Македонија ја совлада Словенија

Македонската ракометна репрезентација со триумф над Словенија (25:24) ги почна настапите на Европското првенство што се одржува во Хрватска.
По нерешените 11:11 на полувреме „црвено-жолтите“ имаа фуриозен почеток на вториот дел и серија од 4-0 за четири минути, а во 35.минута празен гол за плус 5 од својата половина промаши Дејан Манасков, по што Словенците го постигнаа првиот гол во продолжението.

Следуваше подобра игра на словенечкиот состав и резултатски приклучок. Се влезе во драматичен финиш во кој поуспешни беа нашите репрезентативци за на крајот да им приредат голема радост на присутните Македонци во „Арена Загреб“.

Најефикасни во македонската селекција беа Дејан Манасков со осум и Кирил Лазаров со седум погодоци.

Следниот дуел Македонија го има со Црна Гора в понеделник во рамките на 2.коло од Ц-групата./МИА

Скопје Стрит Мјузик фестивал - квалитена музика достапна за сите

 Скопје, Улица, Музика - трите зборови кои во себе ја содржат суштината на тоа што ќе се случува од денеска до 24 на седум различни локации во градот Скопје.

Во рамки на Скопје Струт Мјузик Фестивал 2018 година, чија порака е дека добрата музика треба да биде достапна за сите.

Со концепт кој го нуди годинава, целта е, на граѓаните да им се овозможи на улиците и во своите маала да слушнат квалитетна музика, која инаку ја има само на официјалните сцени и во концертните сали.

Со тоа, градот Скопје ќе се претвори во музичка сцена под отворено небо. Воедно фестивалот го следи форматот на музички фестивал, со што се стреми да го вброи Скопје на мапата на познатите музички фестивали.

За време на фестивалот посетителите ќе можат да слушнат слушнат  Rock and Roll, Jazz, Bossa Nova, етно, класична и филмска музика.

Покрај тоа ќе настапат и специфични состави со француски шансони, еврејска музика и хорско пеење. На репертоарот ќе биде застапена авторска музика но и преработки на познати песни. Во исто време присутните, особено помладите, ќе можат да се запознаат со различни музички инструменти, некои од нив и многу ретки и несекојдневни.

На отворен простор, а не во концертна сала ќе може да се видат најразлични инструменти како ксилофон, вибрафон, акустично пијано, бандонеон.

Изведувачите, каде се вбројуваат познати уметнички имиња, но и аматери, се избрани по пат на конкурс, од страна на селекторот на фестивалот. Учество ќе земат вкупно 24 артисти, групи и ансамбли. Изборот на изведувачи е направен врз основа на квалитетот на музиката и жанрот на музика со која ќе настапат артистите.

Локациите на кои ќе се одржува фестивалот се: Плоштад Македонија, Градски Парк, ТЦ Лептокарија, Паркот кај авиончето во Ново Лисиче, Плоштад Скендербег, платото пред Универзална сала и Боемска улица. Настапите ќе започнуваат во три термини: од 18:00, 20:00 и 22:00 часот, а на последниот ден од фестивалот настапите ќе почнат во 12:00 часот.

Коорганизатор на фестивалот е Конгресен центар Александар Македонски, а покровител е Град Скопје.

Почнува летото, најавено посвежо време

Во Македонија и на северната хемисфера денеска почнува летото, а истовремено на јужната хемисфера настапува зимата.

Во Македонија летото ќе почне во 12 часот и 7 минути. Овој 172 ден во годината е најдолг и ќе трае 15 часа и 14 минути. Сонцето изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. 

Според прогнозата од синоптичарите,првиот летен ден ќе биде сончев со мала до умерена облачност. Во западните делови значително облачно, попладне со појава на пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 14 до 19, а  дневната од 21 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Локална нестабилност ќе има до петок во попладневните часови кога ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе услови значително намалување на температурите во наредните денови. За време на викендот ќе има локален дожд, но без грмежи, а од понеделник се очекува пооблачно време со пообилни врнежи од дожд. 

Летото ќе заврши на 22 септември кога ќе почне есента.

Порно ѕвезда ги бодри руските фудбалери од трибините

Руската ѕвезда Наташа Немчинова ги “запали“ трибините во првите денови на Светското првенство откако се појави на натпревар за поддршка на домаќините.

Русокосата, позната по прекарите Наталија Андреева, Анабел, Дилајла Џи и Даница, влезе во фан зоната, а многу мажи се прашуваа од каде ја познаваат.

Социјалните мрежи, исто така, го рефлектираа нејзиното присуство на стадионот, откако посакаа таа да се појавува почесто на трибините.

 

притисни ентер