Вежбајте 30 минути дневно три пати неделно и ќе се воодушевите од резултатите !(видео)

Јога е еден од омилените тренинзи на бројни луѓе ширум светот, а но и кај нас од ден на ден добива на актуелност.

Кога ќе видите како се може да ви помогне, веднаш ќе почнете да ја тренирате.
Зошто е добро да се занимавате со јога?
Затоа што го намалува стресот, го подобрува сонот, ги опушта мускулите, ве враќа во фокус и позитивно влијае на сексуалната умешност.
Што е потребно за вежбање јога?
*Волја и решителност да направите нешто добро за себе
*Три пати неделно по најмалку 30 минути, кога ќе и се посветите само на јогата
*не повеќе од два метри квадратни простор за вежбање
*простирка од било кој материјал
*удобна гардероба
*шише вода
Погледнете го видеото во кое е прикажан прв, почетен тренинг:

,,Запиши ме или пукам” – тинејџер и се закани со пиштол на професорка (ВИДЕО)

Видеото во кое тинејџер со пиштол и се заканува на професорка ја потресе целата франџуска јавност, реагираше и претседателот Макрон.

Француски тинејџер (15) е обвинет за насиле напад со предумисла откако во средното училиште во париското предградие Кретеј донел лажен пиштол и и го вперил на професорката.

Еден од неговите соученици го сними инцидентот и во четвртокот го објави на социјалните мрежи. Локалните медиуми известија дека тинејџерот изјавил се требало да биде шега и не знаел дека го снимаат.

Професорката во петокот го пријавила случајот, по што ученикот со татко му биле приведени во полиција. На видеото се гледа како тинејџерот и вика на професорката да го отвори дневникот и да запише дека е присутен на час , на што таа продолжува да работи на компјутерот и да им се обраќа на другите ученици.

Медиумите јавуваат дека ученикот се налутил зашто добил неоправдан изостанок иако само задоцнил на час.

Францускиот претседател Емануел Макрон потегот на ученикот го прогласил за неприфатлив.

Шкода ја претстави новата Fabiа Combi Scoutline (ФОТО)

Шкода ја претстави новата Фабија , наменета за потешки услови на возење.

Fabiа Combi Scoutline е најмал хечбек со сите елементи на возилата од серијата Scout. Возилот сепак нема погон на сите четири тркала, за сметка на погонските можности како и во моделот Fabiа Combi.

Станува збор за 1,0- литарски MPI атмосферец со  60 или 75 KS, како и  1,0-литарски  TSI турбо бензинец со 95 или 110 KS. 

Fabia Combi Scoutline има опциски пакети со ЛЕД предни и задни светла, како и системи за асистенција и возење како Auto Light, Blind Sport Detect и  Rear Traffic Alert.

По девет години , заврши изградбата на најдолгиот мост на светот (ВИДЕО)

Наскоро ќе биде отворен најдолгиот мост на светот , што ги спојува Хонг Конг и кинескиот остров Макао со континентална Кина.

Мостот е долг 55 километри и чини 20 милијарди долари. Градбата на мостот почна пред девет години и конечно ќе биде отворен во текот на оваа недела . Така , овој мост и официјално ќе стане најдолгиот мост на светот преку море.

На отворањето на мостот во среда ќе присуствува кинескиот претседател Си Џинпинг и првите луѓе на Хонг Конг и на Макао.

Мостот ќе поврзува 56 500 квадратни километри на југот на земјата и 11 градови во кои живеат 68 милиони луѓе. Сега од Хонг Конг до Макако се патува за три и пол часот , а преку мостот за само половина час.

притисни ентер