Влатко, Бени и Љубојна ги повикаа граѓаните на утрешната празнична забава пред Владата

Со мотото „Македонија слободна, слободно живее“ македонските музичари Влатко Стефановски, Арбен Бени Шаќири, Вера и Оливер од Љубојна, денеска им го честитаа Денот на незавиноста - „8-ми Септември“ на граѓаните на Македонија и ги повикаа на празничната забава која ќе се одржи утре на платото пред Владата.

Вера Милошевска од Љубојна порача дека музиката е таа којашто имала главен акцент на културниот мозаик на Македонија и дека е среќна што со настап ќе може да им го честита празникот на сите Македонци.

Со рок концертот со кој ќе се одбележи празникот, според, Влатко Стефановски, се зборува за нов дух кој се чуствува во моментов во Македоноија. Тој потсети дека и пред 26 години кога се прогласи независноста на Македонија имал настап на бината на плоштадот.

Централната прослава ќе се одржи утре, а домаќин е Владата на Република Македонија пред чие плато ќе бидат поставени интерактивни уметнички инсталации.
На платото пред Владата ќе биде изведена детската претстава „Маша и нејзината приказна“,  а танц студиото „Данцерс Унитед Мк“ ќе изведе инклузивен танцов настап на професионални танчари со типичен развој и со танчари со попреченост.

Настап ќе имаат и Гудачкиот квартет - ВИВА стинг, Хорот при Македонската Опера и Балет, Биг Бенд на Здружението на џез музичари на Македонија, Љубојна со специјалниот гостин Џамбо Анѓушев, Бени и Нон Стоп со Златко Ориѓански, Влатко Стефановски Трио, Кпурдат, Шутка Рома Рап и Слаткаристика.  

Во рамки на централната прослава предвидено е да се обрати и претседателот на македонската Влада, Зоран Заев. 


Вчера го купил, а веќе денес го уништил својот автомобил вреден 300.000 долари (фото)

Сопственикот на новиот McLaren 720S целосно го уништи својот скапоцен автомобил само ден откако возилото му беше испорачано.

Возачот од Вирџинија, САД, во петок за прв пат седна во својот автомобил вреден 300 илјади долари, за веќе во саботата – по своја вина – да остана без него откако доживеал сообраќајна незгода.

На Фејсбук страницата на полицијата на округот Ферфакс, со објавена фотографија од удрениот автомобил, се наведува дека неименуван возач изгубил контрола на автомобил марка McLaren поради преголема брзина и дека возилото претрпело “тотална штета“.

За среќа, сопственикот поминал со повреди кои не се опасни по живот, а полицијата фотографијата ја споделила како отрезнувачко предупредување за возачите да не возат пребрзо.

 

Вил Смит танцува на врвот на мост во Будимпешта (видео)

Пред две недели американскиот рапер Дрејк издаде нова песна “In my feelings”, а од самата песна попознат стана танцот кои фановите ширум светот го изведуваат под наслов “In my Feelings Challenge”.

Се почна откако комичарот Шеги на својот Инстаграм профил објави снимка како танцува, а движењата му се согласуваа со ритамот на песната од Дрејк.

Видеото стана вирален хит, а фановите ширум светот го комираа насекаде. Најмногу се истакна актерот Вил Смит кој сними видео како танцува на врвот од Chain Bridge во Будимшешта.

Видеото го коментираа бројни ѕвезди и пејачот Џастин Тимберлејк кој напиша. „Ова е за победа“.

Пејачката Сијара која исто така сними видео како танцува и тоа во Кејп таун, му напиша на Смит: „Ти си легенда“., а неговиот син искоментира со: „Уништи“.

Во моментот на Инстаграм под хаштагот #InMyFeelingsChallenge се наоѓаат повече од 90.000 објави, каде луѓето ширум светот го изведуваат популарниот танц.

 

Маск го нарекол спасувачот “педофил“ – следува тужба?

Британецот кој учествувал во спасувањето на децата од пештерата на Тајланд најави дека ќе поднесе тужба против Илон Маск поради навреда.

Вернон Ансворт изјавил дека е згрозен и многу лут поради тоа што милијардерот го нарекол педофил и додал дека зборовите на Маск се напад на сите кои учествувале во акцијата.

„Верувам дека ме нарече педофил. Мислам дека луѓето сега сфаќаат за каков човек станува збор. Размислувам да поднесам пријава, ништо не е завршено“ – навел 63 годишниот Ансворт.

Целата драма започнала откако Ансворт изјавил дека подморницата која ја подготвил шефот на компанијата Тесла, а која требало да помогне во спасувањето е неупотреблива и дека нема шанси таа да биде корисна во обидот да се извадат заглавените деца.

„Тој немаше претстава како изгледа пештерата“ – изјави тогаш Ансворт.

После тоа Маск реагираше на Твитер, нагласувајќи дека подморницата е тестирана и не постои никаков сомнеж во нејзината употребливост.

„Извини педофиле, самиот го бараше тоа“ – напишал Маск, но потоа го избришал својот твит.

притисни ентер