Обликот на носот го открива карактерот на човекот (фото)

Професорот Абрахам Тамир од Универзитетот Бен –Гурион во Израел тврди дека човековиот карактер може да се препознае и по обликот на носот кој го краси неговото лице.
Неговата студија ја објавил во магазинот "Journal of Craniofacial Surgery".Ова се осумте најчести облици:

1. Нубијски нос
Овој облик на нос се издвојува од другите со својата должина. Мостот е речиси рамен, додека пошироката точка на носот е насочена надолу. Лицата со ваков облик на нос се љубопитни и радознали. Исто така се оптимистични, симпатични и секогаш се трудат да најдат решение за секој проблем.
2. Грчки нос
Обликот на овој нос потекнува од познатите грчки скулптури за кои бил карактеристичен. Тој се одликува со тоа што е тесен и прав. Луѓето со овој облик на нос се обично повлечени и не сакаат да бидат во центарот на вниманието. Мошне се практични и лојални. Тешко е да се разговара со нив отворено за емоциите.
3. Кукаст нос
Многумина го споредуваат овој облик на носот со оној што потсетува на птичји клун. Тоје свиткан од основата односно од веѓите до врвот на носот. Луѓето со ваков нос се креативни и пожртвувани. Страсно ги бранат сопствените верувања и не се плашат да ризикуваат за да ги постигнат сопствените цели.
4. Извиткан нос
Мошне е сличен на претходниот, но овој нос е превиткан од носната коска до врвот. Сепак врвот е значително пошилест. Луѓето со овој облик на нос се смета дека се мошне одлучни, мошне се посветени на својата работа и добри се во организација.
5. Копчест нос
Овој нос е мошне краток и делува мошне симпатично. Тоа е најпопуларниот облик, затоа што не ги нервира луѓето. Тие имаат прилично силна волја, сакаат да бидат директни и мошне се одлучни во тоа секогаш да го добијат тоа што го сакаат.
6. Рамен нос
Овој облик е најчест во Азија и малку е порамен од другите облици. Врвот на носот е кружен, а носниците се пошироки. Лицата со рамен нос имаат силен карактер. Тие се мошне темпераментни и страствени, а може мошне да се налутат ако некој си игра со нивното трпение.
7. Конкавен нос
Обликот на овој нос се одликува со мал лак на носната коска. Слично како и копчестиот нос и овој е мошне популарен затоа што не е мошне впечатлив и изгледа мошне нежно. Луѓето чијшто нос има ваков облик се великодушни и секогаш подготвени да им помогнат на другите. Мошне се чувствителни.
8. Накривен нос
Можеби називот на овој нос не е особено ласкав, но овој облик на носот укажува на нежен карактер. Мостот на носот се истакнува додека врвот е мошне заоблен. Лицата со ваков нос се мошне добри во тоа што го прават и знаат да ги сослушаат другите, што ги прави прекрасни пријатели или партнери. Мошне ги ценат лицата што цврсто стојат на земјата.

Почнува летото, најавено посвежо време

Во Македонија и на северната хемисфера денеска почнува летото, а истовремено на јужната хемисфера настапува зимата.

Во Македонија летото ќе почне во 12 часот и 7 минути. Овој 172 ден во годината е најдолг и ќе трае 15 часа и 14 минути. Сонцето изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. 

Според прогнозата од синоптичарите,првиот летен ден ќе биде сончев со мала до умерена облачност. Во западните делови значително облачно, попладне со појава на пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 14 до 19, а  дневната од 21 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Локална нестабилност ќе има до петок во попладневните часови кога ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе услови значително намалување на температурите во наредните денови. За време на викендот ќе има локален дожд, но без грмежи, а од понеделник се очекува пооблачно време со пообилни врнежи од дожд. 

Летото ќе заврши на 22 септември кога ќе почне есента.

Порно ѕвезда ги бодри руските фудбалери од трибините

Руската ѕвезда Наташа Немчинова ги “запали“ трибините во првите денови на Светското првенство откако се појави на натпревар за поддршка на домаќините.

Русокосата, позната по прекарите Наталија Андреева, Анабел, Дилајла Џи и Даница, влезе во фан зоната, а многу мажи се прашуваа од каде ја познаваат.

Социјалните мрежи, исто така, го рефлектираа нејзиното присуство на стадионот, откако посакаа таа да се појавува почесто на трибините.

 

Меланија и Летиција: Кралиците на стилот ги одмерија силите, која победи? (фото)

Шпанската кралица Летиција и првата дама на САД, Меланија Трамп привлекоа посебно внимание кај модниот свет.

Нивната средба во Белата куќа остана без победник, бидејќи и двете дама покажаа исклучителен стил.

Убавата шпанска кралица повторно покажа дека има извонредно чувство за стил одлучувајќи се за розовиот фустан кој ја следи линијата на телото, украсен со копчиња. Нејзиниот фустан е креација на Мајкл Корс.

Foto: Getty

Меланија делуваше сензационално во интересниот фустан со А-крој без ракави во комбинација со сивозелена и бела боја.

И двете дами делуваа пристојни, софистицирано и одмерено.

Без премногу детали и накити, тие покажаа како и жените во зрели години можат да бидат облечени со стил.

притисни ентер