Тилерсон : Ќе му се вратам на приватниот живот

Државниот секретар на САД во оставка , Рекс Тилерсон одржа прес конференција.

Тилерсон најави дека официјално заминува од Стејт Департментот на 31 март и дека се враќа на приватниот живот . Тој најави дека до крајот на денот ќе ја пренесе должноста на заменикот државен секретар , Џон Саливан .
Досегашниот државен секретар објасни како дошло до неговиот отказ од претседателот Трамп . Тој добил телефонски повик во службениот авион денеска попладне , и тоа околу три часа откако Трамп му дал отказ преку твитер.
Агенциите пренесуваат дека шефот на Белата куќа , Џон Кели во петокот му се јавил на Тилерсон и му рекол да ги следи твитовите на претседателот , бидејќи ќе има и нешто за него.
Државниот секретар тогаш бил во офиуцијална посета на Африканските земји , кога агенциите јавија дека му се слошило во саботата .

65 – годишниот Тилерсон , се вратил во Вашингтон токму навреме да дознае дека само неколку часа претходно добил отказ .

Тилерсон , пред да ја добие функцијата државен секретар , беше пр човек на комапнијата Ексон Мобајл .

Приведени крадци во Битола

 Полициски службеници од СВР Битола вчера ги лишиле од слобода битолчаните К.Б.(30) и Н.Б.(41) поради тешки кражби.

- При претрес во домот на К.Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во различни апоени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Додека, при претрес во домот на Н.Б., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција

Четворица припадници на косовската полиција „се приведени во средата при контрола на административниот премин, а еден од нив е задржан“, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението се истакнува дека помеѓу приведените е изаменик-директор на косовската полиција, кој е задржан.

Тие се приведени при контрола на премините, поради безбедносни проверки, прецизира српското МВР.

Ди Каприо како Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе

Американскиот глумец Леонардо ди Каприо наводно ја добил улогата на Френк Синатра во новиот филм на режисерот Мартин Скорсезе.

Проектот е во рана претпродукција.

Улогата на Ава Гарднер, според првичните наводи, ќе ѝ припадне на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо глумеше на филмот „Не гледај нагоре“ (Don't Look Up) којшто беше номиниран за неколку „Оскари“.

притисни ентер