Уставниот суд пресече: 7000 пониска плата за Шеќеринска, Анѓушев, Спасовски, Лика и Османи

Уставниот суд го укина член 14 кој што се однесува на функцијата потпретседател на Влада, истиот не постои во правниот поредок на Република Македонија, е образложение на одлуката да се укине коефициентот со кој се пресметува платата на петте вицепремиери, а по иницијатива од Левица.
На овој начин од Буџетот на РМ ќе се заштедат околу 10.000 евра годишно, пари што може да се наменат за други потреби на граѓаните, велат за Канал 5 од партијата.

Од осамостојувањето на државата - 27 години т.н. потпретседатели на Владата не побарале промена на одредбите на соодветниот закон. Дополнителни 2 милиони евра секоја година се одлеваат од државната каса само за патни трошоци на пратениците, за апанажа на членовите на дик и за награди и други трошоци на антикорупционерите.

Левица е против политиките на осиромашување на обичниот народ што ги спроведуваат политичките елити на власт и против нивното расфрлање со народните пари.

Во постапка пред Уставен  е уште една иницијатива поднесена од Левица, со која се оспорува уставноста на т.н. нормиран учинок во Законот за минимална плата, за кој како што велат за Канал 5 , властодршците сакаат да им овозможат на газдите уште еден начин за заобиколување на исплатата на минималната плата.


Сончево со мала до умерена облачност и температура до 34 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните делови значително облачно, попладне со појава на пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 19, а  дневната од 21 до 34 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

До петок во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Во петок кон крајот на денот ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе продолжи и во сабота и ќе услови значително опаѓање на температурата во наредните денови. За време на викендот ќе има локален дожд, но без грмежи, а од понеделник се очекува пооблачно време со пообилни врнежи од дожд.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Во западните делови пооблачно, попладне со појава на пороен дожд и грмежи.

Т-мин. од 11 до 19, а т-макс. од 26 до 34 степени. /МИА

Европол: Поголем број на терористички напади во ЕУ отколку во 2016 година

Бројот на џихадистички напади бил за 50 отсто поголем минатата година, во однос на 2016 година, соопшти денеска Европол.

Девет членки на ЕУ во 2016 година пријавиле 142 неуспешни напади, додека бројот на обиди за напад во 2017 бил 205, што е за 45 отсто повеќе.

Во вкупно 33 напади, кои се случиле, починале 68 лица, додека 844 биле повредени.

Мал раст бележат и нападите кои ги извршиле левичарските или анархистичките групи и поединци.

„Бројките во овој извештај не се само статистика. Не смееме да заборавиме, дека зад секој број стои барем една невина жртва. За да се бориме против тероризмот важно е да имаме оптимална размена на информации и точни податоци“ – изјавила извршната директорка на Европол, Катрин Де Бол.

Европол наведува и дека уапсени се 975 лица поради терористички активности – учество или подготвување на терористички напади, џихадистичка пропаганда или регрутирање, а најчесто се користени ножеви за нападите.

притисни ентер