Во црквата „Св.Димитрија“ откриен е живописот на „Страшниот суд“ од Библијата (фото)

Во манастирската црква „Св. Димитрија“ во близина на Велес, екипа на Националниот конзерваторски центар, која неделава интензивно работи на конзервација во внатрешноста во нартексот на црквата на живописот од крајот на 13 и почетокот на 14 век, неделава разоткри значајно откритие дека на него е претставен „Страшниот суд“ од Библијата, единствен со вакво претставување не само во црквите во Македонија туку и во поширокиот регион.
Како што изјави Владо Муковски, конзерватор од Конзерваторскиот центар значајно е што на живописот е откриена претстава на „Страшниот суд“ од Библијата.

- Ова е големо откритие, зошто ваков стар живопис од пред седум столетија со прекрасни совршени цртежи на морскиот свет -риби, октопод, ракчиња и змија досега не е откриен во црквите во Македонија и поширокиот регион. Исто така при истражувањето од пред две и пол години во овој дел од црквата откривме и фреска на „Св Димитрија“ што потврдува дека и првично манастирот бил посветен на „Св Димитрија“,а не на Пресвета Богородица како што тврдеа некои историчари. Да потсетам тогаш првично откривме дел од фреската со ктиторот на манастирот насликан во прекрасна најубава одежда, а кој во рацете држи минијатура на манастирската црква, рече Мукоски.

Image result for Во црквата „Св.Димитрија“ Велес живописот

Според него, значајно е што тука е насликана и камбанаријата на црквата што потврдува дека таа била изградена на почетокот кога била градена црквата, а не била доградувана потоа како што тврдеа некои истражувачи.

- Новина од овие истражувања сега е што ние ги откривме и буквите на Ктиторскиот натпис кои се напишани во пет шест реда, но има две - три букви па нема три - четири. За жал натписот е многу оштетен и затоа засега не успеавме да го откриеме името на ктиторот на манастирот, но се надевам дека наскоро со понатамошните истражувања и тоа ќе го разоткриеме, најави Мукоски.

Истражувањата се финансиски поддржани од Министерството за култура, а во соработка со Народниот музеј од Велес.

- Но добро би било кога оваа финансиска подршка би била поголема, а за да можеме целосно да го разотриеме живописот и натписот, а не работите да го одолговлекуваме во етапи и по неколку години,затоа шро станува збор за значајни откритија, потенцира Мукоски.

Тој појаснува дека станува збор за Византиски симбол - двоглав орел, а кој потоа го преземале останатите народи и само го претставиле на различна позадина, некои на црвена, некои на сина, а некои на бела позадина.

Интересно е што Манастирот „Св Димитрија“ кој е оддалечен на само два километри од Велес, за време на владеењето на Османлиското царство, бил затрупан со земја цели пет века, за да повторно биде откопан во 1855 година.

Манастирот „Св.Димитрија“ е масовно посетен од велешани секој прв петок по Велигден на празникот Источен петок - Балаклија посветен на Пресвета Богородица. /МИА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ останува во матрицата на поделби и изолација

ВМРО-ДПМНЕ добро знае дека договорот ја носи Македонија напред, но нив ги интересира само личен интерес и амнестија и затоа се трудат да ја лажат јавноста. 

Постигнатиот Договор за 25 годишниот спор со Грција го гарантира македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската посебност.

Договорот ја обезбедува македонската иднина, иднината како дел од ЕУ и НАТО. Тие две прашања се и тоа како меѓусебно поврани. Ако не беше така, тогаш зошто ВМРО-ДПМНЕ со години преговараше за изнаоѓање решение за 25 годишниот спор?

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од матрицата на поделби, изолација и конфликти и затоа на секаков начин се обидува да ја закочи македонската иднина.

Владата предводена од СДСМ има обврска пред граѓаните да ја обезбеди иднината. Никој нема да да им го ускрати правото на граѓаните на реферндум, слободно да одлучат за сопствената иднина.

Македонија оди напред и нема да биде заложник на криминалите на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните на референдум ќе кажат ДА за влез во ЕУ и НАТО, ќе кажат ДА за македонската иднина. /МИА

Нејмар: Останувам во ПСЖ, секој знае зошто сум во Париз

Еден од најдобрите играчи во светот, Нејмар да Силва ја отфрли можноста да го напушти ПСЖ ова лето, истакнувајќи дека тој е среќен во Париз.

Нејмар одамна е поврзуван со Реал Мадрид, особено по преминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус, но тој не сака да го напушти Париз.

- Останувам во Париз, имам договор. Приказните околу моето заминување доаѓаат од медиумите. Сите ја знаат мојата цел и зошто отидов во Париз Сен Жермен. Сакам да остварам успеси со овој клуб и се надевам дека следната сезона ќе биде уште поуспешна, изјави Нејмар за бразилски „Фокс“.

Неј Џуниор стана најскапиот фудбалер во светот минатата година, откако се пресели од Барселона во Париз Сен Жермен за рекордни 222 милиони евра.

Нејмар со парижаните го освои француското првенство и Купот, а во Лигата на шампионите беше елиминиран во осминафиналето на Реал Мадрид, но тогаш не играше поради повреда.

Со бразилскиот национален тим, учествуваше на Мундијалот во Русија, но неговиот пат заврши во четвртфиналето по поразот од Белгија (2:1).

Минатата сезона, тој играше 30 натпревари и постигна 28 голови, додека за бразилскиот тим веќе има 90 настапи и 57 постигнати погодоци. /МИА

Трамп: Ќе му бидам најголемиот непријател на Путин доколку пропаднат договорите

Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска ветил дека ќе му биде “најголемиот непријател“ на Владимир Путин, доколку неговите договори со рускиот претседател не вродат со плод.

„Ќе му бидам најголемиот непријател кој некогаш го имал“ – изјавил Трамп во интервју за „СиЕнБиСи“.

Меѓутоа, тоа истакнал дека ја цени шансата да ги унапреди односите меѓу САД и Русија, дури и после тврдењата на американските разузнавачки агенции дека Москва во повеќе навради се обидела да се меша во претседателските избори во САД во 2016 година.

„Да се имаме добри односи со Путин и со Русија е позитивна работа, а не негативна“ – оценил Трамп.

Претседателот на САД истовремено го критикувал својот претходник Барак Обама дека бил целосно наивен спрема Русија, додека тој, како што тврди, има многу поцврст став спрема Москва.

„Можеби најцврст став на сите времиња“ – додал Трамп во интервјуто, направено во Белата куќа, кое во целост ќе биде емитувано во петок.

притисни ентер