Отворено писмо од Илија Димовски до Талат Џафери

Пратеникот Илија Димовски испрати писмо до Талат Џафери.


Во име на сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Колицијата „За подобра Македонија“ сакам остро да регирам на грубите прекршувања на процедурите поврзани со донесување на Законот за употреба на јазиците кој што е во собраниска процедура спротивно на Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија.

Недозволиво е во една демократска државата која што претендира да биде дел од НАТО и ЕУ грубо да бидат погазени и прекршени сите процедури и регулатви кои се наведени во Деловникот за работа на Собранието на Репбулика Македонија.

Во вашата намера побрзо да го донесете Законот за употреба на јазиците се прекршени повеќе членови од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија.

Го прекршивте член 118 став 4 од Деловникот на Собранието на Република Македонија. Овој член јасно предвидува дека со одлука за основање на работни тела и анкетни комисии, се утврдува делокругот за работа и бројот на членови на комисиите.

Во Одлуката за основање на постојани работни тела која што ја има донесено Собранието на Република Македонија на 31.05.2017 јасно и прецизно е утврдена надлежноста на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Во оваа одлука како надлежност на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е придвидено и правото на употреба на јазици и писма на заедниците. Според оваа одлука Законот за употреба на јазиците треба да се разгледува на оваа комисија како матично работно тело, а не на Комисијата за европски прашања.

Спротивно на оваа одлука и спротивно на Деловникот за работа на Собранието на Република Вие како матична комисија за разгледување на Законот за употреба на јазиците ја прогласивте Комисијата за европски прашања. Оваа Комисија никогаш досега не била прогласена за матична комисија за закон од ваков обем и ваква проблематика.

Го прекршивте член 135 став 4 во кој што е наведено дека кога предлог на закон содржи одредби со кој се врши усогласување со правото на ЕУ во воведот на Законот се наведуваат и податоци за изворниот акт на ЕУ, со полн назив број и датум.

Во воведот на Предлог законот за употреба на јазиците кој што е во собраниска процедура не постои и не е наведен никаков изворен акт на ЕУ со полн назив, број и датум, поради тоа што таков правен акт на ЕУ воопшто и не постои.

Со ваквата постапка го злоупотребивте европското знаеме само со една единствена цел, во многу краток рок да се донесе Законот за употреба на јазиците спротивно на деловничките одредби, праксата и регулативите.

Го прекршивте и член 136 од Деловникот на Собранието на Република Македонија. Овој член предвидува дека доколку предлог законот не е подготвен во согласно со одребите на овој деловник, а овој Закон не е подготвен согласно член 135 став 4, предлог законот не може да продолжи во понатамошна постапка.

Бидејќи овој закон не е во согласност со одредбите од Деловникот, вие сте должен пред да го доставите до пратениците во рок од 15 дена да побарате од предлагачаот да ги отстрани сите недостаоци и да го усогласи согласно деловникот, а доколку предлагачот не го дополните предлогот на законот во рок од 15 дена се смета дека предлогот на законот не е поднесен. Во изминатите 15 дена нити е упатено писмо од ваша страна до предлагачот за отстранување на недостатокот, ниту пак недостатокот е отстранет.

Ги прекршивте и членовите 139 и 140 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, каде што е регулирано дека и Законодавно-правната комсиија одржува општ претрес по предлог на законот во рамките на три дена. Законодавно-правната комсиија спротивно на овие членови по само еден ден дискусија наметна гласање.

Вакво грубо непочитување и кршење на процедурите не е видено досега во Собранието на Република Македонија. Да се прекршат сите процедури само за лични и партиски интереси е недозволиво.

Пратениците како претставници на граѓаните во Собранието, треба да се пример за почитување на законите, регулативите и прописите во Република Македонија. Поради овие причини бараме веднаш да се прекине процедурата и да се отстранат сите недостатоците како и неуставноста во законот.

Ве уверувам дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Колицијата „За подобра Македонија“ се спремни за дебата, но таа дебата мора да биде во рамки на процедурата и мора да е во рамки на Уставот на Репбулика Македонија.

Со цел да запре процедурата, но да продолжи дебатата за овој предлог закон кој што е од поширок интерес, согласност со член 145 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, бараме за овој предлог закон да се се спроведе јавна дискусија.

На оваа јавна дискусија да ги поканиме сите засегнати субјети и стручни лица, како што се професори по македоснки јазик, професори по албански јазик, професори по турски јазик, босански јазик, српски јазик, ромски јазик, влашки јазик, да поканиме професори од сите правни факултети во Република Македонија, професори по компаративно право, практичари и уште многу други кој што отворено ќе дебатираат за потребата од донесување на вака важен закон.

Уставот, Деловникот, законите и процедурите мора да се почитуваат, се вели во писмото кое беше испратено од Илија Димовски до Талат Џафери.

Бонмати и Ѓоковиќ добитници на спортските оскари за 2023

Шпанската фудбалерка Аитана Бонмати и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се добитници на наградата Лауреус, таканаречените Оскари за најдобра спортистка и спортист во 2023 година.

Минатата година Бонмати беше избрана за најдобар играч во изборот на ФИФА, а беше прогласена и за најкорисен играч (МВП) на Светското првенство на кое Шпанија ја освои шампионската титула.

Новак Ѓоковиќ ја освои наградата Лауреус по петти пат во кариерата, откако минатата година освои три од четирите грен - слем турнири (Австралија Опен, Ролан Гарос, УС Опен) и играше во финалето на четвртиот (Вимблдон).

Спортистите за наградата Лауреус се номинирани од претставници на светските медиуми, а победниците ги избираат 69 членови на Светската спортска академија Лауреус. Наградата е основана во 2000 година.

Добитници на наградата Лауреус за 2023 година:

Спортистка на годината: Аитана Бонмати

Спортист на годината: Новак Ѓоковиќ

Тим на годината: Шпанска женска фудбалска репрезентација

Најголем напредок: Џуд Белингем

Повратничка на годината: Симон Белс

Најдобра спортистка со попреченост: Диде де Грот

Спортистка на година во акциски спортови: Ариса Трев

Награда за хуманитарна работа: Фондација Рафа Надал. /МИА

Гласањето на болните и изнемоштените во десетте општини од Југоистокот почна без проблеми

Најмногу болни и изнемоштени се пријавени во Општина Струмица - 356.

Вкупно 1.547 болни и изнемоштени лица денеска гласаат во првиот круг од претседателските избори во десетте општини во Југоисточниот плански регион - Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Конче, Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово. Гласањето се одвива без проблеми и според општинските изборни комисии се очекува да заврши во попладневните часови.

Најмногу болни и изнемоштени се пријавени во Општина Струмица - 356, а заедно со нив гласат и затвореници од Затворот во Струмица. Утрово од 07:30 почна подигањето на избирачкиот материјал и процесот тече без проблеми.

Претседателите на изборните комисии од другите општини, исто така, информираат дека гласањето се одвива нормално и без пробеми.

Во Општина Ново Село се пријавени 299 болни и изнемоштени лица, Босилово-172, Гевгелија-175, Валандово-78, Василево-186, Радовиш-123, Конче-48, Дојран-44, Богданци-66 избирачи.

Во избирачкиот список во десетте општини вкупно се запишани вкупно 147167 граѓани со право на глас, кои ќе гласаат на 273 избирачки места.

ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер