Комисијата за култура даде поддршка за укинување на Законот за национален уметник

Собраниската Комисија за култура на продолжението на втората седница денеска со шест гласа „за“ и четири гласа „против“ го усвои Предлог-законот за престанување важењето на Законот за национален уметник на Република Македонија, во прво читање.
Министерот за култура Роберт Алаѓозовски посочи дека со Законот се прави нерамноправен третман меѓу уметниците, како и меѓу уметниците и другите вработени во културата и посочи дека државата треба да прави напори за да обезбеди еднакви услови за сите, а не да фаворизира едни или други.
- Сакаме да воведеме принцип на еднаквост, вклученост и фер третман кон сите. Во критериумите за добивање на оваа титула авторите треба да покажат дека добиле државни награди коишто и самите имаат паричен облик од 15 или 20 просечни плати. Да не создаваме однос во кој само едни избрани преку комисијата се стимулирани. Сакаме да воведеме системски начин на стимулирање на уметничкото творештво и почитување и соодветно наградување на авторскиот труд без да создаваме како политичари арбитрарни аргументи зошто одредени уметници треба да добиваат материјални поттици, а други не, изјави министерот Алаѓозовски.

Посочи дека дебата во јавноста „за“ или „против“ има, така што ова не е закон што се носи со акламативно прифаќање од јавноста и фелата.
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ и поранешна министерка за култура Елизабета Канческа Милевска посочи дека наместо да се разговара за нови и подобри критериуми, се зборува за укинување на наградата и нагласи дека во јавноста немало дебата за овој предлог како што имало пред донесувањето на Законот поради што побара да има јавна дебата.

Претседателката на Комисијата, Ирена Стефоска, рече дека бидејќи се носи национална стратегија за култура, да не се прави парцијално, туку да се направат серија јавни расправи каде како една од темите ќе биде и овој проблем.

- Во процесот на читање на законот и понатаму можеме да поканиме неколкумина уметници да кажат свое мислење. Деловникот предвидува и ќе бидат поканети меѓу прво и второ читање, рече Стефоска.

Од донесувањето на Законот до денес со оваа титула се стекнале уметниците Симон Трпчески, Есма Реџепова, Борис Трајанов, Ана Дурловска и Никола Маџиров. Со овој Предлог-закон се укинува само наградата, а на националните уметници кои веќе се стекнале со ова право тоа ќе им биде продолжено. 

Утре сончево со мала до умерена облачност

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Во западните делови пооблачно, попладне со појава на пороен дожд и грмежи.

Т-мин. од 11 до 19, а т-макс. од 26 до 34 степени. /МИА

Европол: Поголем број на терористички напади во ЕУ отколку во 2016 година

Бројот на џихадистички напади бил за 50 отсто поголем минатата година, во однос на 2016 година, соопшти денеска Европол.

Девет членки на ЕУ во 2016 година пријавиле 142 неуспешни напади, додека бројот на обиди за напад во 2017 бил 205, што е за 45 отсто повеќе.

Во вкупно 33 напади, кои се случиле, починале 68 лица, додека 844 биле повредени.

Мал раст бележат и нападите кои ги извршиле левичарските или анархистичките групи и поединци.

„Бројките во овој извештај не се само статистика. Не смееме да заборавиме, дека зад секој број стои барем една невина жртва. За да се бориме против тероризмот важно е да имаме оптимална размена на информации и точни податоци“ – изјавила извршната директорка на Европол, Катрин Де Бол.

Европол наведува и дека уапсени се 975 лица поради терористички активности – учество или подготвување на терористички напади, џихадистичка пропаганда или регрутирање, а најчесто се користени ножеви за нападите.

Александар Пандов и Алберт Муслиу во „Само вистина“

Муслиу во „Само Вистина“: Не е добро да се повикува на бојкот за референдумот.

Пандов во „Само Вистина“: Јас нема да гласам на референдумот и ќе повикувам на бојкот

Во вечерашното издание на тв дуелот „Само Вистина“ гостуваа Александар Пандов и Алберт Муслиу. 

Пандов истакна дека нему му пречи целиот договор зашто со него се уништува и разнебитува се што е Македонско и дека со овој договор како и со претходниот заедно се разнебитува историјата и е влез во една фаза на разнебитување поделба на Македонија од страна на соседите. Муслиу вели дека договорот е добар и дека ги заштитува посебноста и она што значи Македонски идентитет јазик и култураб и дека оптимално е најдоброто максимално што можело да се постигне на преговарачката маса.

И двајцата сметаат дека референдумот е врвен демократски институт и можност на кој граѓаните ќе можат да го изнесат својот став, со тоа што Пандов рече дека ќе го бојкотира и ќе повика и другите да го бојкотираат зашто, како што наведе, ќе се полнеле кутии а Муслиу рече дека не е добро да се повикуваат граѓаните да го бојкотираат референдумот и дека Меѓународната заедница нема да дозволи лажирање на референдумот.

Во поглед на можноста за импичмент Пандов цени дека претседателот постапува исправно што не го потпишува Договорот и дека го оквалификува како штетен за државата. Муслиу смета дека многу лесно Парламентарното мнозинство може да обезбеди двотретинско мнозинство за покренување постапка за импичмент.

Погледнете ја вечерашната емисија „Само вистина“ тука.

притисни ентер