Јункер: Да ја отвориме вратата за Западниот Балкан, за да не се повторат 90-тите

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева денеска изјави дека е крајно време Балканот да се врати на дневен ред.
Захариева изјави дека очекува Србија и Црна Гора да отворат уште поглавја во текот на бугарското претседавање со Европската унија, како и дека постои шанса Албанија и Македонија да ги започнат пристапните преговори.

Захариева, ден откако Бугарија официјално го одбележа почетокот на претседавањето со ЕУ, изјави дека земјите од Западен Балкан се важни за геополитичката сигурност и дека доколку ЕУ “не е таму, некој друг ќе дојде“, пренесува порталот Euroactiv.com.

„Не постои вакуум, Турција и Русија се заинтересирани веќе со децении, затоа мораме да им ја покажеме нашата политичка поддршка, да им покажеме дека, ако и кога ќе бидат спремни, вратата ќе биде отворена“ – изјави пред новинарите шефицата на бугарската дипломатија.

И претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер порача дека бугарскиот приоритет – Западен Балкан – исто така е приоритет на Европската унија.

„Вашиот приоритет – Западен Балкан, е и наш приоритет“ – нагласи Јункер при посетата на Софија, каде разговараше со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, пренесува бугарската агенција BTA.

Јункер изјави дека на Балканот треба да му се отвори врата, инаку “би се заканила опасноста Европа повторно да биде сведок на тамошните несреќни случувања од 90-тите“.

„Јас, никако не би сакал да се соочам со такви случувања“ – изјави Јункер на заедничката конференција.

Јункер наведе дека и претходно објаснил дека “до крајот на мандатот на сегашната Европска комисија, значи до 1 јануари 2020, нема да биде можно ЕУ да прими нови членки, бидејќи не можат да се исполнат условите за тоа“, но истакна дека ќе се “работи на тоа“.

Станарите се вратија дома,смрдеата била од пелени

Градоначалникот на Скопје , Пегтре Шилегов вечерва изјави дека непријатната миризба во зградата во Аеродром била од пелени во станот 11 , каде живееле две постари жени. 

Станот број 11 ќе се дезифицира ,а миризбата и штипењето на очите кај дел од станарите било од амонијак од пелените , кои биле чувани во станот. Службите за социјална заштита вечерва биле кај жените , така што ќе го преземат случајот , рече градоначалникот на Скопје , Шилегов доцна вечерва.

Освен противопжарните екипи , Итнатат помош, инспекциите  и полицијата , вечерва во зградата пристигнаа и припадници на Армијатта од АБХ единицата , за да утврдат од каде доаѓа загадувањето и колку е опасно.

За среќа , изворот на непријатната миризба е најден и зградата е безбедна , така што околу полноќ сите станари се вратија во своите домови. 

Ахмети: На 30 септември гласаме за НАТО и ЕУ

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска порача дека на 30 септември се гласа иднината на оваа земја, ќе се гласа дали ќе имаме стабилна држава со развој и напредок.

- Бараме членство во ЕУ и НАТО. На 30 септември се гласа за Македонија, за иднината на оваа земја, изјави Али Ахмети, додавајќи дека ни останува да се мобилизираме 

На средбите со жителите од населбите Шуто Оризари, Бутел и Чучер Сандево, Ахмети беше придружуван од градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу, од поранешниот градоначалник на општина Чаир Изет Меџити и од пратениците Артан Груби и Ејуп Алими. 

Станари во Аеродром се евакуираа поради присуство на непознат гас

Поради остар мирис кој го отежнува дишењето вечерва беа евакуирани жителите од станбениот комплекс во ТЦ „Скопјанка“, во скопската Општина Аеродром.

На самото место се скопскиот градоначалник , Петре Шилегов , како и инспекциски служби , кои им се придружија на припадниците на Противпожарната бригада, на полицијата и на Итната помош.  

Таму е нашиот репортер Јован Ѓорговски.

притисни ентер