ВМРО-ДПМНЕ:Заев го деградираше правото и ја урниса правната држава

Зоран Заев е единствениот политичар во Европа, кој врши државна функција, а во исто време е обвинет за земање мито, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев .

Целата македонска јавност го виде видео записот, од кој се слуша како Заев бара поткуп во висина од 200.000 евра.
Граѓаните видоа и слушнаа како Заев барал поткуп од 1 евро по метар квадратен за легализација на градежно земјиште, по едно за Вицето, партија и црквата. Граѓаните го слушнаа Заев кој вели дека начинот преку поткуп да се легализира градежно земјиште е редовен начин на работа.
Заев го деградираше правото и ја урниса правната држава. Заев од судот направи фарса и средство за потсмев. Додека рочиштата за политичките неистомисленици на Заев се закажуваат во континуитет, Заев прави пародија од судството.
Граѓаните слушнаа како со нивни пари се распишуваат 320 милионски тендери со ограничувачки критериуми само за една фирма, блиска до врвот на власта.
Институциите молчат и не постапуваат. Правосудството е во грч. Ова безаконие мора да запре. За секое незаконско дејствие мора да има одговорност, без разлика за кого се работи. Граѓаните очекуваат правдата да важи за сите. Ова незаконие мора да запре, се наведува во реакцијата.

Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци

 Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, соопшти денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (СЕКО).

Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.

Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е помала отколку на крајот на 2022 година, кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци.

„Вредноста на финансиските средства замрзнати во врска со санкциите против Русија изнесуваше 5,8 милијарди швајцарски франци на 31 декември 2023 година. Ова е за 1,7 милијарди швајцарски франци помалку од бројката пријавена за декември 2022 година. Покрај тоа, сега се блокирани 17 имоти во 7 кантони“ се вели во соопштението на СЕКО. /МИА

Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела

Хрватскиот министер за одбрана, Иван Анушиќ, денеска соопшти дека неделава во Хрватска ќе пристигнат првите шест од вкупно 12-те купени борбени авиони „Рафал“.

„Со историски прелет од Бордо до Загреб, пилотите на хрватското воено воздухопловство, кои беа обучени Франција, в четврток ќе ги донесат моќните ловци и нови заштитници на хрватскиот воздушен простор“, напиша Анушиќ на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека модернизацијата на воздушната флота е најголемата инвестиција на Владата и Министерството за одбрана во безбедноста на државата.

Во 2021 година Хрватска потпиша договор со Франција за купување на 12 половни француски борбени авиони „Рафал“ во вредност од 999 милиони евра.

Првиот авион беше преземен во октомври минатата година во француската воена база во Мон де Марсан.

Во Франција на обука беа испратени околу 90 членови на техничкиот и летечкиот персонал. /МИА

Рикен нов генерален директор на Борусија Дортмунд

 Поранешниот германски фудбалер Ларс Рикен (47) е назначен за нов генерален директор на Борусија Дортмунд, соопшти бундеслигашот

Рикен речиси целата своја играчка кариера ја помина во Борусија Дортмунд, а од 2001 година е на чело на клупскиот тренинг центар. На новата должност ќе стапи на 1 мај.

Рикен доаѓа на местото на Ханс-Јоаким Вацке, кој претходно оваа сезона најави дека ќе се пензионира на крајот од сезоната.

„Уверен сум дека со неверојатната сила на овој клуб ќе оствариме големи победи“, порача Рикен.

Борусија Дортмунд во моментов е петтопласирана во Бундеслигата, а на почетокот на мај ќе игра против Пари Сен Жермен во полуфиналето од Лигата на шампионите. /МИА

притисни ентер