Порно актерката го тужи Трамп, сака да зборува за нивниот однос

Порно актерката Сторми Даниелс, поднела тужба против американскиот претседател Доналд Трамп во која бара да се поништи договорот, кој како што тврди го потпишала неколку дена пред претседателските избори во 2016 година, со образложение дека не исправен, а кој ја спречува да зборува за наводните сексуални средби меѓу нив.
Во обвинението поднесено во високиот суд во Лос Анѓелес наведува дека договорот, склучен на 28 октомври 2016 година е “ништовен и без последици“, бидејќи не го потпишал лично Трамп, пренесува „АП“.

Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, изјавила дека сака во јавноста да зборува за сите детали на нејзиниот наводен однос со Трамп, неколку недели пред изборите.

Таа наведува дека започнала “интимни односи“ со Трамп во 2006 година и дека тие продолжиле и во 2007 година, и дека се состанувале во Невада и Калифорнија.

Според нејзините зборови, Трамп и платил 130.000 долари за молчење за наводната афера.

Почнува летото, најавено посвежо време

Во Македонија и на северната хемисфера денеска почнува летото, а истовремено на јужната хемисфера настапува зимата.

Во Македонија летото ќе почне во 12 часот и 7 минути. Овој 172 ден во годината е најдолг и ќе трае 15 часа и 14 минути. Сонцето изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. 

Според прогнозата од синоптичарите,првиот летен ден ќе биде сончев со мала до умерена облачност. Во западните делови значително облачно, попладне со појава на пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 14 до 19, а  дневната од 21 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Локална нестабилност ќе има до петок во попладневните часови кога ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе услови значително намалување на температурите во наредните денови. За време на викендот ќе има локален дожд, но без грмежи, а од понеделник се очекува пооблачно време со пообилни врнежи од дожд. 

Летото ќе заврши на 22 септември кога ќе почне есента.

Порно ѕвезда ги бодри руските фудбалери од трибините

Руската ѕвезда Наташа Немчинова ги “запали“ трибините во првите денови на Светското првенство откако се појави на натпревар за поддршка на домаќините.

Русокосата, позната по прекарите Наталија Андреева, Анабел, Дилајла Џи и Даница, влезе во фан зоната, а многу мажи се прашуваа од каде ја познаваат.

Социјалните мрежи, исто така, го рефлектираа нејзиното присуство на стадионот, откако посакаа таа да се појавува почесто на трибините.

 

Меланија и Летиција: Кралиците на стилот ги одмерија силите, која победи? (фото)

Шпанската кралица Летиција и првата дама на САД, Меланија Трамп привлекоа посебно внимание кај модниот свет.

Нивната средба во Белата куќа остана без победник, бидејќи и двете дама покажаа исклучителен стил.

Убавата шпанска кралица повторно покажа дека има извонредно чувство за стил одлучувајќи се за розовиот фустан кој ја следи линијата на телото, украсен со копчиња. Нејзиниот фустан е креација на Мајкл Корс.

Foto: Getty

Меланија делуваше сензационално во интересниот фустан со А-крој без ракави во комбинација со сивозелена и бела боја.

И двете дами делуваа пристојни, софистицирано и одмерено.

Без премногу детали и накити, тие покажаа како и жените во зрели години можат да бидат облечени со стил.

притисни ентер