Фото: Снежна бура во Словенија

Снежната бура од планините се пресели во престолнината на Словенија, Љубљана.
Врнежите од снег предизвикаа вистински сообраќаен хаос.

Патиштата кон морето се блокирани,а поради силната бура се поплавени неколку крајбрежни куќи. 

Се бара и бенифициран стаж и за градежните работници

Покрај доуредување на бенефицираниот стаж за рударите,  бенефиции да добијат и градежните работници од потешките струки во градежништвото, побараа од независниот синдикат на градежни работници.

Ја поздравија владината одлука за бенефициран стаж за рударските работници и апелираа, таа што поскоро да стапи на сила.

Уапсен помошникот на Макрон кој тепаше демонстрант

Помошникот на францускиот претседател, Емануел Макрон, задолжен за безбедност, кој тепаше демонстрант, е уапсен и се наоѓа на испитување.

Според неименуван судски претставник, александар бенала го испитуваат по точки на потенцијално обвинение.

Меѓу точките на обвинение се насилство предизвикано во група од страна на лице кое е ангажирано во јавна служба.

Макрон вчера беше критикуван зошто го задржал Бенала на работа, кој добил само казна – суспензија на две недели.

Опозициските лидери и дел од јавноста го критикуваа макрон бидејќи сметаат дека казната за вакво однесување е преблага, откако на социјалните мрежи беше објавена видеоснимка од протестот на кој се гледа како бенала влече една жена, а потоа тепа млад демонстрант на земјата.

Русија и Кина ја одложија забраната за извоз на нафта во Северна Кореја

Русија побара повеќе време за да ги испита обвинувањата на САД дека Северна Кореја нелегално увезува рафинирани нафтени производи надминувајќи ја квотата од 500 000 барели годишно, колку што е дозволено под санкциите на ОН.

Русија и Кина ги одложија напорите на САД во комитетот на Советот за безбедност да се нареди прекин на извозот на преработки од нафта во Северна Кореја.

Агенцијата повикувајќи се на неименувани дипломати, вели дека Русија и кина побарале повеќе детали во врска со обвиненијата на САД дека Пјонгјанг ги прекршил своите рестрикции.

Ова барање на Русија беше поддржано од Кина.

притисни ентер