Премиерот Заев во посета на Тиквешијата

Премиерот Зоран Заев денеска е во посета на Тиквешијата која го празнува верскиот празник свети Трифун - заштитникот на лозарите и винарите.
Придружуван од министерот за земјоделство Љупчо Николовски, Заев на градскиот плоштад во Кавадарци се сретна со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев со кого наздрави со вино на еден од штандовите со производи од тиквешкото поднебје, посакувајќи здравје и среќа и подобри денови за лозарите и за сите граѓани на Македонија.

Разговараше и со лозари и жители на Кавадарци, а од најмладите од Црвен крст претседателот на Владата си купи и хумано срце изработено од нив за хумани цели.

Посетата ќе продолжи во Неготино, а најавена е и посета на винаријата во Лепово. /МИА

Меркел: Нема промени на границите на Балканот

Канцеларката Ангела Меркел изјави дека територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан е неприкосновен.

Со оваа изјава , објавена на сајтот на германската Влада , Меркел ги отфрли сите настојувања да се ревидираат границите повлечени по војните на Балканот.

,,Територијалниот интегритет на државите од Западен балкан е дефиниран и неприкосновен. Тоа повторно мора да се повторува , зашто секогаш наново има настојувања за можеби уште ееднаш да се разговара за границите . Тоа не можеме да го направиме.”, изјави Меркел по состанокот со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина , Денис Звиздиќ.

Трамп остро кон писателката на книга за него: Таа е мрдната

Американскиот претседател Доналд Трамп на твитер остро ја искритикува авторката на книгата за него .

Трамп преку твитер со навредливи зборови ја нападна авторката на книгата , која го рпетставува него во негативно светло . Авторка на книгата е неговата поранешна советничка Омароса Маниго Њумен.

Трамп ја нарече авторката ,,мрдната” и вели дека шефот на кабинетот на Белата куќа за неа рекол дека е ,,губитничка”.

Со експлозивна направа погоден турскиот конзулат

Маж фрлил експлозивна направа кон турскиот конзулат во Амастердам.

Холандската полиција приведе маж , кој фрлил експлозивна направа кон зградата на турскиот конзулат. Направата била рачно изработена. Полицијата соопшти дека 34 годишен државјанин на Холандија одбива да даде изјава за инцидентот што се случил во саботата вечерта.

Според медиумит е, полицијата стрелала во воздух за да го уапси мажот, чиј идентитет не се соопштува.

Турскиот се наоѓа веднаш покрај американскиот конзулат во Амстердам. Првата експлозивна направа се запалила и паднала во дворот на конзулатот , а бил фрлен и еден молотов коктел што не се запалил .  

притисни ентер