„Made in Macedonia“ - концерт на Филхармонијата со кларинетистот Здравко Ангелов

„Made in Macedonia“ е насловот на претстојниот концерт на Македонската филхармонија в четврток, на кој солист ќе биде Здравко Ангелов, прв кларинетист во Филхармонијата. Тој ќе го изведе Концертот за кларинет и оркестар бр. 1 од Лудвиг Шпор.

Диригент ќе биде Борјан Цанев, а на програмата се и „Лет“ од австралискиот композитор со македонско потекло Мајкл Бакрнчев, како и познатата Симфонија бр. 41 „Јупитер“ од Моцарт.

Здравко Ангелов (1978) е 11 години вработен како прв кларинетист во оркестарот на Филхармонија. Дипломирал и магистрирал на Факултетот за музичка уметност. Во неговото работно искуство се вбројува и педагошката работа во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј’ и двегодишното искуство како надворешен соработник во Македонската опера и балет.

Настапувал како солист со симфониски оркестри во Македонија и надвор од земјата, но и како камерен музичар, а воедно е постојан член и на Камерниот ансамбл „Консонанс“. 

Сончево со мала до умерена облачност и температура до 34 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните делови значително облачно, попладне со појава на пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 19, а  дневната од 21 до 34 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

До петок во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Во петок кон крајот на денот ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе продолжи и во сабота и ќе услови значително опаѓање на температурата во наредните денови. За време на викендот ќе има локален дожд, но без грмежи, а од понеделник се очекува пооблачно време со пообилни врнежи од дожд.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Во западните делови пооблачно, попладне со појава на пороен дожд и грмежи.

Т-мин. од 11 до 19, а т-макс. од 26 до 34 степени. /МИА

Европол: Поголем број на терористички напади во ЕУ отколку во 2016 година

Бројот на џихадистички напади бил за 50 отсто поголем минатата година, во однос на 2016 година, соопшти денеска Европол.

Девет членки на ЕУ во 2016 година пријавиле 142 неуспешни напади, додека бројот на обиди за напад во 2017 бил 205, што е за 45 отсто повеќе.

Во вкупно 33 напади, кои се случиле, починале 68 лица, додека 844 биле повредени.

Мал раст бележат и нападите кои ги извршиле левичарските или анархистичките групи и поединци.

„Бројките во овој извештај не се само статистика. Не смееме да заборавиме, дека зад секој број стои барем една невина жртва. За да се бориме против тероризмот важно е да имаме оптимална размена на информации и точни податоци“ – изјавила извршната директорка на Европол, Катрин Де Бол.

Европол наведува и дека уапсени се 975 лица поради терористички активности – учество или подготвување на терористички напади, џихадистичка пропаганда или регрутирање, а најчесто се користени ножеви за нападите.

притисни ентер