Додека Ирма му ја уништувала куќата, Ричард Бренсон пиел вино во подрумот (фото)

Синот на Ричард Бренсон објави фотографија на која напишал дека луѓето на неговиот приватен остров Некер се безбедни, но зградата е целосно уништена од ураганот Ирма.
И неговиот татко, Ричард Бренсон бил на островот каде ги собрал сите луѓе и ги однел во својот подрум со вина каде седеле се додека бурата ја уништувала неговата куќа еден кат погоре.


 

#roadtown #tortola during the eye of the storm. Thinking of everyone! 🙏🏻😞 #hurricaneirma #bvi

A post shared by Sam Branson (@bransonsam) on


„Драго ми е дека сите луѓе на островот Некер се безбедни иако многу згради се уништени. Загрижен сум за нашите пријатели на соседните острови. Немојте, несериозно да го сфаќате овој ураган, доколку сте на неговиот пат. Ако објектот е од постара градба, одете негде каде што е посигурно. Домовите можат повторно да се изградат, но животите не. Природата не предупредува на влијанието на климатските промени. Сите мораме да направиме повеќе во борбата против тоа“ – напиша Сем.



Инаку, луксузната вила на Ричард Бренсон е целосно уништена во ураганот, а милијардерот објави фотографии непосредно пред ураганот да го погоди неговиот остров. Како што изјави, пред ураганот ги собрал сите луѓе од островот, кои преспале кај него.


 

#Tortola in the eye of the storm. Other side of #hurricaneirma hitting BVI now. Just so so sad 😞 #bvi #tragic

A post shared by Sam Branson (@bransonsam) on


„Ваква седенка не сме имале откако бевме деца. Чудно, но привилегија е да се искуси најголемата бура во историјата со ваква забавна група на млади луѓе“, напишал Ричард и додал дека верува дека уште малку вино ќе остане во подрумот кога бурата ќе се смири.

Тврди дека спиела со милион мажи: Порано ми купуваа автомобили, а сега добивам само бакшиш

Триесет и двегодишната Кат Ли од Манчестер тврди дека во својот живот спиела со милион маж за пари.

Со проституција почнала да се занимава на 18 години, откако направила неколку разголени фотографии со својата сестра близначка.

„Имав повеќе од милион клиенти. Почнав уште како тинејџерка. Се започна кога јас и мојата сестра направивме сет разголени фотографии за еден магазин. Подоцна фотографот ни рече дека би биле добри за снимање на филмови, бидејќи сме близначки“ – раскажува таа за „Мирор“.

После скоро 15 години, Кат ја напуштила долгогодишната професија за да се занимава со хуманитарна работа, а воедно да работи и во еден локален паб.

„Чудно ми е бидејќи постојано размислувам како сум можела да работам еден час за 140 фунти, а денеска работам за седум фунти“  - изјавува таа.

„Кога бев ескорт ми купуваа автомобил и ми плаќаа летувања, а сега добивам само 20 отсто бакшиш“ – се пожалила Кат.

„Мојот типичен ден почнуваше во девет наутро. Луѓето го сакаа утрото бидејќи сакаа да се опуштат пред работат. Никогаш не знаев кога ќе биде најголемата гужва, но главно тоа беше навечер, околу 18 часот и во неделите околу 15 часот“ – тврди таа.

Клиентите ги делела на две групи – оние кои бараат друштво и кои спрема неа се однесувале како спрема девојче и оние кои биле агресивни.

„Еден доаѓаше само кога жена му одеше во шопинг, друг ми купуваше автомобили и ме водеше во Париз и Рим. Со него се чувствував како да сум Џулија Робертс“ – изјавува и додава дека во целата кариера имала само една потенцијално опасна ситуацијата кога клиентот ја нападнал и и ги земал парите.

 

Холандија: Кој оди на работа со велосипед, ќе добие пари за секој километар

Холандското министерство за инфраструктура предложило паричен надомест за сите вработени кои на работа патуваат со велосипед.

„Да излеземе од автомобилите и да ги земеме велосипедите. Целта ни е да придобиеме уште 200.000 луѓе кои со велосипедите ќе поминат три милијарди километри повеќе“ – изјавила Стиентје ван Велдховен, од ресорното министерство.

Според тој предлог секој жител кој на работи оди со велосипед би можел да добие по 19 центи за секој километар.

Тамошната влада планира и субвенции за купување на велосипед, но и додатни 100 милиони евра за зголемување на бројот на велосипедски патеки.

Оскаровката открила зошто не сака да снима сцени со секс

Како што пишуваат американските медиуми, американската актерка Сандра Булок во својот договор ставила клаузула да не снима сцени со секс.

Една од најдобро платените актерки во Холивуд, 53 годишната Сандра Булок позната е по тоа што не сака да снима интимни сцени пред камера. И вистина е дека сите овие години, колку што е актуелна во светот на филмската индустрија, таа никогаш не се разголила.

Во рамките на промоцијата на новиот филм „Ocean’s 8”, Сандра на медиумите им открила дека имала специјално барање од режисерот и сценаристите. Станувало збор за клаузула во договорот според која не можат да бараат од неа да сними сцена во која ќе биде разголена, а причината за тоа ќе ве изненади.

„Не сум тип на личност која ќе рече: Ќе се снимам себе си во текот на сексот затоа што изгледам добро. Никогаш не сум се сликала и снимала во кревет – не сакам да гледам и да разберам која ми е добрата страна, како изгледаат работите, што значи – дека нема ни вие да дознаете“ – изјавила актерката за „Сандеј тајмс“.

притисни ентер