ОИ во Париз во 2024, во Лос Анѓелес во 2028 година

Со откривањето на симболот на Олимписките игри пред Ајфеловата кула во Париз, Франција го слави изборот да биде домаќин на Олимписките игри во 2024-тата година.

Меѓународниот олимписки комитет едногласно соопшти дека Париз и Лос Анѓелес ќе бидат домаќини на две најпрестижни спортски натпреварувања и е прв пат во историјата на еден конгрес да се одберат двајца домаќини.

Откако само тие останаа во трка, Париз и Лос Анѓелес меѓусебно се договорија француската престолнина да ги одржи игрите во 2024-тата, а американскиот град четири години подоцна.

Париз последен пат организирал Олимписки игри во 1924 година.


 

Порно ѕвезда ги бодри руските фудбалери од трибините

Руската ѕвезда Наташа Немчинова ги “запали“ трибините во првите денови на Светското првенство откако се појави на натпревар за поддршка на домаќините.

Русокосата, позната по прекарите Наталија Андреева, Анабел, Дилајла Џи и Даница, влезе во фан зоната, а многу мажи се прашуваа од каде ја познаваат.

Социјалните мрежи, исто така, го рефлектираа нејзиното присуство на стадионот, откако посакаа таа да се појавува почесто на трибините.

 

Меланија и Летиција: Кралиците на стилот ги одмерија силите, која победи? (фото)

Шпанската кралица Летиција и првата дама на САД, Меланија Трамп привлекоа посебно внимание кај модниот свет.

Нивната средба во Белата куќа остана без победник, бидејќи и двете дама покажаа исклучителен стил.

Убавата шпанска кралица повторно покажа дека има извонредно чувство за стил одлучувајќи се за розовиот фустан кој ја следи линијата на телото, украсен со копчиња. Нејзиниот фустан е креација на Мајкл Корс.

Foto: Getty

Меланија делуваше сензационално во интересниот фустан со А-крој без ракави во комбинација со сивозелена и бела боја.

И двете дами делуваа пристојни, софистицирано и одмерено.

Без премногу детали и накити, тие покажаа како и жените во зрели години можат да бидат облечени со стил.

Јапонските навивачи го исчистија стадионот по натпреварот со Колумбија (видео)

Јапонските фанови се најдоа на насловните страници на сите светски медиуми.

Имено, по победата од 2:1 над Колумбија во натпреварот од 1-то коло на групата „Х“ на Мундијалот 2018, тие го исчистија ѓубрето, кое го оставија за време на мечот.

Тие носеа вреќи, во кои го собраа целиот отпад од „Мордовија Арена“ во Саранск.

За кратко време, клиповите станаа хит на социјалните мрежи, а многу луѓе ги посочија како вистински пример.

Традиција во Јапонија е да се исчисти зад себе, без разлика дали станува збор за концерти, ученици на часови и така натаму.

 

притисни ентер