Фото: Моника Белучи во мокар проѕирен фустан

Долги години Италијанката Моника Белучи е во кругот на најубавите жени на светот.
„Жешката“ Италијанка уште еднаш потврди дека вистински заслужува секогаш да биде во врвот на листите на најубавите жени на Планетата.

Иако одамна е влезена во шестата деценија од животот Моника и понатаму го привлекува вниманието на јавноста каде и да се појави.

Сексапилната Моника немаше проблем да прошета во мокар бел проѕирен фустан кој ги откри сите нејзини атрибути.

Порно ѕвезда ги бодри руските фудбалери од трибините

Руската ѕвезда Наташа Немчинова ги “запали“ трибините во првите денови на Светското првенство откако се појави на натпревар за поддршка на домаќините.

Русокосата, позната по прекарите Наталија Андреева, Анабел, Дилајла Џи и Даница, влезе во фан зоната, а многу мажи се прашуваа од каде ја познаваат.

Социјалните мрежи, исто така, го рефлектираа нејзиното присуство на стадионот, откако посакаа таа да се појавува почесто на трибините.

 

Меланија и Летиција: Кралиците на стилот ги одмерија силите, која победи? (фото)

Шпанската кралица Летиција и првата дама на САД, Меланија Трамп привлекоа посебно внимание кај модниот свет.

Нивната средба во Белата куќа остана без победник, бидејќи и двете дама покажаа исклучителен стил.

Убавата шпанска кралица повторно покажа дека има извонредно чувство за стил одлучувајќи се за розовиот фустан кој ја следи линијата на телото, украсен со копчиња. Нејзиниот фустан е креација на Мајкл Корс.

Foto: Getty

Меланија делуваше сензационално во интересниот фустан со А-крој без ракави во комбинација со сивозелена и бела боја.

И двете дами делуваа пристојни, софистицирано и одмерено.

Без премногу детали и накити, тие покажаа како и жените во зрели години можат да бидат облечени со стил.

Јапонските навивачи го исчистија стадионот по натпреварот со Колумбија (видео)

Јапонските фанови се најдоа на насловните страници на сите светски медиуми.

Имено, по победата од 2:1 над Колумбија во натпреварот од 1-то коло на групата „Х“ на Мундијалот 2018, тие го исчистија ѓубрето, кое го оставија за време на мечот.

Тие носеа вреќи, во кои го собраа целиот отпад од „Мордовија Арена“ во Саранск.

За кратко време, клиповите станаа хит на социјалните мрежи, а многу луѓе ги посочија како вистински пример.

Традиција во Јапонија е да се исчисти зад себе, без разлика дали станува збор за концерти, ученици на часови и така натаму.

 

притисни ентер