Центарот на Барселона под опсада

Голема антитерористичка акција во центарот на Барселона .
Десетици полицајци целосно ја евакуираа зградата Саграда во Барселона , како и блиската метро станица поради опасност од нов терористички напад. Блокирани се и приодите кон центарот на градот .

Засега на туристите и граѓаните им било кажано дека е во тек антитерористичка акција .

Медиумите известуваат дека во близина на Саграда , било забележано сомнително комбе со пакет . Во тек е акцијата на експертите за експлозиви , потврдува полицијата .

Оваа акција доаѓа на само неколку недели по терористичкиот напад во Барселона , каде токму во близна на Саграда со комбе беа прегазени 13 лица.

Салвини: За жал Ромите не можеме да ги протераме

Италијанската влада планира да спроведе попис на Ромите кои живеат во таа земја за да се утврди колкав број од нив тука престојуваат илегално, изјави министерот за внатрешни работи.

Меѓутоа, Матео Салвини додал и дека “за жал, италијанските Роми нема да може да ги протера“.

Салвини, лидерот на крајно десничарската „Лига“, за телевизијата „Ломбардија“ изјавил дека неговото министерство го разгледува “ромското прашање“ и сака да види “колку“ Роми има во Италија.

Изјавата на Салвини, предизвикала критика кај Демократската партија која изјавила дека неговиот повик потсетува на “етничко чистење“, пренесува „Ројтерс“.

Тој потоа реагирал со соопштение во кое изјавил дека владата нема намера да прави посебна архива за Ромите или да зема отпечатоци од прсти, туку сака да ги заштити ромските деца, чии родители им забрануваат да одат во локалните училишта.

Додал дека сака да провери како се трошат средствата на Европската унија наменети за помош на маргинализираните заедници.

Салвини минатата недела предизвика “бура“ во Европа кога одби да дозволи хуманитарни бродови со повеќе од 600 африкански мигранти да влезат во италијанските пристаништа.

Поповски: Лажните вести носат пораки на национализам, поделба и раздор

 Лажните вести речиси секогаш носат пораки на национализам, поделба, раздор, конфликт и омраза. 

Проблемот со лажните вести е сериозен и треба посветено да работиме на справување со овој предизвик, порача денеска од Велес министерот без ресор, задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски.

- Видовме, не само деновиве, туку и низ годините наназад, колку штетна може да биде пропагандата, дека тие лажни зборови честопати поттикнуваат вистинско и брутално насилство и агресивно однесување, истакна Поповски на форумот посветен на справувањето со дезинформации.

Тој оцени дека завчера, за време на насилните протести во Скопје, но и во континуитет на социјалните мрежи, се шират лажни и вознемирувачки вести вклучувајќи наводни жртви на полициска бруталност, за кои се користат стари фотографии од личности од светот, лажни текстови и постови. 

Говорејќи за поставеноста на Владата за справување со овие предизвици на дигиталното дезинформирање, Поповски го истакна повикот на Владата за конструктивна атмосфера и отворена дебата со граѓаните за секое отворено прашање, без страв, заплашување и притисоци да градат сопствени ставови за секое отворено прашање, посебно акцентирајќи го претстојниот референдум за Договорот со Република Грција.

Според министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, лажните вести имаат за цел намерно извртување и манипулирање на јавноста. Тој потсети дека измените во законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги гарантираат услови за професионализација на медиумите и даваат шанса политичарите да ги тргнат рацете од медиумите. 

- Клучот е во новинарска фела, да се саморегулира и се држи до етичките и морални стандарди. Владите и сите политички субјекти мораат да се држат до овие стандарди, нагласи Манчевски.

Директорот на Канцеларијата на УСАИД за општ развој Едвард Гонзалес смета дека граѓаните треба да развијат практика на следење на вести од различни извори и да бидат критични кон информациите кои ги конзумираат, а од друга страна Владата да промовира транспаретност и отчетност.

Муслиу: ВМРО-ДПМНЕ треба да учествува во работата на Собранието

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу смета дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да најде начин да учествува во работата на Собранието кога се расправа за ова важно прашање.

За него тоа што Европската унија, НАТО и Обединетите нации цврсто застанаа зад овој договор е гаранција дека од процесот нема да се отстапи.

Целиот разговор со политичкиот аналитичар Алберт Муслиу погледнете го во видеото.

притисни ентер