Избројте ги! Доколку на зглобот ги имате овие четири линии, вие сте посебна личност

Можеби не сте знаеле, но зглобот открива доста работи за вас кои не сте ги знаеле. Прочитајте за што станува збор.
Тајната на вашата иднина не се крие  директно на вашите зглобови. Благодарение на хиромантијата, се шот сакате да знаете се крие токму на ова место и овие линии.
Овие линии може да се најдат под дланките и ја означуваат должината на вашиот живот и силната семејна линија. Поголем број луѓе има три линии, а оние кои имаат повеќе среќа – четири. Но што секоја од нив означува?
Линиите на зглобовите откриваат се за долговечноста, здравјето и судбината или просперитетот на личноста.
-Првата линија (најблиска до дланката) е чиста, долга и непрекината е линија која го означува доброто здравје. Ако е со прекини и тенка тоа значи дека не водите доволно грижа за себе.
-Ако втората линија е без прекини може да очекувате финансиски просперитет.
-Ако третата линија е без прекини, тоа укажува на тоа дека ќе бидете влијателни и добро познати во вашата заедница.
-Ретката четврта линија типично е паралелна со третата и означува зголемување на вашата слава и почитта.
По ова обидете се и самите да ги проверите вашите зглобови и дознајте нешто за иднината која ве чека.

215 милиони долари обештетување за сексуално вознемирувани студентки

Универзитетот од Јужна Калифорнија објави дека е постигнат првичен договор да плати 215 милиони долари обештетување поради гинекологот , кој неколку години сексуално ги вознемирувал студентките.

Во соопштението потпишано од директорката на Универзитетот , Ванда Остин се наведува договорот подразбира обештетување од 2 500 до 250 000 долари на сите студентки кои тврделе дека гинекологот сексуално ги вознемирувал.

Голем број од сегашните и поранешните студентки  пријавиле дека гинекологот Џорџ Тиндал ги вознемирувал во периодот од 1988 до 2016 година.

Тиндал работел околу три децении на Универзитетот како гинеколог , пред пензионирањето минатата година, откако била покрената истрага поради докази за сексуално вознемирување за време на прегледите.

Гинекологот ги демантирал тврдењата.

Куче на сите начини се обидува да спаси девојче (ВИДЕО)

Хит на денот на социјалните мрежи е волчјакот Кајзер , кој на сите начини се обидува и конечно успеа да ја спаси својата сопственичка да не се удави.

Девојчето Бриа решила да направи мал тест за да види како ќе реагира нејзиниот волчјак . Скокнала во базенот и почнала да вика дека се дави. Кучето , кое ја видело својата преплашена сопственичка , иако не знаело дека станува збор за шега , сериозно почнало да ја спасува.

Веднаш скокна во базенот , ја повлече за косата и се обиде да и ја држи главата над вода. Шегата на Бриа направи видеото да стане глобален хит и пример за пожртвуваност.

Закани по живот за лажната Меланија Трамп (ФОТО)

Манекенката , која ја глумеше првата дама на САД во спотот на раперот ТиАј , се соочува со сериозни закани по живот.

Спотот на раперот , што ја разгневи Белата куќа, има продолжение. Манекенаката Мелани Марден , која во спотот ја глуми Меланија Трамп и танцува во Овалната соба додека претседателот е на пат , со денови добива заканувачки пораки .

Канаѓанката вели дека непознати лица и пишуваат дека треба да ја покосат со автомобил или да ја претепаат со безбол палки. Таа гола танцуваше во спотот на раперот , за што вели дека си ја вршела работата за која била платена .

,, Добив прилика да ја глумам сопругата на Доналд Трамп , гола , и прифатив . Тоа е се.” , изјави Мелани. Манекенката додава и дека Меланија нема причина да се налути , зашто не мислела ништо лошо со нејзиниот настап.

притисни ентер