Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за економски прашања и за култура.
На собраниската Комисија за европски прашања е закажана јавна расправа на тема „Младинските организации како дел од Берлинскиот процес".

На комисијата за економски прашања на дневен ред е Предлог на  закон за трговија на зелени пазари, по скратена постапка - второ читање, поднесен од Ејуп Аљими, Петре Шилегов, Весел Мемеди, Артан Груби.

Комисијата за култура на седницата има три точки на дневниот ред - Предлог-закон за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Република Македонија во прво читање;  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за употреба на македонскиот јазик во прво читање и Активности за подготовка на Предлог-програмата за одбележување на јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2018 година. /МИА

Утре сончево со мала до умерена облачност

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Во западните делови пооблачно, попладне со појава на пороен дожд и грмежи.

Т-мин. од 11 до 19, а т-макс. од 26 до 34 степени. /МИА

Европол: Поголем број на терористички напади во ЕУ отколку во 2016 година

Бројот на џихадистички напади бил за 50 отсто поголем минатата година, во однос на 2016 година, соопшти денеска Европол.

Девет членки на ЕУ во 2016 година пријавиле 142 неуспешни напади, додека бројот на обиди за напад во 2017 бил 205, што е за 45 отсто повеќе.

Во вкупно 33 напади, кои се случиле, починале 68 лица, додека 844 биле повредени.

Мал раст бележат и нападите кои ги извршиле левичарските или анархистичките групи и поединци.

„Бројките во овој извештај не се само статистика. Не смееме да заборавиме, дека зад секој број стои барем една невина жртва. За да се бориме против тероризмот важно е да имаме оптимална размена на информации и точни податоци“ – изјавила извршната директорка на Европол, Катрин Де Бол.

Европол наведува и дека уапсени се 975 лица поради терористички активности – учество или подготвување на терористички напади, џихадистичка пропаганда или регрутирање, а најчесто се користени ножеви за нападите.

Александар Пандов и Алберт Муслиу во „Само вистина“

Муслиу во „Само Вистина“: Не е добро да се повикува на бојкот за референдумот.

Пандов во „Само Вистина“: Јас нема да гласам на референдумот и ќе повикувам на бојкот

Во вечерашното издание на тв дуелот „Само Вистина“ гостуваа Александар Пандов и Алберт Муслиу. 

Пандов истакна дека нему му пречи целиот договор зашто со него се уништува и разнебитува се што е Македонско и дека со овој договор како и со претходниот заедно се разнебитува историјата и е влез во една фаза на разнебитување поделба на Македонија од страна на соседите. Муслиу вели дека договорот е добар и дека ги заштитува посебноста и она што значи Македонски идентитет јазик и култураб и дека оптимално е најдоброто максимално што можело да се постигне на преговарачката маса.

И двајцата сметаат дека референдумот е врвен демократски институт и можност на кој граѓаните ќе можат да го изнесат својот став, со тоа што Пандов рече дека ќе го бојкотира и ќе повика и другите да го бојкотираат зашто, како што наведе, ќе се полнеле кутии а Муслиу рече дека не е добро да се повикуваат граѓаните да го бојкотираат референдумот и дека Меѓународната заедница нема да дозволи лажирање на референдумот.

Во поглед на можноста за импичмент Пандов цени дека претседателот постапува исправно што не го потпишува Договорот и дека го оквалификува како штетен за државата. Муслиу смета дека многу лесно Парламентарното мнозинство може да обезбеди двотретинско мнозинство за покренување постапка за импичмент.

Погледнете ја вечерашната емисија „Само вистина“ тука.

притисни ентер