Фирмата на вицепремиерот доби тендер, Анѓушев тврди нема ништо спорно, не сум управител

Фирмата на вицепремиерот Кочо Анѓушев добила државен тендер ЕЛЕМ од „Фероинвест“ ќе набавува гумени транспортни ленти... Анѓушев не гледа ништо спорно во тендерот, вели повеќе не управува со фирмата...
Фирмата „Фероинвест“ на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев доби тендер од државната ЕЛЕМ. Според одлуката до која дојде Канал 5, тендерската набавка за гумени транспорти ленти е од 27 јуни, истиот месец кога Анѓушев седна на вицепремиерската фотелја. Вицепремиерот Анѓушев не гледа ништо спорно со државниот тендер. Тој во телефонски разговор за Канал 5 објаснува дека не значи ако има владина функција дека треба да стави клуч на „Фероинвест“. Тврди дека тој таму веќе не е управител. Анѓушев не чувствува одговорност.

Од ЕЛЕМ велат дека тендерската поскака почнала од претходното раководство. Првата аукција е поништена, втората се одржала, но новото раководство на ЕЛЕМ ја поништило. Наредната недела ќе има трето наддавање.

,,Во врска со конкретниот тендер досега се одржани две аукции, на кои најповолни цени понудија три фирми, меѓу кои и Фероинвест. Аукциите се поништени по жалби од други учесници во наддавањето, така што следната недела ќе се одржи нова аукција за овој тендер. Што се однесува до фирмата Фероинвест, ова правно лице,исто како и други фирми, и во изминатите години добавувала дел од потребната количина на гумени траки за РЕК-Битола“, велар од ЕЛЕМ.

Покрај Фероинвест, и уште две фирми од Бугарија и од Полска се во тендерска трка за да ја услужат државната ЕЛЕМ со набавка на гумени траки за РЕК Битола.


Пред Собранието изутринава мирно, сообрачајот нормализирана

Пред Собранието на Македонија изутринава е мирно по синоќешните насилни протести во кои се повредени седум полицајци и приведени 25 демонстранти. 

Барикадите се остранети, а сообраќајот по улиците околу собраниската зграда се одвива нормално. Забележливо е помало полициско присуство.  

МВР по синоќешните настани соопшти дека дел од демонстрантите на вчерашниот јавен протест во Скопје, употребија распрскувачки средства и насилно ја турнаа заштитната ограда, истовремено обидувајќи се насилно да влезат во Собранието. Со цел да се спречи ескалирање на ситуацијата и насилен упад во Собранието, а постапувајќи согласно процедурите, полицијата уопотреби солзавец, информира МВР.

Министерството за внатрешни работи потенцира дека го почитува правото на мирен протест, но нема да дозволи употреба на сила и насилен упад, како и нарушување на јавниот ред и мир. Министерството апелира на демократски начин на изразување на јавното мислење.

Повеќе информации од МВР за вчерашните случувањата пред законодавниот дом во центарот на Скопје ќе бидат соопштени во текот на денов.  

Протестите беа против Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство потпишан вчера во Псарадес.

Нова демократија: Тажен и срамен ден за Грција

Тажен и срамен ден за Грција, бил вчерашниот според Нова демократија и поради инцидентите во близина на Преспа и поради потпишаниот договор.

Од грчката опозициска партија коментираат дека Ципрас и Каменос вчера ја отстапија можноста „граѓаните на ПЈРМ да се нарекуваат Македонци и да говорат македонски јазик“, јави дописничката на МИА од Атина.

- Во исто време додека Ципрас и Коѕијас славеа во Преспа за еден договор што им штети на националните интереси, на полицијата и беше дадена наредба да покаже, до сега невидена, бруталност, испраќајќи ги дури и во болница граѓаните кои ја покажаа нивната патриотска чувствителност. Не е само тажен ден за Грција, туку е и ден на срам за Ципрас и Каменос, бидејќи заедно, на граѓаните на ПЈРМ им ја отстапија можноста да се самонарекуваат „Македонци“ и да поддржуваат дека говорат наводен македонски јазик, соопштуваат од опозициската партија и додаваат дека „македонски јазик и македонска националност не прифатила ниту една претходна грчка влада“.

Од Нова демократија коментираат дека грчкиот народ со право бил бесен, бидејќи сфатил дека коалиционата грчка влада за да се задржи на власт „веќе не води сметка за националните интереси“. Паралелно ги повикаа граѓаните да покажат смиреност и воздржаност. 

Автобус влета во публика на фестивалот Пинк поп во Лимберг

Едно лице загина, а три се повредени кога автобус влета во публиката на фестивалот Пинк поп во Лимберг, на југот од Холандија.

Инцидентот се случил неколку часа по настапот на американскиот пејач Бруно Марс, кој го затвори фестивалот, пренесе Ројтерс.

Полицијата соопшти дека возачот на автобусот побегнал од местото на настанот и по него е распишана потерница, а улиците околу местото на одржување на фестивалот се затворени.

притисни ентер