Грчки медиуми: На 24 јануари средба Заев - Ципрас во Давос

Во рамките на Светскиот економски форум што од 23 до 26 јануари ќе се одржи во Давос, Швајцарија, според онлајн изданието на грчкиот весник Real, македонскиот и грчкиот премиер ќе одржат билатерална средба.

Според информациите на новинарот, јавува дописникот на МИА од Атина, освен премиерите, во Давос ќе бидат и шефовите на дипломатиите на двете земји.

- Според информациите на Real.gr, Алексис Ципрас, ќе се сретне со премиерот на Скопје, Зоран Заев на 24 јануари, факт што ги потврдува информациите дека за време на средбата Коѕијас - Димтров во Солун, постоеше голем напредок. Според истите проверени информации и независно од тоа што сè уште не постојат соопштенија, во швајцарското одморалиште, истиот ден ќе пристигнат и министрите за надворешни работи на двете земји, - пишува real.gr, пренесува МИА.

Грчките медиуми во изминатиот период шпекулираа дека е можна средба на Зоран Заев и Алексис Ципрас на форумот, но не постоеше потврда ниту од едната ниту од другата страна.

Единствено, од владината прес служба, пред три дена соопштија дека владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев на 25 и 26 јануари ќе учествува на Светскиот економски форум кој ќе се одржува во Давос, Швајцарија. Датуми, што не се поклопуваат со терминот објавен од грчкиот портал. 

Автобус влета во публика на фестивалот Пинк поп во Лимберг

Едно лице загина, а три се повредени кога автобус влета во публиката на фестивалот Пинк поп во Лимберг, на југот од Холандија.

Инцидентот се случил неколку часа по настапот на американскиот пејач Бруно Марс, кој го затвори фестивалот, пренесе Ројтерс.

Полицијата соопшти дека возачот на автобусот побегнал од местото на настанот и по него е распишана потерница, а улиците околу местото на одржување на фестивалот се затворени.

Министерот Димитров на конференција во Софија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Софија ќе учествува на Конференцијата на комисиите за европски прашања на националните парламенти на земјите-членки на Европската унија и на земјите-кандидати.

Оваа Конференцијата се одржува во рамки на ротирачкото бугарско претседавање со Советот на Европската унија. Министерот Димитров е поканет како специјален гостин да се обрати на сесијата „Интеграција и поврзаност на Западниот Балкан – нова движечка сила на политиката за проширување на Европската унија“.

Министерот Димитров е во Софија на покана на Кристиан Вигенин, претседавач со Комисијата за европски прашања и надзор на европските фондови при Националното Собрание на Република Бугарија. /МИА

Јавна кампања за заштита на шумите од пожари

Под мотото „Да ги заштитиме шумите од пожари”, ЈП Македонски шуми и Противпожарниот сојуз на Македонија денеска ја започнуваат кампањата за превентивно делување пред претстоечката летна сезона за заштита на шумите од шумски пожари.

Цел на оваа јавна кампања, според организаторите, е подигање на јавната свест кај граѓаните за значењето на шумите во еколошкиот систем и нивна заштита од шумски пожари.

На настанот ќе присуствуваат претставници на ЈП Македонски шуми, помошник директорот на Секторот за заштита на шумите, Николчо Киров и раководителот на ПШС Караџица, Саша Јовановиќ, како и претставници на ППСМ и претстедателот на Противпожарниот сојуз на Македонија, проф-др Никола Николов од Шумарскиот факултет –Скопје и претставници на Противпожарниот сојуз на град Скопје..

Покрај непосредната средба со граѓаните и директен контакт со нив за значењето на зачувување на еко-системот во природата, ќе бидат делени рекламни материјали со пригодна содржина./МИА

притисни ентер