Врховен ќе расправа за Звонко Костовски и за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Врховниот суд на денешната седница треба да се расправа за Барањето за заштита на законитоста поднесено од Специјалното јавно обвинителство за пресудата за шестообвинетиот во случајот „Пуч“, Звонко Костовски.


Скопскиот Кривичен суд на 25 февруари 2015 година донесе пресуда за поранешниот вработен во УБК, Звонко Костовски, со образложение дека како службено лице во МВР од 2010 година неовластено ја користел опремата на МВР за следење на комуникациите и во неа внесувал телефонски броеви на политичари и други јавни личности. Костовски ја потпиша спогодбата со Јавното обвинителство и се согласи за издржување затворската казна од три години.
Барањето до Врховен суд е поднесено, бидејќи според СЈО казна не може да издржува само шестообвинетиот како помагач за нелегално прислушување, а притоа да не одговараат извршителите. Затоа СЈО побара ревизија на правосилната пресуда за да се утврди одговорност на сите фактори, како и поради контрадикторните факти во случаите „Пуч“ и „Таргет“.

Врховните судии денеска треба да одлучуваат и по барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да се замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи претходно Кривичниот суд го одби ова барање.

СЈО изрази сомнеж дека имотот на ВМРО-ДПМНЕ е стекнат на незаконски начин, порадишто побара негово замрзнување./МИА.

Мицкоски: Колку е поголем бројот на тие кои што гласаат толку промените ќе бидат посилни

Добар ден на сите, благодарам на интересот. Денеска е посебен ден, денеска е убав ден, сончев ден, ден кога треба граѓаните да излезат и да гласаат. Ден кога сета сила е во рацете на граѓаните.

Оние малкумина 100-тина души кои што изминатиот период одлучуваа за судбината на граѓаните сега се безгласна буква.

Денеска граѓаните се тие кои што одлучуваат за иднината на своите семејства, иднината на Македонија, иднината на своите деца.

И затоа мојата порака денеска од овде е да се излезе, да се гласа, секој да одвои десетина минути од своето време. Бидејќи на тој начин одлучува за иднината на своите деца, своето семејство и иднината на Македонија.

Колку е поголем бројот на тие кои што гласаат толку промените ќе бидат посилни.

Затоа уште еднашка повикувам на масовна излезност и ги повикувам граѓаните да излезат и да гласаат и заеднички да ја определиме траекторијата по која што Македонија ќе се движи во иднина, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при гласањето.

Фото: Прва објава на Кејт Мидлтон на Инстаграм по дијагнозата

Принцот Луис го слави својот шести роденден, а по тој повод неговиот портрет е објавен на официјалниот Инстаграм профил на принцезата и принцот од Велс.

Портретот го направи принцезата од Велс Кејт Мидлтон, а тоа е нејзина прва објава откако објави дека и е дијагностициран рак. „Среќен 6-ти роденден на принцот Луис! Ви благодариме за сите убави желби“, гласеше натписот.

Да потсетиме, за Денот на мајката, Кејт Мидлтон објави заедничка фотографија со своите деца, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот, а фотографијата крена голема прашина поради многуте монтирани детали. Откако светските медиумски агенции ја повлекоа фотографијата, таа призна дека фотографијата е фотошопирана и се извини за хаосот што го направила. Не долго потоа, Кејт ја објави веста за дијагнозата.

Инаку, Кејт во претходните интервјуа откри дека родендените на своите деца ги слави точно на полноќ и дека секогаш им подготвува торта, а многумина се прашуваат дали оваа година ќе успее да ја задржи традицијата.

Извор: Индекс.хр

притисни ентер