Трагедија: 11 годишно и неговите родители загинаа во вулкан

Брачен пар од Торино и нивниот 11 годишен син загинаа во вулкански кратер во близина на Неапол.

Спасителите стигнале веднаш , но било предоцна . Тројцата пропаднале во вулканскиот отвор наречен ,,Солфатара “ во близина на Неапол на југот на Италија.

Сеуште нема официјални информации како дошло до трагедијата , но италијанските медиуми известуваат дека најверојатно детето ја преминало забранетата зона , а родителите тргнале да го спасат. Тие пропаднале во дупка длабока 1,5 метри каде има сулфурни испарувања.

Второто дете, седумгодишниот син , кој бил сведок на трагедијата , останал жив .

,,Солфатара” e позната дестинација на туристите . Претставува заспан вулкан , кој последен пат еруптирал во 1198 година.

Целата област е позната и по опасноста од жив песок и затоа постојат огради за ограничено движење на туристите .

.

Олимпискиот оган денес ќе биде запален во Античка Олимпија

Денеска традиционално од зраците на сонцето, во Античка Олимпија  ќе биде запален олимпискиот оган за Летните олимписки игри „Париз 2024“, а откако ќе помине 11 дена низ цела Грција.

Денеска традиционално од зраците на сонцето, во Античка Олимпија ќе биде запален олимпискиот оган за Летните олимписки игри „Париз 2024“, а откако ќе помине 11 дена низ цела Грција, на 26 април ќе им биде предаден на организаторите, веднаш откако ќе биде запален огнот, ќе започне и штафетното пренесување во цела Грција,што ќе трае 11 дена.

Во Грција е Дејан Трајковски.

Дејан започна манифестацијата по повод палењето на олимпискиот оган, што се случува денеска во Грција ?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Видео: Пожар избувна во зградата на Берзата во Копенхаген, нејзиниот врв се урна

 Пожар изутрината го зафати покривот на 17-годишната зграда на Берзата во Копенхаген, која е една од најстарите згради во градот, јавуваат медиумите.

Зградата која се наоѓа веднаш до палатата Кристијансборг, каде што се наоѓа Парламентот, е популарна туристичка атракција.

Се урна симболичниот врв во облик на заплеткани опашки на четири змејови, висок 56 метри.

Големи облаци чад се издигнуваат над центарот на Копенхаген и се гледаат луѓе кои трчаат во зградата за да ги спасат сликите. Данските медиуми јавуваат дека анексот на Парламентот е евакуиран.

Полицијата и пожарникарите се пред зградата, која е опкружена со скелиња. Пристигнала и Итна помош, но нема информации за жртви. /МИА

Од четврток две дополнителни автобуски линии за Саемот на книга

ЈСП Скопје и годинава ќе овозможи полесен пристап на посетителите на „Меѓународен саем на книгата“ кој ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски“.

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека од четврток ќе бидат пуштени дополнителни линии поради Меѓународниот саем на книгата што ќе се одржува во спортскиот центар „Борис Траковски“.

Со цел полесен пристап на посетителите во редовниот линиски превоз ќе бидат пуштени линиите „100“ и „200“ од кои едната ќе поаѓа од Ново Лисиче, а другата од Дексион.

И двете линии ќе сообраќаат до 24 овој месец, а билетите за нивно користење ќе чинат согласно со ценовникот за користење на јавен превоз.

Возен ред на линија „100“ (Ново Лисиче - СЦ „Борис Трајковски“)

Од Ново Лисиче: 11 ч, 12.20 ч, 13.40 ч, 15 ч, 16.20 ч, 17.40 ч.

Од СЦ „Борис Трајковски“: 11.40 ч, 13 ч, 14.20 ч, 15.40 ч, 17 ч, 18.20 ч.

Траса на движење: улица „Февруарски поход“, булевар „В.Смилевски Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „К.Јосифовски Питу“, булевар „Кочо Рацин“, улица „11 Октомври“, улица „Димитрие Чуповски“, булевар „Св. Климент Охридски“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

Возен ред на линија „200“ (Дексион-СЦ „Борис Трајковски“)

Од Дексион: 11.20 ч, 12.40 ч, 14 ч, 15.20 ч, 16.40 ч, 18 ч.

Од СЦ „Борис Трајковски“: 12 ч, 13.20 ч, 14.40 ч, 16 ч, 17.20 ч, 18.40 ч.

Траса на движење: улица „Црногорска“, улица „Кузман Шапкарев“, улица „Ѓорче Петров“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

притисни ентер