Владата бара истрага за три нови случаи за злоупотреби

Владата бара од Министерството за внатрешни работи Државното правобранителство да истражат три случаи за кои се сомнева дека постојат индиции на злоупотреби.
Се бара истрага за набавки од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор од фирмата Атриум во изминатите пет години.

Портпаролот на Влада вели дека се сомневаат дека се сторени злоупотреби при набавка на авионски билети за потребите на Владата во периодот од 2012 до 2016 година односно дека владините служби фаворизирале една компанија од неколкуте со кои се потпишале рамковни договори.

Третиот случај , според владиниот портпарол , се однесува на ангажирање на тројца советници во кабинетот на поранешниот премиер Никола Груевски.

Владата се сомнева во полноважноста на договорите склучени со Александар Никовски, Џорџ Пери и Јехшуа Шуки Глајтман потпишани од тогашниот шеф на кабинет, Мартин Протуѓер. Владата бара мислење од Државното правобранителство дали трошоците кои ги направил Никовски околу 217 илјади евра се оправдани и може да се сметаат за службени трошоци.

Информациите за овие случаи доаѓаат само на два дена пред одржувањето на локалните избори в недела.

Прашан зошто токму денеска се објавуваат иако барањата до МВР се испратени пред повеќе од две недели, владиниот портпарол вели „имаше и други чекавме да се соберат, но тие уште не се процесирани“. 

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ останува во матрицата на поделби и изолација

ВМРО-ДПМНЕ добро знае дека договорот ја носи Македонија напред, но нив ги интересира само личен интерес и амнестија и затоа се трудат да ја лажат јавноста. 

Постигнатиот Договор за 25 годишниот спор со Грција го гарантира македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската посебност.

Договорот ја обезбедува македонската иднина, иднината како дел од ЕУ и НАТО. Тие две прашања се и тоа како меѓусебно поврани. Ако не беше така, тогаш зошто ВМРО-ДПМНЕ со години преговараше за изнаоѓање решение за 25 годишниот спор?

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од матрицата на поделби, изолација и конфликти и затоа на секаков начин се обидува да ја закочи македонската иднина.

Владата предводена од СДСМ има обврска пред граѓаните да ја обезбеди иднината. Никој нема да да им го ускрати правото на граѓаните на реферндум, слободно да одлучат за сопствената иднина.

Македонија оди напред и нема да биде заложник на криминалите на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните на референдум ќе кажат ДА за влез во ЕУ и НАТО, ќе кажат ДА за македонската иднина. /МИА

Нејмар: Останувам во ПСЖ, секој знае зошто сум во Париз

Еден од најдобрите играчи во светот, Нејмар да Силва ја отфрли можноста да го напушти ПСЖ ова лето, истакнувајќи дека тој е среќен во Париз.

Нејмар одамна е поврзуван со Реал Мадрид, особено по преминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус, но тој не сака да го напушти Париз.

- Останувам во Париз, имам договор. Приказните околу моето заминување доаѓаат од медиумите. Сите ја знаат мојата цел и зошто отидов во Париз Сен Жермен. Сакам да остварам успеси со овој клуб и се надевам дека следната сезона ќе биде уште поуспешна, изјави Нејмар за бразилски „Фокс“.

Неј Џуниор стана најскапиот фудбалер во светот минатата година, откако се пресели од Барселона во Париз Сен Жермен за рекордни 222 милиони евра.

Нејмар со парижаните го освои француското првенство и Купот, а во Лигата на шампионите беше елиминиран во осминафиналето на Реал Мадрид, но тогаш не играше поради повреда.

Со бразилскиот национален тим, учествуваше на Мундијалот во Русија, но неговиот пат заврши во четвртфиналето по поразот од Белгија (2:1).

Минатата сезона, тој играше 30 натпревари и постигна 28 голови, додека за бразилскиот тим веќе има 90 настапи и 57 постигнати погодоци. /МИА

Трамп: Ќе му бидам најголемиот непријател на Путин доколку пропаднат договорите

Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска ветил дека ќе му биде “најголемиот непријател“ на Владимир Путин, доколку неговите договори со рускиот претседател не вродат со плод.

„Ќе му бидам најголемиот непријател кој некогаш го имал“ – изјавил Трамп во интервју за „СиЕнБиСи“.

Меѓутоа, тоа истакнал дека ја цени шансата да ги унапреди односите меѓу САД и Русија, дури и после тврдењата на американските разузнавачки агенции дека Москва во повеќе навради се обидела да се меша во претседателските избори во САД во 2016 година.

„Да се имаме добри односи со Путин и со Русија е позитивна работа, а не негативна“ – оценил Трамп.

Претседателот на САД истовремено го критикувал својот претходник Барак Обама дека бил целосно наивен спрема Русија, додека тој, како што тврди, има многу поцврст став спрема Москва.

„Можеби најцврст став на сите времиња“ – додал Трамп во интервјуто, направено во Белата куќа, кое во целост ќе биде емитувано во петок.

притисни ентер