„Се уништуваат животи и кариери на луѓе чии злосторства не се докажани“

Австрискиот режисер Михаел Ханеке, добитник на Оскар и двоен добитник на Златната палма, го спореди холивудскиот скандал за сексуалните вознемирувања со “лов на вештерки“ кој вовел “нов пуританизам и омраза спрема мажите“.
Режисерот на филмовите „Љубов“ и „Бела лента“, за австрискиот весник „Куриер“ изјави дека “хистеријата на предвремено осудување“ на другите во рамките на движењето за пријавување на сексуалното вознемирување #MeToo, е “одвратна“.

Тој изјавил дека посебно му смета “целосно непромислената злоба и слепиот бес кој не е заснован на факти туку уништува животи на луѓе чии злосторства не се докажани“.

Неколку европски филмски уметници изразија резерва спрема американското движење #MeToo, вклучувајќи ги и француската актерка Кетрин Денев и актерот Лиам Нисон.

Нисон минатиот месец изјави дека холивудскиот скандал за сексуално вознемирување поттикнал и “мал лов на вештерки“.

Тој сепак масовното движење за пријавување на сексуално вознемирување го оцени како здраво.

Обвиненијата на повеќе актерки дека продуцентот Харви Вајнштајн сексуално ги вознемирувал и напаѓал, покренаа бран од обвинувања за сексуални вознемирувања и напади од холивудските моќници, политичари и други влијателни луѓе.

Ваква невеста досега никогаш не сте и нема да видите!(видео)

Том Гарднер ја чекал својата идна сопруга Бетх да дојде до олтарот, но кога се свртел останал шокиран. Ова дефинитивно не е венчавка каква што очекувал.

Поради старите обичаи не можел да ја види невестата до тој момент. Тоа се нарекува “first look” (прв поглед).

Обично сопрузите се оние кои прават шеги на сметка на сопругите но тоа се сменило во ова видео. Тоа што е интересно е дека оваа венчавка почнува како и секоја друга, но тогаш се случува луд пресврт какво што никој не очекувал.

Видеото станало вирално и луѓето го делат со своите пријатели и семејствата. Дали вие ова би го направиле на вашата венчавка?

Неверојатно операции кои се изведени на човековото тело (видео)

Медицината прави чуда.

Едно до најголемите човечки чуда дефинитивно е медицината. Операциите кои денес се изведуваат порано биле научна фантастика пред неколку децении. Токму некои од неверојатните операции за кои може повеќе да дознаете вклучуваат и спојување на преполовен рбетен столб, операција изведена во матка и други.

Повеќе ништо не е научна фантастика, а овие операции се успешно изведени и луѓето преживеале.

Во продолжение погледнете некои од најбизарните операции кои се изведени на човечкото тело.

Една состојка која сите ја имаме во кујна прави чуда за вашата коса и не станува збор за маслиново масло

Понекогаш најдобрите производи за убавина се кријат, онаму каде никогаш не би очекувале, во вашите кујнски плакари.

Сигурно сте слушнале до сега за сите “магични” својства на маслиновото масло за нега на косата и хидратација на косата, но се чини дека уште една клучна состојка за салатите е одлична подготовка за нега на коса.

Станува збор за јаболковиот оцет, кој има корисен ефект врз косата, меѓу другото, и темелно чистење на темето. Јаболковиот оцет, исто така, помага во зајакнување на косата, го поттикнува растот на косата, ги отстранува остатоците од другите производи и помага во отстранувањето на првутот. Исто така, нема да ја наруши pH рамнотежата на косата и ќе и даде здрав сјај се до врвовите.

Морате да признаете дека листата на придобивките кои и ги овозможува јаболковиот оцет на вашата коса е навистина долга и тешко дека во продавниците ќе најдете производ кој може да се мери со ова “чудо” од кујната.

притисни ентер