ја бараа Вилијам и Кејт, која изнесуваше 1,5 милиони евра.

Фотографиите, направени со зум, на кои Кетрин се сонча на тераса, беа објавени на предната страница, но и во внатрешноста на магазинот Клосер во 2012 година. 

Фотографиите предизвикаа  бура од негодувања во Британија, а најексплицитна е онаа на која се гледа разголената војвотка од Кембриџ додека сопругот Вилијам и нанесува крем за сончање.

Авионот на Елвис Присли повторно на аукција

Авионот кој некогаш му припаѓал на Елвис Присли, а кој бил паркиран на пистата во Ново Мексико скоро четири децении, повторно е на продажба.

Елвис, како што се наведува, самиот ја дизајнирал внатрешноста на авионот.

Црвениот авион од 1962 година, нема мотор и неопходна е обновата на пилотската кабина, пренесува „АП“.

Сајтот за аукција „IronPlanet” објави дека авионот со седишта од црвен сомот и црвен тепих се враќа на продажба, откако моменталниот сопственик го купил минатата година за 430.000 долари.

Тврди дека спиела со милион мажи: Порано ми купуваа автомобили, а сега добивам само бакшиш

Триесет и двегодишната Кат Ли од Манчестер тврди дека во својот живот спиела со милион маж за пари.

Со проституција почнала да се занимава на 18 години, откако направила неколку разголени фотографии со својата сестра близначка.

„Имав повеќе од милион клиенти. Почнав уште како тинејџерка. Се започна кога јас и мојата сестра направивме сет разголени фотографии за еден магазин. Подоцна фотографот ни рече дека би биле добри за снимање на филмови, бидејќи сме близначки“ – раскажува таа за „Мирор“.

После скоро 15 години, Кат ја напуштила долгогодишната професија за да се занимава со хуманитарна работа, а воедно да работи и во еден локален паб.

„Чудно ми е бидејќи постојано размислувам како сум можела да работам еден час за 140 фунти, а денеска работам за седум фунти“  - изјавува таа.

„Кога бев ескорт ми купуваа автомобил и ми плаќаа летувања, а сега добивам само 20 отсто бакшиш“ – се пожалила Кат.

„Мојот типичен ден почнуваше во девет наутро. Луѓето го сакаа утрото бидејќи сакаа да се опуштат пред работат. Никогаш не знаев кога ќе биде најголемата гужва, но главно тоа беше навечер, околу 18 часот и во неделите околу 15 часот“ – тврди таа.

Клиентите ги делела на две групи – оние кои бараат друштво и кои спрема неа се однесувале како спрема девојче и оние кои биле агресивни.

„Еден доаѓаше само кога жена му одеше во шопинг, друг ми купуваше автомобили и ме водеше во Париз и Рим. Со него се чувствував како да сум Џулија Робертс“ – изјавува и додава дека во целата кариера имала само една потенцијално опасна ситуацијата кога клиентот ја нападнал и и ги земал парите.

 

Холандија: Кој оди на работа со велосипед, ќе добие пари за секој километар

Холандското министерство за инфраструктура предложило паричен надомест за сите вработени кои на работа патуваат со велосипед.

„Да излеземе од автомобилите и да ги земеме велосипедите. Целта ни е да придобиеме уште 200.000 луѓе кои со велосипедите ќе поминат три милијарди километри повеќе“ – изјавила Стиентје ван Велдховен, од ресорното министерство.

Според тој предлог секој жител кој на работи оди со велосипед би можел да добие по 19 центи за секој километар.

Тамошната влада планира и субвенции за купување на велосипед, но и додатни 100 милиони евра за зголемување на бројот на велосипедски патеки.

притисни ентер